Историја

Сведоштво за два века асимилација на македонскиот народ

Процесот на асимилација во Македонија започнува со укинувањето на Охридската архиепископија во 1766 година во Охрид, која била духовен центар на Македонија

На семејната гробница на семејството Цветковски се појавуваат различни облици на истото презиме: Цветковиќ, Цветковски и Цветковска. Првиот на списокот, војводата Ѓорѓе, носи српски облик на презимето на „иќ“, а умрел во 1905 година, седум години пред српската анексија во 1912 година.

Како е тоа можно?

Одговорот открива еден важен историски факт дека процесот на асимилација на македонскиот народ не започнал во 1912 година, туку многу порано, кога дошло до укинување на нивните институции.

Важно е да се нагласи дека под поимот Македонија во овој текст не се подразбира само територијата на денешна Македонија. Историска Македонија претставувала поширок географски и културен простор кој опфаќал три области: Вардарска Македонија, која денес во најголем дел ја сочинува Македонија, Егејска Македонија, која по Балканските војни влегла во состав на Грција, и Пиринска Македонија, која ѝ припаднала на Бугарија, кога Македонците биле разделени со државни граници.

Процесот на асимилација започнува со укинувањето на Охридската архиепископија во 1766 година во Охрид, која била духовен центар на Македонија.

Грчки свештеници биле поставени на чело на македонските епархии, богослужбата постепено преминувала на грчки јазик, а матичните книги на крштевки, венчавки и погреби почнале да се водат на грчки.

Со еден потег Македонците останале без сопствена црква, а црквата во тоа време претставувала центар на образованието, културата, писменоста и колективниот идентитет.

Без сопствена црква Македонците немале:

  • институција која би финансирала и организирала училишта на македонски јазик,

  • јазичен стандард кој би се развивал преку црковната и книжевната традиција,

  • културен центар кој би го чувал и развивал македонскиот идентитет,

  • матични книги водени на сопствен јазик.

Додека Грците, Србите и Бугарите имале свои цркви и патријаршии кои финансирале училишта, печателе книги и организирале културен живот, Македонците останале без институционална заштита и биле препуштени на туѓи установи и туѓи толкувања на нивното потекло.

Во тој институционален вакуум кој траел со децении, дејствувале три конкурентски национални проекти, од кои секој настојувал да докаже дека Македонците всушност се дел од неговиот народ.

Покрај погрчувањето, Бугарската егзархија исто така почнала забрзано да шири мрежа на бугарски училишта и свештеници и да ги менува презимињата.

Србија од седумдесеттите години на 19 век исто така отворала српски училишта и испраќала српски учители и свештеници. Еден од најпознатите претставници на таа политика бил и фалсификаторот Милош С. Милоевиќ, кој на бугарската и грчката пропаганда одговарал со српска пропаганда, а одделни македонски народни песни што ги собирал ги менувал и им додавал зборови за да звучат повеќе српски, и поради тоа бил обвинет од рускиот конзул во Призрен.

До 1912 година на просторот на Вардарска Македонија работеле повеќе стотици српски основни училишта и неколку гимназии. Презимињата на Македонците биле менувани на иќ.

Во тоа време единствените официјални евиденции за раѓања, венчавки и смрт ги воделе црквите. Оној што ги водел црковните книги одредувал како името и презимето ќе бидат запишани во службените документи.

Ако во селото служел српски свештеник, презиме како Цветковски можело да биде запишано како Цветковиќ.

Ако служел бугарски свештеник, можело да биде запишано како Цветков.

Ако служел грчки свештеник, било приспособувано на грчкиот образец.

По српската анексија на Вардарска Македонија во 1912 година, новата администрација го вовела српскиот јазик како единствен службен јазик во училиштата, судовите и државната управа.

