На прво место

ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар одбележува 36 години посветеност, единство и работа

Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Гостивар утре, 18 август 2026 година, ќе одбележи 36 години од своето основање.

Свеченоста, која ќе се одржи во ДТВ „Партизан“ со почеток во 18:30 часот, ќе биде можност членовите, поддржувачите и пријателите на партијата заеднички да го прослават јубилејот на гостиварскиот Општински комитет.

Настанот се одржува под мотото „Заедно низ годините, заедно за Гостивар“, со кое се истакнуваат долгогодишната посветеност, единството и работата во интерес на граѓаните.

„Овој ден е симбол на нашето заедништво, посветеност и силата која ја црпиме од заедничките вредности и идеали. Низ годините со вера, работа и единство покажавме дека кога сме заедно можеме да постигнеме големи дела“, се наведува во поканата.

Од Општинскиот комитет порачуваат дека прославата ќе биде посветена на досегашните успеси, пријателството и заедничката енергија која ги поврзува неговите членови.

Најново од: На прво место

Македонски историски и црковен календар – 17 август

17 август 986 – големата победа на цар Самуил кај Трајановата Врата На 17 август 986 година, во теснината Трајанова Врата, војската предводена од цар Самуил ѝ нанела тежок пораз на византиската војска на царот Василиј II. По неуспешната опсада на Средец-Софија , византиската војска започнала повлекување. Во планинскиот премин била пресретната и разбиена, додека […]

Филипче и СДС да престанат да бегаат и да дадат одговори за седумгодишното владеење

Местени тендери, милионски зделки, аферите „Дубаи“ и „Јахта“, промената на името, штетните договори, партизацијата на институциите, економското пропаѓање и иселувањето на младите се темите за кои јавноста бара политичка и кривична одговорност. СДС никако да престане со ширењето хистерија, страв и паника меѓу граѓаните. Ќе заврши со една тема, па веднаш ќе започне со друга. […]

34 години Армија на Македонија – гордост, сигурност и чувар на татковината

34 години Армија на Македонија – гордост, сигурност и чувар на татковината По повод 18 Август – Денот на Армијата, го одбележуваме триесет и четвртиот роденден на Армијата на Македонија, една од најзначајните институции на македонската држава. Создадена во пресудните мигови по осамостојувањето на Република Македонија, Армијата измина пат исполнет со бројни предизвици, преобразби и […]

Македонски историски и црковен календар – 16 август

16 август 1872 – Ѓорѓија Пулевски го најавува својот учебник На 16 август 1872 година, додека работел како учител во Кукуш, Ѓорѓија Пулевски објавил известување за подготовка на учебник по граматика на македонското наречје. Пулевски е една од најзначајните личности во развојот на македонската национална, јазична и историска мисла во XIX век. Во своите дела […]

Мицкоски: За помалку од четири недели целосно е прочистен водоводниот систем во Гостивар

Водоводниот систем во Гостивар за помалку од четири недели е целосно прочистен, како никогаш досега, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Главниот штаб за управување со кризи вчера соопшти дека водата од гостиварскиот водовод повторно е безбедна за пиење. Забраната за нејзина употреба беше воведена на 17 јули, откако надлежните институции утврдија дека во текот на […]

Николоски: Автопатот Охрид – Кичево се гради со силна динамика

Министерот за транспорт Александар Николоски, заедно со директорот на Јавното претпријатие за државни патишта, Коце Трајановски, одржа работен состанок во кампот кај Извор, посветен на изградбата на автопатот Охрид – Кичево. Николоски информира дека работите на терен се одвиваат со силна динамика, при што надлежните институции и изведувачите работат на решавање на сложените инженерски предизвици. […]

Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА за изјавата на српскиот претседател г. Александар Вучиќ

По повод неодамнешната изјава на српскиот претседател г. Александар Вучиќ, дадена во Мркоњиќ Град за тоа дека „Српската Црква е иста и во… Скопје…“. Светиот архијерејски синод на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија (МПЦ – ОА), потсетува дека, како легитимен носител на благодатната полнота на Едната, Света, Соборна и Апостолска Црква, а воедно и […]

Додека Филипче и Заев одмораат на Егејот, СДС шири дезинформации и страв

Додека Венко Филипче и Зоран Заев одмораат на Егејот, очигледно решиле политиката да ја водат преку ширење дезинформации и создавање страв и несигурност кај граѓаните. Ширењето непроверени информации за исправноста на водата во Скопје е крајно неодговорно. СДС и Филипче не смеат да си играат со довербата на јавноста и со чувството на сигурност кај […]

To top