На прво место

Стојаноска: Извештајот на ЕК годинава е подобар од лани, а Жерновски не верува во сопствените институции

Пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, во емисијата „Колегиум“ на телевизија Алфа се осврна на извештајот на Европската комисија, состојбите во правосудството и евроинтегративниот процес. Таа ја нагласи потребата од конкретни гаранции дека евентуалните уставни измени нема да бидат проследени со нови билатерални условувања за Македонија.

Коментирајќи ги изјавите на Андреј Жерновски, Стојаноска оцени дека актуелните проблеми во правосудството се последица на седумгодишното владеење на СДС.

„Сето тоа е последица од нив. Политизирано е од нив, а без пари заради нив. Тие без пари не само правосудството, цела држава ја оставија. И сега тој е еден гласноговорник којшто ви кажува што не функционира, ја повикува Лаура Ковеши. Човек којшто не верува во сопствените институции. Тоа е нивната матрица. За нив авторитет е некој однадвор, немаат авторитет тука дома. И сега ништо не е поразлично од времето на Заев, освен што се опозиција“, рече Стојаноска.

Таа посочи дека претходната власт ги презела обврските, а сегашната го носи товарот од нивното спроведување. Според неа, одговорноста за состојбата со евроинтеграциите не може да се префрли исклучиво врз соседните држави.

Стојаноска истакна дека и евроамбасадорот оценил оти годинешниот извештај е подобар од минатогодишниот, посочувајќи напредок во реформите, образованието, надворешната и безбедносната политика. Сепак, нагласи дека за уставните измени се потребни јасни гаранции.

„Милион пати сме кажале и ќе повториме дека апсолутно не може тоа да се случи без некој конкретно да ни гарантира дека, ако евентуално се направат уставни измени, после тоа исклучиво ќе зависиме од мерит-системот, односно од она што ќе го спроведеме како реформи“, истакна Стојаноска.

Таа додаде дека политичари од Бугарија постојано нагласуваат оти уставните измени не се единствениот услов за напредок на Македонија на европскиот пат. Истовремено, ја критикуваше СДС дека повикува на нивно спроведување без обезбедени гаранции, иако тврди дека го зацврстила статусот на македонскиот јазик.

Според Стојаноска, Македонија би ги сносела последиците доколку ги исполни барањата, а процесот повторно биде блокиран, додека Бугарија веќе е членка на Европската Унија.

„Понудивме опција да имаме одложено дејство или на крајот, последниот ден, кога сè ќе заврши, тогаш да ги направиме уставните измени, ако велиме дека намерите на источниот сосед се чесни“, рече таа.

Стојаноска се осврна и на акцискиот план за малцинствата, тврдејќи дека неговото усвојување е прифатливо за 26 земји членки, а дека само една има проблем со него.

„Кој е тој што го кочи европскиот процес? Какви политики водеа, такви резултати доведоа, и сега ќе ви кажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ го кочи европскиот пат. Далеку од тоа“, заклучи Стојаноска.

Најново од: На прво место

Мицкоски за „Алта банка“: Граѓаните да бидат спокојни, секој штедач и доверител ќе биде обесштетен до последниот цент

Премиерот Христијан Мицкоски порача дека државата го следи случајот со „Алта банка“ и уверува дека штедачите и доверителите ќе бидат целосно обесштетени, дури и доколку банката заврши во стечај. Тој ги повика граѓаните да останат спокојни и да не подлегнуваат на шпекулации и ширење паника. Одговарајќи на новинарско прашање на 5 ноември, Мицкоски оцени дека […]

Во куќата на Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница

Во куќата на Зоран Заев во Грција се криеле криминалци во бегство кои се барале со потерница. Актуелниот Организациски секретар на СДС, Зоран Трифуновски во свое интервју јавно призна и потврди дека додека бил во бегство од македонската правда со Заев се среќавал во неговата вила во Грција. Организацискиот секретар на СДС, Трифуновски вели дека […]

Рашела Мизрахи ќе претседава со Комитетот за културни прашања на ЦЕИ

Рашела Мизрахи, пратеничка во Македонскиот парламент од редовите на ВМРО-ДПМНЕ е избрана за претседавач на Генералниот комитет за културни прашања на Централноевропската иницијатива (ЦЕИ). Таа беше избрана на седницата на Парламентарното собрание на ЦЕИ, одржана на 3 и 4 ноември во Букурешт, Романија. „Голема чест и одговорност е да се преземе оваа функција, која отвора […]

ЕФА ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство

Работната група за јазични и малцински права на Европската слободна алијанса (ЕФА) ја обвини Грција за систематско потиснување на македонското и турското малцинство. Во својата декларација, групата наведува случаи на заплашување, кривичен прогон и попречување на македонски културни настани, како и пречки при регистрацијата на здруженија на двете заедници. Попречување на настани со песни на […]

4 ноември 2004 година – САД го признаа уставното име Република Македонија

На 4 ноември 2004 година Соединетите Американски Држави јавно ја соопштија одлуката во официјалните билатерални односи да го употребуваат уставното име Република Македонија. Овој потег претставуваше значаен дипломатски успех за македонската држава и силна поддршка за нејзината меѓународна афирмација под сопственото име. САД претходно ја признаа независноста на Македонија на 9 февруари 1994 година, под […]

На СДС со Филипче сите му се виновни – освен раководството

Што се случува со СДС под раководство на Венко Филипче? Има ли во таа партија простор за поинакво мислење, за критика и за барање одговорност? Или секој што ќе побара промени веднаш мора да биде прогласен за соработник на Мицкоски? Последното партиско соопштение отвора сериозно прашање за политичката култура на актуелното раководство. Во објавата од […]

Провинциски „затупена“ реалнос

колумна НА ЗЛАТКО ТЕОДОСИЕВСКИ Онакви зборови во највисокиот политички дом искажани од еден претседател на партија – или „партија“, како сакате – со амбиции да биде дури и лидер на опозиција, се елементарно непознавање на основните стојности на нормален дијалог, недостаток на цивилизациски и културни премиси неопходни за човек во дваесет и првиот век, не […]

Петрушевски: Фројд работи кај Филипче и СДС за Алта банка, вака гласни не беа кога пропадна Еуростандард банка

Петрушевски ги обвини СДС и Венко Филипче за двојни аршини во реакциите за Алта банка, споредувајќи ја нивната сегашна гласност со однесувањето во периодот кога пропадна Еуростандард банка. Според него, доколку СДС и Филипче биле подеднакво гласни за Еуростандард банка, можеби граѓаните тогаш немало да бидат оштетени. Тој потсети дека банката пропадна во времето на […]

To top