На прво место

Мицкоски: Не го негираме сработеното, сакаме да изградиме уште повеќе

Премиерот порача дека реконструкцијата на Владата не е казна, туку продолжување на политиката на резултати, при што им се заблагодари на министрите за нивниот придонес и најави нова фаза во реализацијата на владината програма.

Премиерот Христијан Мицкоски, обраќајќи се на 112. седница на Собранието посветена на реконструкцијата на Владата, истакна дека функцијата никогаш не смее да биде цел сама по себе, туку средство за служење на граѓаните и државата.

Тој нагласи дека предложените кадровски промени не претставуваат негирање на досегашната работа, туку чекор кон нова етапа во која ќе се гради врз веќе постигнатите резултати.

„Од првиот ден кажав дека ова нема да биде Влада на комфор, туку Влада на резултати. Функцијата не е стекнато право, туку обврска што секој ден повторно мора да се заслужува“, истакна Мицкоски.

Премиерот им се заблагодари на министрите кои заминуваат од функциите, оценувајќи дека тие чесно, одговорно и посветено работеле во изминатиот период.

За министерот за култура и туризам Зоран Љутков рече дека успеал да го стабилизира ресорот, кој бил оптоварен со наследени долгови и недоволно средства. Посочи дека буџетот за култура е зголемен од 768 милиони денари во 2023 година на повеќе од 1,07 милијарди денари во 2026 година, додека буџетот за туризам е зголемен од 58 на 187 милиони денари. Дополнително, исплатени се наследени долгови од 273 милиони денари, а обезбедени се уште 149 милиони денари за програмски активности и поддршка на културните институции.

Осврнувајќи се на работата на министерот за земјоделство Цветан Трипуновски, Мицкоски нагласи дека за две години биле исплатени повеќе од 15 милијарди денари директна финансиска поддршка за земјоделците, со што, како што рече, Владата повторно станала партнер на македонските земјоделци.

За Министерството за правда посочи дека во мандатот на Игор Филков биле подготвени 33 реформски законски решенија, оценувајќи дека реформите во правосудството се темел за враќање на довербата во институциите.

Благодарност упати и до министерот за здравство Азир Алиу, како и до министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани, нагласувајќи дека нивниот ангажман претставува значаен придонес во работата на Владата.

Мицкоски порача дека во неговата Влада никој не се вреднува според тоа дали останал или си заминал од функцијата, туку според резултатите што ги оставил зад себе.

Во обраќањето упати и критики кон опозицијата, оценувајќи дека Владата наследила разнишани институции, нарушени јавни финансии, закочени капитални проекти и изгубена доверба кај граѓаните.

„Во вашето време националните интереси премногу често беа ставани во втор план. Донесувавте одлуки за кои голем дел од граѓаните сметаа дека се спротивни на националното достоинство и идентитет. Промената на уставното име на државата останува една од најконтроверзните политички одлуки во поновата историја. Ние не сме тука за да го менуваме минатото, туку да не дозволиме тоа никогаш повеќе да се повтори“, рече премиерот.

Тој додаде дека Владата работи на враќање на довербата во институциите, стабилизирање на економијата и инвестиции во земјоделството, културата, здравството, инфраструктурата и локалниот развој.

„Верувам дека Македонија заслужува повеќе. Заслужува силна, достоинствена и успешна држава која својата иднина ќе ја гради со работа, чесност и одговорност. Тоа е Македонијата за која работиме и која ќе ја направиме посилна отколку што ја затекнавме“, порача Мицкоски.

На денешната седница Собранието расправа за разрешување и избор на повеќе министри во рамките на реконструкцијата на Владата. Според предлозите, Јетон Шасивари треба да го преземе Министерството за правда, Сашо Клековски е предложен за министер за здравство, Борче Серафимовски за министер за земјоделство, Ѓоко Велковски за министер за социјална политика, демографија и млади, Седат Сулејмани за министер за култура и туризам, Агон Ферати за министер за односи меѓу заедниците, додека Иван Стоилковиќ е предложен за министер за локална самоуправа.

