На прво место

Проширувањето на ЕУ е безбедностен императив, а не простор за билатерални условувања

Македонија е подготвена за дијалог заснован врз аргументи, европски принципи и вредности, но билатералните прашања што не произлегуваат од Копенхашките критериуми не треба да бидат пречка на патот кон Европската Унија.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по завршувањето на Состанокот на лидерите од Процесот Брдо-Бриони во Охрид, одржа заедничка прес-конференција со претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, и претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ.

Во своето обраќање, македонската претседателка ја нагласи важноста на регионалната соработка, европската интеграција, добрососедските односи и неопходноста од почитување на темелните европски принципи и вредности.

Сиљановска-Давкова изрази благодарност до Словенија и Хрватска за нивната континуирана поддршка на земјите од регионот во процесот на европската интеграција, посочувајќи дека овие две држави, и по стекнувањето полноправно членство во Европската Унија, не ги заборавиле своите соседи.

„Не го сторија тоа, туку понудија заедно да патуваме, да бидат нашиот глас, да нѐ поддржуваат, научените лекции да ни ги презентираат и јас никогаш нема да го заборавам ова“, истакна претседателката.

Билатералните прашања не се европски критериуми

Осврнувајќи се на македонскиот пат кон Европската Унија, Сиљановска-Давкова посочи дека напредокот на Црна Гора и Албанија претставува охрабрување за целиот регион, но истовремено предупреди на специфичните проблеми со кои се соочува Македонија.

„Низ македонска призма или од македонски агол, да, ние имаме сериозен проблем со билатералните прашања и тоа со билатерални прашања што не се поврзани со Копенхашките критериуми“, нагласи претседателката.

Таа посочи дека ваквите прашања не значат европеизација, туку, напротив, не се во согласност со принципите и вредностите утврдени во европските конститутивни акти.

Претседателката ги поздрави новите чекори на Европската комисија во однос на проширувањето, но јасно нагласи дека постепената интеграција не треба да биде замена за полноправното членство во Европската Унија.

Без Западниот Балкан, Европа остава геополитички вакуум

Една од централните пораки во обраќањето на Сиљановска-Давкова беше дека проширувањето на Европската Унија не е само политичко и административно прашање, туку и безбедносен и геополитички императив.

Според неа, доколку Европската Унија сака да биде значаен фактор на глобалната политичка сцена, мора да се изгради и како геополитичка унија.

„Без така наречениот Западен Балкан, ќе остави геополитички вакуум, а во политиката никогаш не постои вакуум“, порача Сиљановска-Давкова.

Таа ја нагласи и неопходноста од посилно регионално поврзување преку транспортни, енергетски и дигитални коридори, како предуслов за економски развој, стабилност и зајакнување на позицијата на регионот.

Младите да бидат учесници, а не само наследници на иднината

Посебно место во обраќањето претседателката им посвети на младите генерации, предлагајќи нивно активно вклучување во Процесот Брдо-Бриони.

Наместо само да им ја оставаме иднината на младите, порача таа, потребно е уште денес да ги вклучиме во решавањето на проблемите, бидејќи тие можат да внесат нова енергија, нови идеи и поинакви видувања.

Сиљановска-Давкова изрази задоволство што нејзиниот предлог наишол на разбирање кај учесниците на состанокот.

Македонија има што да ѝ подари на Европа

Со посебна симболика беше одбележано и македонското домаќинство на состанокот во Охрид. На лидерите од регионот им беа подарени традиционална македонска резба во дрво со мотивот на митската птица феникс и садница од автохтоната македонска винова лоза Станушина.

Фениксот, како симбол на обновувањето и новите почетоци, ја пренесува пораката дека регионот има потенцијал за напредок и дека отсекогаш бил географски, историски и културно дел од Европа.

Станушината, пак, претставува потсетник на македонската автохтона традиција, културното наследство и богатството што Македонија може да го внесе во европското семејство.

Претседателката нагласи дека културното, етничкото и верското богатство на регионот има посебно значење во европскиот мозаик.

