На прво место

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче нуди уставни измени без гаранции и продолжува со политиките на отстапки

Лидерот на СДС, Венко Филипче, со секоја своја јавна изјава, според ВМРО-ДПМНЕ, покажува дека за него и неговата партија не постојат црвени линии кога станува збор за националните интереси и државните позиции.

Од партијата обвинуваат дека во изминатиот период Филипче континуирано се обидувал да се доближи до официјална Софија преку изјави кои, како што велат, се спротивни на македонските национални позиции поврзани со идентитетските прашања.

„Веднаш по формирањето на новата бугарска влада, Филипче беше меѓу првите кои јавно честитаа, при што во објава на социјалните мрежи оцени дека Македонија создавала вештачки конфликти со соседите“, посочуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Според партијата, Филипче во телевизиски настапи продолжува да ја промовира тезата дека уставните измени треба веднаш да се прифатат, без притоа Македонија да добие гаранции дека тоа ќе биде последната пречка на евроинтегративниот пат.

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека Преспански договор, Договорот со Бугарија и т.н. Француски предлог се симбол на политиките на СДС, за кои велат дека отвориле простор Македонија да стане предмет на уцени, блокади и билатерални спорови.

„По Зоран Заев и Димитар Ковачевски, Филипче е третиот функционер од СДС кој е подготвен на нови национални отстапки, бидејќи единствената константа во партијата е борбата за власт“, се наведува во реакцијата.

Во соопштението се посочува и дека СДС, додека јавно се претставува како проевропска партија, паралелно се обидува да ги контролира критиките на социјалните мрежи и да создаде впечаток за конзистентен политички наратив.

Од ВМРО-ДПМНЕ дополнително наведуваат и примери за, како што тврдат, контроверзни релации на поранешната власт со личности и бизнис структури поврзани со руски и белоруски интереси.

„Филипче се однесува како веќе да седнал во премиерската фотелја, а не како лидер на опозиција која секојдневно губи поддршка. Политиките на релативизирање на македонскиот идентитет и националните позиции се една од причините поради кои СДС се соочува со пад на довербата кај граѓаните“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најново од: На прво место

Кога Македонија стои исправено, светот ја препознава и ја уважува

По повод јубилејната 35-годишнина од Денот на независноста на Македонија, потврдена со референдумот од 1991 година, најпознатиот симбол и препознатлива икона на Брисел – статуетката „Манекен Пис“ – на 8 Септември, за првпат во историјата, беше облечена во македонска народна носија. Станува збор за традиционална машка носија од селото Кучевиште, во Скопска Црна Гора. И […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

8 Септември денот на самостојноста на Република Македонија одбележан во Берлин

БЕРЛИН, 8 септември 2026 година На свечен прием во Берлин, организиран од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, а со поддршка од македонски и германски стопанственици, беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Свеченоста се одржа во репрезентативните простории на Претставништвото на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Настанот го […]

35 години независност – државата сме ние!

Пишува: Елена Младеновска Јеленковиќ, извршен директор на М6 Едукативен Центар Годинава на 8 Септември  одбележуваме голем и значаен јубилеј- 35 години од независноста на Македонија! По тој повод сакам лично да Ви се обратам не само со желба да Ви го честитам празникот, туку пред се со повик до сите за –Чекор Напред! Да, чекор напред во оваа наша […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија

Триесет и пет години откако македонскиот народ ја потврди својата желба за независна Македонија – држава која и денес е наша заедничка одговорност и аманет за идните генерации. ВМРО-ДПМНЕ на сите граѓани им го честита 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Пред 35 години нè обедини сонот за слободна и независна Македонија. […]

Честит 8 Септември – Денот на независноста!

По повод 35-годишнината од прогласувањето на самостојна и суверена Република Македонија, редакцијата на „Македонска нација“ упатува искрени честитки до македонскиот народ, до сите граѓани во татковината и до Македонците ширум светот. На 8 септември 1991 година, граѓаните со огромно мнозинство ја изразија својата волја да живеат во независна и суверена држава. Тој историски чин претставуваше […]

Нека ни е честит и вековит Денот на независноста – 8 Септември!

8-ми септември пред 35 години беше остварен вековниот сон на генерации Македонци, празник што достоинствено го слави секој Македонец, каде и да се наоѓа – во татковината или низ светот. На 8 септември 1991 година граѓаните на Македонија излегоа на референдум и ја изразија својата волја за самостојна и суверена држава. Над 95 проценти од […]

Македонски историски календар: 8 септември

8 септември 1991 година – Македонија ја избра независноста На 8 септември 1991 година граѓаните на Република Македонија излегоа на референдум и со огромно мнозинство се изјаснија за самостојна, суверена и независна македонска држава. Референдумското прашање гласеше: „Дали сте за суверена и самостојна држава Македонија, со право да стапи во иден сојуз на суверени држави […]

To top