Култура и туризам

Воведување на Пресвета Богородица во храмот

Славе Катин

Дел од монографијата за манастирот „Света Богородица“ во Сливница од д-р Вера Стојчевска-Антиќ и Славе Николовски-Катин

Сите присутни се зачудиле. Малата Марија била оставена, како и другите девици да живее во храмот. Таа се откажала од родителите и му се посветила на Бога. Татко ù Јоаким починал на 80 години. Ана останала сама и се преселила од Назарет во Ерусалим. Се населила во куќа близу до ќерка си. Постојано се молела во храмот сé до својата смрт.

Во нежна возраст Марија била ветена да ја претрпи жалоста на сиромашните и, како последица, со блажена радост го прифатила долгот да го лекува сиромаштвото на сите осамени, напуштени луѓе, да стане мајка утешителка и заштитница на сите сираци.

Затоа на секоја богослужба се прославува пресветата дева Марија, која се удостои да биде Мајка на нашиот спасител Господ Исус Христос. Се споменуваат со почит и нејзините родители Јоаким и Ана.

На празникот Раѓање на Богородица се пеат повеќе црковни песни, меѓу кои и тропарот:

„Раѓањето твое, Богородице Дево, му донесе радост на целиот свет, зашто од Тебе изгреа Сонцето на правдата – Христос, нашиот Бог, којшто ја разврза клетвата, даде благослов и ја уништи смртта, ни подари вечен живот.”

Кога дева Марија навршила 3 години, праведните родители го извршиле ветувањето му го дале на Бога пред нејзиното раѓање. Затоа тие свечено ја довеле својата ќерка во Ерусалимскиот храм и му ја посветиле на Бога.

Древните отци на Црквата, кога го пеат Воведението на Богородица, со свештени песни, раскажуваат како Јоаким и Ана ги собрале своите роднини и пријатели, а млади девојки со свеќи во рацете чекореле пред ветената девојка, a no нив родителите ја воделе пречистата Дева до Ерусалимскиот храм.

Првосвештеникот со свештениците ги пресретнале со црковни песни. Светиот Герман, цариградскиот патријарх, испишал вакви стихови излезени од устата на Ана: „My го принесувам на Господа мојот дар, произнесен со жалост од мојата уста. Затоа собрав свештеници и роднини и им кажувам: Радувајте се со мене! Јас се јавувам пред вас како мајка и ја доведов мојата ќерка не за земен дар, туку за Бога, за Небесниот Цар!”

Светата Дева била поставена на првото стапало пред влезот на храмот и, за чудо на сите присутни, без ничија помош, таа се искачила до 15-то скалило и застанала најгоре. Првосвештеникот Захарија ја вовел пречистата девојка во „Светата на светите”, каде што првосвештеникот влегувал еднаш годишно. Праведните родители му принеле дарови и жртви на Бога и откако добиле благослов од свештениците се вратиле со роднините во Назарет.

Светата дева Марија живеела во храмот. Таму живееле млади девојки посветени на Бo­ra, исто така и вдовици кои служеле во храмот, слично на пророчицата Ана (Лука, 2,36-38). Таму живееле странци и дојденци. Кон нив се придружила и Ана, мајката на дева Марија. Но, таа поживеела кратко време со ќерка си. Набргу по смртта на мажот и таа умрела.

Светата Дева ја воспитувале повозрасни девојки, вични во Светото писмо и во рачните изработки. Таа била многу вредна, се молела, го читала Светото писмо. Таа се подготвувала за своето идно место. Црквата ја нарекувала „прекрасна зора” од која изгреало Сонцето на правдата.

Кога Пречистата стигнала на возраст кога девојките при храмот се враќале дома да се омажат, свештениците посакале и таа да го направи истото. Пресветата Дева им ја открила својата желба дека сака да му се посвети на Бога и дека не сака да стапи во брак. Тогаш тие ја свршиле за престарениот Јосиф, роднина на нејзините родители. Тој станал покровител на Пречистата и ја почитувал пораката што таа му ја пренела на Бога.