На крајот од своето обраќање, Сиљановска-Давкова ја истакна важноста на меѓусебното почитување, толеранцијата и подготвеноста за разбирање, дури и кога постојат различни ставови.

Пораките од Охрид го потврдуваат ставот на македонската претседателка дека европската интеграција треба да се темели врз заеднички вредности, рамноправност, дијалог и почитување на различностите, а Македонија, со својата историја, култура и традиција, има што да придонесе за заедничката европска иднина.

Најново од: На прво место

Јовановски: Бугарската разузнавачка служба инсталирала луѓе во врвот на македонскиот политички живот

Поранешниот разузнавач и безбедносен аналитичар Владо Јовановски, во гостувањето во НАТКАСТ со Љупчо Цветановски, изнесе сериозни тврдења за дејствувањето на бугарските разузнавачки служби во Македонија и нивното влијание врз македонскиот општествен и политички живот. Според Јовановски, она што бугарските тајни служби го направиле во минатото во Македонија претставува пример што треба да се изучува во […]

Владата усвои акциски план за одземениот добиток во Крива Паланка

Владата на последната седница усвои Акциски план за организирано заловување, собирање, ветеринарно-здравствена контрола, транспорт и привремено сместување на говедата одземени со правосилни решенија на подрачјето на Општина Крива Паланка. Започна спроведувањето на планот, а првиот чекор на терен ќе биде мапирање на локациите каде што се наоѓа добитокот. На состанок во Министерството за земјоделство, шумарство […]

Власите во македонцките работи

Пишува: Панде Колемишевски Значајното одбележување на 100-годишнината од смртта на Крсте Петков Мисирков во Македонската академија на науките и уметностите е добра можност да се потсетиме на некои помалку познати детали од неговата книга „За Македонцките работи“ објавена во Софија во 1903 година. Мисирков пишува и за односите меѓу Македонците и другите народи поданици на […]

На денешен ден, 27 ноември 1919 година – Потпишан Нејскиот мировен договор, потврдена поделбата на Македонија

На 27 ноември 1919 година, во Неј на Сена, во близина на Париз, бил потпишан Нејскиот мировен договор меѓу Бугарија и силите победнички во Првата светска војна. Со овој договор, во голема мера била потврдена територијалната поделба на Македонија, воспоставена со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година. Македонија повторно била предмет на меѓународни договори, […]

Васил Стерјовски во Женева на состанок на ОН посветен на правата на националните малцинства

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, во Женева учествуваше на состанок со претставници на националните малцинства од целиот свет, организиран од специјалниот известувач на Обединетите нации за прашањата на малцинствата, Николас Леврат. Состанокот претставува значајна можност за размена на искуства, согледување на предизвиците со кои се соочуваат националните малцинства и унапредување […]

Филипче ја кодоши државата што сè уште ја нарекува своја?

Филипче бара од евроамбасадорот Рокас одговор дали Францускиот предлог и прифаќањето на уставните измени биле предавство. Но, одговорот не треба да го бара од Брисел, туку од македонскиот народ, пред кој има политичка одговорност. Кога политичката немоќ ќе ја надвладее политичката одговорност, тогаш и успехот на сопствената држава почнува да се доживува како личен пораз. […]

Мицкоски: Македонија продолжува со реформите, очекуваме дополнителни 75 милиони евра од ЕУ

Македонија останува посветена на европската интеграција, конструктивниот дијалог и исполнувањето на реформската агенда, со очекување за дополнителна финансиска поддршка од Европската Унија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска присуствува на самитот на Европската Унија посветен на државите од Западен Балкан, на кој преку дијалог, размена на мислења и заедничка дискусија се отвораат значајни прашања за иднината на […]

На 26 ноември 1904 година – Крвавата свадба во Зеленич, Леринско, Егејска Македонија

На 26 ноември 1904 година (13 ноември по стариот календар), во селото Зеленич, Леринско, во Егејска Македонија, се случил еден од трагичните настани во македонската историја, познат како „Крвавата зеленичка свадба“. Зеленич пред нападот Во 1904 година Македонија сè уште била под османлиска власт. По задушувањето на Илинденското востание, грчките андартски чети го засилиле своето […]

To top