На прво место Историја

Големиот син на Македонскиот народ — Методија Андоновски-Ченто

Најсаканиот водач и револуционер во Народноослободителната војна на македонскиот народ во Вардарска Македонија беше Ченто.

 

Методија Андоновски-Ченто беше и остана во срцата на сите македонски патриоти.

Во нашиов прилог сакаме на нашите читатели накусо да им ја претставиме вистината за идеалот на Ченто, бидејќи денес скопските слуги на секој начин се обидуваат да ја прикријат вистината и да го претстават во сосема поинаква слика, напиша Драган Богдановски во текстот објавен во „Македонска нација“, бр. 63, стр. 4. 1974?

Најнапред ќе напомниме дека по завршувањето на Втората светска војна, Ченто стана претседател на АСНОМ и првиот претседател на Македонската република која се роди во крвавата антифашистичка војна.

Целиот свој живот тој го посвети во борбата за правата на македонскиот народ. Тој се бореше и страдаше заедно со народот и како таков често беше прогонуван и затворан уште во времето на бившата големосрпска Југославија.

Ченто беше еден од организаторите на МАНАПО (Македонско национално движење). Под бугарска окупација тој нарами пушка и излезе во планини да се бори против новите национални потиснувачи на македонскиот народ — Бугарите.

И кога на Илинден 1944 година во манастирот «Свети Прохор Пчински» се одржа Првото заседание на АСНОМ немаше популарен и поавторитетен човек од него во целата Вардарска Македонија.

Затоа историското Собрание еднодушно го избра за свој претседател наспротив протестите што ги даваше против неговото избирање делегатот на Тито во Македонија Светозар Вукмановиќ-Темпо.

Ченто беше избран за претседател на македонската национална држава која се роди во крвавата антифашистичка војна. Македонскиот народ избра еден искрен патриот и чесен човек.

Раѓањето на македонската национална државност е нераздвојно сврзано со неговата личност. Тогаш цела Македонија знаеше за својот Ченто, во неговото лице македонскиот народ гледаше нов Гоце Делчев, од друга страна во цела Македонија тогаш немаше најдено луѓе кои знаеа кој е србоманскиот копиљак Лазар Колишевски.

Но не мина долго време и Ченто по желбата на Белград и на Тито падна во затвор, а на негово место на челото на Македонската република беше доведен србулето Лазар Колишевски.

Во 1945 година Ченто беше затворен и осуден на 12 години затвор. Мачен садистички во Титовата зандана Идризово, истоштен од тешката физичка работа во затворот, тој се разболе и требеше да умре во затворот, но неговите џелати се плашеа да го остават да умре во затворот бидејќи знаеа дека македонскиот народ гледа борец и маченик во него и во неговите страдања за македонските правдини.

После осмогодишно робување го пуштија да си умре на «слобода» во родниот град Прилеп. На денот на неговиот закоп во Прилеп беа доведени неколку стотини удбаши кои го сопреа народот да дојде на гробиштата за да се опростат од својот сакан голем син и водач.

Го користиме случајов да кажеме дека во Идризово на робија умреа и други македонски револуционери за кои џелатите не се осудуваа да ги пуштат надвор да умрат, како Павле Шатев и братот на Никола Карев, Ѓорѓи Карев.

Павле Шатев беше единствениот жив останат учесник во Солунските атентати од 1903 година, а во првата влада на Македонската република беше министер. Но и тој како Ченто ја согледа вистината дека Македонија е измамена, дека македонската револуција е измамена од Тито и од Белград.

На Тито тогаш му требеа послушни ораѓија од типот на Колишевски, Љупчо Арсов, Михајло Апостолски, Страхил Гигов, Видое Смилевски и други, а не македонски политичари кои чесно служат на својот македонски народ.

Затоа чесни патриоти како Ченто, Павле Шатев, Ѓорѓи Карев и други беа физички ликвидирани.

Ќе кажеме дека овие патриоти беа малкумина но доволно многу да им покажат на врховистите како се бори за слобода на Македонија.