Преку таков административен систем многу македонски презимиња што завршувале на „-ски“ биле препишувани во облик на „-иќ“. За постоењето на таква практика зборувал и српскиот историчар Милисав Самарџиќ, наведувајќи дека промените на презимињата биле вршени со административни декрети на Кралството Србија.

https://www.facebook.com/probi.svet.1/posts/pfbid0fnCU7sp9RNKESs4fQ5hWo8htNqJS8PyceWRrSwPxwpPSQ7rmSdue6qqm1S1oYrbUl

По 1944 година, кога во рамките на Југославија било признаено постоењето на македонската нација и бил стандардизиран македонскиот јазик, оној што сакал го вратил македонскиот облик на презимето.

Да беа Македонците навистина Срби, Бугари или Грци, немаше да постои потреба од повеќедецениски училишни, црковни и административни кампањи со кои се настојувало да се промени нивното национално определување и обликот на нивните презимиња.

Оваа семејна гробница претставува сведоштво за долгиот процес на политички, црковни и административни притисоци на кои македонскиот народ бил изложен во текот на последните два века.

Слика горе: Српски учебник по географија за средни училишта, 1871 година. Автор – воен географ, полковник Јован Драгашевиќ.

Текст на сликата: „Македонците се најстарите Словени на ова илирско трополе, а можеби и во Европа, и преку нив поминувале и владееле сите народи што во текот на многу време, или еден покрај друг, или еден по друг, престојувале во овие земји. Тие денес ја зафаќаат речиси целата обала на Белото Море, и на исток се мешаат со Бугарите во Тракијците“.

Да се потсетиме!

За сите оние кои се сомневаат дека Кралството Србија ги смени имињата на Македонците по Балканските војни од 1912 година, еве ја изјавата на српскиот историчар Милосав Самарџиќ дека презимињата се променети

„Милосрдно: … Им ги вративме презимето на ИК во 1912 година. Бидејќи тие се различни презимиња за СКИ и ОВ … но во Кралството Србија сите презимиња се на ИК… мислам… под сила на законот… е вклучено

Водител: ама велат дека насилно се србизирани…

Милосав: па… Исусе… под сила на законот… се смени… Декретот беше…

https://www.facebook.com/watch/?v=1381944389292350

Познат српски историчар признава присилно менување на македонските презимиња по 1912 година

Познатиот српски историчар Милосав Самарџиќ, познат како човек кој со години го истражува четничкото движење и современата српска историја и кој ја покрена рехабилитацијата на Дража Михајловиќ и објави неколку десетици книги на таа тема, во интервју за еден јутјуб-портал изнесува факт кој во Србија е малку познат и од некои кругови скриван, дека властите во 1912 година, по заземањето на Вардарска Македонија, присилно ги менувале македонските презимиња од СКИ во ИЌ.

Иако нема формално историско образование, поради повеќедецениското изучување на историјата, особено во десно ориентираните кругови, Самарџиќ се смета како сериозен историчар и како еден од најсериозните познавачи на современата српска историја.

Меѓутоа, во своето интервју овој автор зборува неаргументирано, со многу историски грешки:

  • Тврди дека Куманово било дел од „Моравската бановина“ во СХС/Југославија, а тоа никогаш не било;

  • Тврди дека песната „Спрем’те се четници“ е од Македонија, а таа е напишана во Белград на јазик кој требало да личи на македонски, но сепак нема врска со македонскиот.

Меѓутоа, причината поради која го објавуваме овој дел од интервјуто е тоа што тој, сепак, признава дека на Македонците „насилно им биле променети презимињата во -ИЌ, со ДЕКРЕТ“ и тоа јавно го признава!

Новинарот што го интервјуирал не верувал што слуша, очигледно шокиран, бидејќи поради големото влијание на пропагандата многумина во Србија мислат дека македонските презимиња на СКИ биле воведени присилно по Втората светска војна, што е целосна невистина.

Порано или подоцна, вистината излегува на виделина! Драго ни е што вистината за Македонците полека доаѓа и во Србија и што пропагандата од минатите времиња полека, но сигурно, ја губи „историската почва“ под нозете.

