Историја

Македонските олимписки игри во Дион

Olipmiski igri

Olipmiski igri

Кога зборуваме за античка Македонија, често се потпираме на грчките извори кои ја интерпретираат историјата преку призмата на јужните полиси. Но вистинската приказна за Македонците е многу понијансирана и покажува дека културниот и политичкиот идентитет на Македонија бил уникатен и автономен.

Во периодот од 8–4 век пр.н.е., просторот што денес го нарекуваме Грција бил составен од независни градови-држави (полиси), како:

  • Атина
  • Спарта
  • Коринт
  • Теба

Суштинска разлика меѓу полиси и држава:

Полис

Македонија

Град-држава

Територијална монархија

Колективна политичка култура 

Централизирана власт

Локален патриотизам

Државен/династички континуитет

Ограничена експанзија

Империјална експанзија

Иако грчките историчари често тврдат дека Александар Први учествувал на Олимписките игри како „Хелен“, современите истражувања ја оспоруваат оваа теза.

Постојат сомнежи за неговата возраст и за тоа дали навистина е забележан како победник, а учеството можело да биде дозволено само со посебен почест, титулата „проксен“, што го квалификува како пријател на Атина, а не како етнички Хелен.

Обичните Македонци не се појавуваат на Олимписките игри се до времето на Александар III. Неговото учество, и учеството на неговите војници, било резултат на политичка и воена моќ, а не доказ за културна или етничка интеграција во јужните полиси.

Воспоставени или обновени од кралот Архелај, тие се сметаат за постари и независни од јужните игри.

Во Дион се одржувале фестивали посветени на Зевс уште пред времето на Архелај, што покажува дека Македонија имала сопствен културен и религиозен живот.

Македонските олимписки игри биле значаен религиозен и спортски настан што се одржувал во античкиот град Дион, кој се наоѓал во подножјето на планината Олимп. Дион бил свето место на античките Македонци, посветено на врховниот бог Зевс.

Игрите ги востановил македонскиот крал Архелај I во V век п.н.е. Тие се одржувале во чест на Зевс и траеле неколку дена, комбинирајќи спортски натпревари и културни манифестации.

Подоцна, традицијата ја продолжиле и други македонски владетели, меѓу кои и Филип II и неговиот син Александар III Македонски, кои преку овие игри ја истакнувале моќта и единството на македонската држава.

Во рамките на игрите се одржувале:

  • атлетски дисциплини (трчање, борење, фрлање копје и диск),
  • коњички трки,
  • музички и драмски натпревари,
  • поетски рецитации и театарски претстави.

Овие игри биле слични на панхеленските игри во Олимпија, но имале посебно значење за македонскиот народ и неговиот идентитет.

Македонските олимписки игри во Дион не биле само спортски настан, туку и важен религиозен фестивал. Присуството на уметници, поети и спортисти од различни краишта на Македонија придонесувало за културен развој и зацврстување на политичките врски.

Денес археолошките остатоци за Македонските олимписки игри во Дион сведочат за богатата традиција на овие игри и за значењето што го имале во античката македонска историја.

МН

Најново од: Историја

Годишнина од Гавгамела: Решавачката битка што го отвори патот кон Александаровото Царство

На 1 октомври 331 година пред нашата ера, Александар Велики ја победил војската на персискиот цар Дариј III кај Гавгамела. Победата претставувала решавачки пресврт во освојувањето на Персиското Царство и во создавањето на неговата огромна империја. Битката кај Гавгамела останала запаметена како една од најзначајните воени победи во античката историја. Соочен со побројна противничка војска, […]

Александар Трети Македонски освојува голем дел од Мала Азија

Од победата кај Граник до походот кон Киликија: освојувањата, легендата за Гордиевиот јазол и опасната болест што го запрела неговото напредување. Во првата година од војната Александар Македонски постигнал големи успеси. По победата кај Граник, голем дел од Мала Азија, сè до реката Сангар, паднал под негова власт. Персиската флота ги изгубила пристаништата на тој […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

Под каков идентитет се земаа и се иселуваа македонските деца?

Едно од најзначајните прашања со кои се запознав при истражувањето на чедособирството, а на кое не му е дадено соодветно внимание, е разликата во ставовите меѓу славофонските и грчкофоните села во северна Грција. Извештајот на УНСЦОБ известуваше за расположението на селаните во славофонските области и реони: тие, воопшто земено, биле многу подготвени да им дозволат […]

Крушоради, 1902: последната борба на војводата Дине Кљусов

На 28 септември 1902 година, по целодневна борба во Крушоради, Леринско, загинале војводата Дине Кљусов и тројца негови соборци. Нивната чета била предадена и опколена од османлиската војска. Дине Кљусов бил еден од револуционерите што дејствувале во четата на Марко Лерински. Во 1902 година Леринско било погодено од потери, предавства и вооружени судири. Кљусов учествувал […]

Востанието се проширува во Серскиот округ

Илинденското востание не завршило со падот на Крушевската Република. На 27 септември 1903 година, на Крстовден, започнале планираните востанички дејства во Серскиот револуционерен округ. Во летото 1903 година, додека во Битолско веќе се воделе жестоки борби, револуционерите во Серскиот округ се подготвувале за дејствување. На конгресот одржан во Пирин било решено востанието таму да започне […]

Драмското востание во 1941 година: отпор и трагедија во Егејска Македонија

Во ноќта меѓу 28 и 29 септември 1941 година, востаници во Драмско се кренале против бугарската окупациска власт. Востанието траело кратко, но репресалиите што следувале оставиле длабока рана во источниот дел на Егејска Македонија. По окупацијата во 1941 година, населението во Драмско живеело под воена и полициска контрола. Во такви околности бил организиран вооружен отпор, […]

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Најнови вести

To top