Од архивата на „Македонска нација“

Во продолжение го пренесуваме оригиналниот текст на Драган Богдановски, објавен во списанието „Македонска нација“, број 63, на страница 4. Текстот е сведоштво за неговите ставови и заложби за македонското национално прашање и се објавува со зачувана авторска содржина.

Најново од: На прво место Историја

Ако СДС од четвртото место слави, за првото ќе треба да се прогласи неработна недела

СДС во Брвеница: четврти по гласови, први по „раст“ Да изгубиш четири спрема еден, да завршиш четврти и да соопштиш дека имаш раст — тоа е талент што обичниот гласач тешко може да го разбере. Човекот гледа во резултатите, гледа во телевизорот, па ги брише очилата. Повторно гледа. Бројките исти, растот продолжува. На крајот се […]

Делегација на македонското Собрание во посета на Израел Продлабочување на парламентарната соработка, средби во израелските институции и оддавање почит на жртвите на Холокаустот беа дел од посетата на собраниската делегација, предводена од Рашела Мизрахи. На покана на Министерството за надворешни работи на Државата Израел, делегација на Собранието на Република Македонија престојуваше во Израел од 11 […]

Платформата бара оставка од Филипче

Сите останати се борат да победат, само Филипче и фракцијата слават и кога губат. Четвртото место на СДС во Брвеница е директна одговорност на ова раководство на партијата, се наведува во соопштението на Платформата за промени во СДС. По резултатот од првиот круг на изборите за градоначалник на општина Брвеница, во кој кандидатот на СДС […]

Филипче и СДС: Изгубивме убедливо — подгответе ја прославата!

Победниците обично слават, а поразените анализираат. СДС на чело со Филипче, конечно го надминавме тој „застарен“ обичај: победниците нека ја водат општината, поразените ќе ја водат прославата! Брвеница гласаше, кутиите се отворија, гласовите се преброија. ВМРО-ДПМНЕ — СДС: 4:1. Но вистинската неизвесност почна потоа: како СДС ќе го претвори убедливиот пораз во охрабрувачка вест? И […]

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ со убедливо водство во Брвеница — на 1 ноември одиме да ја потврдиме победата

Стојанчо Радичевски освои близу 3.000 гласа и убедливо го зазеде првото место во првиот изборен круг во Брвеница. На 1 ноември влегуваме во вториот круг со голема предност и со силно уверување дека граѓаните повторно ќе ја потврдат својата доверба, порача Ковачки. Ковачки упати благодарност до сите граѓани на општина Брвеница кои излегоа на гласање […]

Свети апостол Тома – од сомнежот до непоколебливата вера

Црквата „Св. апостол Тома“, во с.Зубовце чиј ктитор е скулпторот Томе Серафимовски, https://mn.mk/makedonski-legendi/881-akademik-tome-serafimovski/  се издвојува со својот необичен иконостас, исто така негово дело. Како плод на неговата духовна и скулпторска имагинација, иконостасот ја преточува сликаната икона во скулпторски израз. Изработен во техниката барелјеф во бронза, тој претставува несекојдневен спој на православната иконографија и современото скулпторско творештво. […]

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ убедливо прва во Брвеница — повеќе од четири спрема еден во однос на СДС

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, вечерва прогласи убедливо водство на партискиот кандидат Стојанчо Радичевски во првиот круг од изборите за градоначалник на Брвеница. Тој порача дека резултатот претставува потврда на довербата во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и Владата, но и обврска за продолжување на инвестициите и решавање на проблемите на граѓаните. Мицкоски истакна дека […]

Стојанчо Радичевски со 2.943 гласови води во Брвеница — во вториот круг со Аркин Јахи

Кандидатот за градоначалник на Брвеница од ВМРО-ДПМНЕ, Стојанчо Радичевски, освои 2.943 гласови, односно 38,90%, според првичните резултати на Државната изборна комисија. Со предност од 791 глас пред второпласираниот Аркин Јахи, Радичевски влегува во вториот изборен круг. Според податоците на ДИК, ажурирани на 18 октомври во 21:27 часот, обработени се сите 24 избирачки места во Општина […]

To top