Најново од: На прво место

„Патување кон корените“ – манифестација посветена на децата прогонети од Егејска Македонија

На 23 септември во 18.30 часот, во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија (ФХЕМ) во Скопје, ќе се одржи културно-меморијалната манифестација „Патување кон корените“, посветена на трагичните судбини на децата прогонети од Егејска Македонија. Во рамките на манифестацијата ќе бидат прикажани документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“ на Петро Алексовски, Македонец кој […]

Македонски историски календар: 12 септември

На 12 септември 1924 година, само десетина дена по убиството на Тодор Александров, во Горна Џумаја, денешен Благоевград во Пиринска Македонија, започнале драматични пресметки во редовите на ВМРО. Убиството на Тодор Александров на 31 август 1924 година предизвикало голема организациска и политичка криза. Истакнати дејци на Организацијата договориле средба во Горна Џумаја на 12 септември, […]

Стојанчо Радичевски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Брвеница

ВМРО-ДПМНЕ оди на убедлива победа – за подобра, поразвиена и успешна Брвеница! ВМРО-ДПМНЕ го избра Стојанчо Радичевски за кандидат за градоначалник на Општина Брвеница на претстојните вонредни локални избори. Од партијата очекуваат обединување и широка поддршка за кандидатурата, со порака дека Брвеница заслужува чесно, одговорно и посветено раководење. На редовна седница на Извршниот комитет на […]

Има ли крај на седумгодишното недомаќинско работење на владата на СДС и ДУИ?

Извештајот на Државниот завод за ревизија за железничкиот Коридор 8 повторно го отвора прашањето: колкава е сметката што Македонија ја плаќа за пропустите, доцнењата, неправилностите и недомаќинското управување со јавните пари во седумгодишното владеење на СДС и ДУИ? Пратеникот Бојан Велјановски посочи дека Државниот завод за ревизија утврдил дека првата и втората фаза од железничкиот […]

Македонски историски календар: 11 септември

1903 – Борба на македонските востаници на планината Плавица На 11 септември 1903 година, во времето на Илинденското востание, на планината Плавица во Кратовско се водела жестока еднодневна борба меѓу здружените чети на македонските војводи Славчо Ковачев и Атанас Бабата и бројната османлиска војска. Македонските револуционери, иако послабо вооружени и многубројно надминати, храбро ги бранеле […]

Се потврди дека нема незаконитост во прославата: Филипче и СДС да се извинат за лагите

По објавувањето на информациите за организацијата и финансирањето на прославата на 35-годишнината од независноста на Македонија, не беа презентирани докази за незаконско постапување. Наместо сензации и политички конструкции, јавноста доби конкретни податоци. СДС и нивниот претседател Венко Филипче со денови се обидуваа да создадат сомнеж околу прославата на 35 години од независноста на Македонија. Се […]

Потресни сведоштва за теророт врз Македонците во Егејскиот дел на Македонија

Книгата „Меѓу партизаните на Маркос“ од Оскар Давичо открива сведоштва за прогоните, злосторствата и масакрите извршени врз Македонците за време на Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година Пишува: Трајче Димков На одбележувањето на Денот на независноста на Македонија и годишнината од крајот на Граѓанската војна во Грција, во Штип беше промовирано најновото […]

Македонија одбележа 35 години независност, а граѓаните за тоа платија нула денари

Премиерот Христијан Мицкоски откри колку средства од државниот буџет биле потрошени за едномесечната програма по повод 35-годишнината од независноста на Македонија. Од настапот на Стив Аоки, преку музичките програми и настапите во повеќе градови низ земјата, па сè до завршниот концерт на Дејвид Гета во Скопје – Македонија одбележа 35 години независност, а граѓаните за […]

To top