Најново од: Култура и туризам

Охридските црковни реликвии однесени за време на бугарската окупација

Во текот на Првата светска војна од Охрид биле изнесени значајни црковни старини, ракописи и богослужбени предмети. Меѓу нив се споменуваат митрата на охридските архиепископи и архијерејскиот жезол. По Букурешкиот мировен договор од 1913 година, Македонија била поделена меѓу соседните држави, а Вардарскиот дел потпаднал под власта на Кралството Србија. Само две години подоцна, во […]

Света преподобномаченичка Параскева – Света Петка Летна

8 август / 26 јули Култот кон Света Петка кај македонскиот народ е широко распространет. Таа се смета за заштитничка од разни несреќи и болести, а со нејзиното име се поврзуваат повеќе чудотворни икони и лековити извори, познати како „петочни води“. Во православниот календар се споменуваат три светителки со името Параскева – Петка, поради што […]

Писмо и текст на македонски јазик стари 2.200 години

Македонските истражувачи Томе Бошевски и Аристотел Тентов понудија поинакво толкување на средниот текст на Каменот од Розета, тврдејќи дека е напишан на јазикот на античките Македонци Текст на египетски камен во местото Розета е дешифриран како антички македонски напис, тврдат македонските научници академик Томе Бошевски и проф. Аристотел Тентов од Електротехничкиот факултет, по неколкугодишни истражувања. […]

„СВЕТОТ ЦРТА – ВЕЛЕС ИЗЛОЖУВА“: РЕКОРДЕН БРОЈ НА ДЕЛА НА МЕЃУНАРОДНИОТ СТРИП КОНКУРС

Томе Трајков ВЕЛЕС, август 2026 – Велес уште еднаш докажува дека е значаен фактор  на меѓународниот  стрип. Најновото издание на Меѓународниот стрип салон и традиционалната Стрип колонија, организирани од Стрип центарот на Македонија (СЦМ-Велес), започнува во знак на историски успеси – голем бран на пријавени дела на меѓународниот конкурс. Притоа, велешкиот стрип Салон јасно го […]

Свети пророк Илија – пророкот кој го пали и гаси небото и земјата

Во народното верување Свети Илија е господар на летните грмотевици, молњите и дождовите, а Илинден во македонската народна свест е истовремено голем христијански и национален празник. Македонската православна црква – Охридска архиепископија на 2 август, односно на 20 јули според стариот календар, го празнува Светиот пророк Илија – Илинден. Свети Илија е еден од најголемите […]

Илинденско послание на Архиепископот г.г. Стефан и Светиот архијерејски синод на МПЦ–ОА

Македонија постоела и постои и живее во срцата на своите чеда, а слободата е плод на духовната зрелост и жртвата на нашите предци, се истакнува во Илинденското послание за 2026 година † СТЕФАН,ПО МИЛОСТА БОЖЈА,АРХИЕПИСКОП ОХРИДСКИ И МАКЕДОНСКИ,ЗАЕДНО СО СВЕТИОТ АРХИЈЕРЕЈСКИ СИНОД,ПО ПОВОД ИЛИНДЕНСКИТЕ ПРАЗНУВАЊА,ИСПРАЌА МИР И БЛАГОСЛОВ ОД БОГАДО СВЕШТЕНОСЛУЖИТЕЛИТЕ,ДО МОНАШТВОТО И ДО СИТЕ […]

Пресвета Богородица и нејзините празници – раѓање на Дева Марија (8 септември)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА ЗА МАНАСТИРОТ „СВЕТА БОГОРОДИЦА“ ВО СЛИВНИЦА ОД Д-Р ВЕРА СТОЈЧЕВСКА-АНТИЌ И СЛАВЕ НИКОЛОВСКИ-КАТИН На три дена пат од Ерусалим се наоѓал малиот град Назарет. Таму живееле праведните Јоаким и Ана, наречени од Светата Црква „богоотци”. Јоаким потекнувал од Давидовиот род, а света Ана од родот на Аарон. Биле многу дарежливи, милосрдни. За […]

Саса кај Македонска Каменица.

Како саксонските рудари го оставиле своето име во Македонија Малку се местата во Македонија чие име толку јасно ја открива врската со едно значајно историско поглавје како што е случајот со Саса кај Македонска Каменица. Денес, кога се споменува Саса, најчесто се мисли на еден од најголемите рудници за олово и цинк во државата. Но […]

To top