Само со почитување на историските вистини кои јасно сведочат за Македонците како посебен народ со векови наназад, односите меѓу двата народа можат да бидат братски и добри, што е наша желба!

Најново од: Историја

Филип Втори Македонски – големиот војсководец, државник и дипломат

Креаторот на македонската фаланга ги постави темелите на моќната Македонска империја и на големите освојувања на Александар Македонски. Олимпија-Филип За да се создаде вистинска историска слика за Филип Втори Македонски, неопходно е неговото владеење да се разгледува ослободено од атинското, а особено од Демостеновото гледиште. Современите историски истражувања, следејќи го примерот на Јохан Густав Драјзен, […]

Македонското име надвор од границите на Македонија – сведоштва од XV до XVIII век

Од Јулије Кловиќ и Божидар Вуковиќ до Петар Богдани и преписите на Душановиот законик – историски записи за широката употреба на имињата „Македонија“ и „Македонци“ на Балканот Во книгата „Македонци – милениумски сведоштва за идентитетското име“, авторот Бранислав Светозаревиќ-Покорни посочува повеќе примери од XV до XVIII век во кои македонското име се среќава и кај […]

Австралиски документ од 1934 година: Подносителот е Македонец

Овој документ потекнува од Истражната служба на Комонвелтот на Австралија и е датиран 1 ноември 1934 година. Станува збор за службена преписка поврзана со постапката за натурализација на Атанас Васил Делианис. Неговата историска вредност е во тоа што австралиските власти службено забележале дека подносителот на барањето е Македонец, како и неговото објаснување дека Македонците под […]

Документ е сопственост на Владата на Неговото Британско Величество

Документ е сопственост на Владата на Неговото Британско Величество Бр. 8 – АРХИВИ ЈУГОИСТОЧНА ЕВРОПА ДОВЕРЛИВО Архивска ознака: C 5022/101/92 Бр. 1 26 април 1926 година Оддел 3 Г. Кенард до сер Остин Чембрлен Примено на 26 април Бр. 154 Белград, 21 април 1926 година Господине, Имам чест во прилог да Ви доставам копија од […]

18 јули 1967 – денот кога беше прогласена автокефалноста на Македонската православна црква

На Третиот црковно-народен собор во Охрид беше донесена историската одлука со која МПЦ се прогласи за автокефална црква и наследничка на обновената Охридска архиепископија На 18 јули 1967 година, во древниот Охрид, Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква ја донесе историската одлука за прогласување на нејзината автокефалност. Одлуката била донесена во храмот „Пресвета Богородица […]

Елините и Македонците – „варварите“ што ја сменија светската историја

Според Улрих Вилкен, античките Македонци не биле периферија на елинскиот свет, туку посебна, воинствена и самосвесна нација, која под Филип Втори и Александар Трети Македонски израснала во сила што го преобразила тогашниот свет. Кога се зборува за Александар Трети Македонски и неговото место во светската историја, не може да се заобиколи прашањето за односот меѓу […]

1903: Бугарија против Илинденското востание – мобилизирала војска за да го запре преминувањето на четите во Македонија

Овој Австриски документ директно ја побива тезата дека Илинденското востание од 1903 година било „илинденско-преображенско“ и „бугарско востание“, бидејќи документот од 1903 година јасно го именува како востание во Македонија, додека Бугарија преземала мерки да го спречи преминувањето на четите кон Македонија. Австралискиот весник „Leader“ на 1 септември 1903 година објавил дека Бугарија мобилизирала резервни […]

Србски документ од 1887 година: „Македонците се засебен народ со засебна историја, нарави и обичаи“

Архивскиот документ зборува за барање да се дозволи издавање на весник „Македонски глас“, кој требало да биде глас на македонското население и да ја претстави пред светот неговата посебност. Во јавноста повторно се појави значаен историски документ од 1887 година, во кој јасно се зборува за Македонците како за засебен народ, со своја историја, свои […]

To top