Коментари

Ламбе Арнаудов: Автономија за Пирин. Бугари во Устав. Решен проблем!

Ламбе Арнаудов

Ламбе Арнаудов

Престанете да купувате Бугари во Македонија. Човечката димензија не ја менувајте со пазарна. Тие што сте, колку сте и малу да сте, ние ве прифаќаме како апсолутни и рамноправни граѓани и со нашиот Устав ви ги гарантираме сите човечки права и граѓански слободи!

Овие денови што минуваат, исполнети со исклучителна агресија на говор на омраза и жестока офанзива на навреди од страна на актуелни политичари од соседна Бугарија, што оди до таму да слободно може да се каже дека е непристојна, непријателска, од некои „МИНИЈАТУРИ“ и простаклук.

Затоа мислам дека ова е спасоносна формула за излез од ќорсокакот во кој се заплетка актуелна Софија, за што многу скоро ќе бидеме сведоци дека ќе се срамат, ќе се покајат и ќе бараат простување.

За да сме рамноправни и подеднакво да ја споделиме одговорноста, место само ние во МАКЕДОНИЈА, да направите и вие интервенција во вашиот Устав.

Владите на двете држави во ист ден да го потпишуваат договорот, а двата парламенти на заедничка седница или во Софија или во Скопје, истовремено да ги донесат Уставните измени со точно заеднички определен датум на стапување на сила за двете договорни страни.

Автономијата би била од мека верзија, без да ја загрози целовитоста на Бугарија, напротив би допринела да се претстави пред светот како силно демократско општество со што би ги гарантирала само исклучително докрај неостварените човечки права и слободи гарантирани со низа обврзувачки документи и декларации од Европската унија, НАТО и Обединетите нации и нивни сектори задолжени за безусловно придржување и испочитување на истите без одлагање.

Едноставно и насекаде применето од цивилизираните општества и нивните државни институции.

МАКЕДОНСКОТО МАЛЦИНСТВО, ИНДЕНТИТЕТ и ЈАЗИКОТ МАКЕДОНСКИ се признаваат на територијата на ПИРИНСКА МАКЕДОНИЈА.

Образованието да се одвива на МАКЕДОНСКИ, во основните, средни училишта и на универзитетите со програма што ги афирмира посебностите на МАКЕДОНЦИТЕ.

Училиштата да се именуваат по истакнати МАКЕДОНСКИ ДЕЈЦИ, личности но и настани, преродбеници и нивни дела, достигнувања со кои МАКЕДОНИЈА се гордее, а соседите им се восхитуваат.

Епитетите македонски, македонска, македонско да се применуваат при претставување на историја, литература, театар и други културно-уметнички достигнувања, творештво и настани.

Личности од долгогодишната историја на МАКЕДОНИЈА, а кои со ништо не се огрешиле кон Бугарија, напротив допринеле за афирмација на пријателството и блискоста, со строго ограничена пристрасност и глорификација на една, било која страна.

Да се засилат средбите меѓу граѓаните со взаемно почитување на различностите, со низа културни, литературни, просветни и спортски настани за зближување и зацврстување на добро започнатите и затоплени ветрови, што ќе ја елиминираат студената непријателска агитација од нереализирани квази политичари кои се прават уште повеќе да ги затрујат односите меѓу двата народа, како на пример:

Срамната минијатура на Тодор Живков, извесниот Слави Трифунов, самопрогласен АСИМИЛАТОР…

Затоа предлагам Слави, за да се покае и да му се прости, на денот на Уставните измени на двете држави да ги отпее химните, една па друга, без оглед на редоследот.

Ништо помалку и ништо повеќе од тоа што еднаш во Пирин беше во целосна функција и во корист на државата Бугарија, од претходно сторените политички, воени и стратешки грешки што ги направија.

МАКЕДОНСКИОТ НАРОД е силно напатен народ, знае што е дискриминација, асимилација, геноцид и непризнавање.

Тоа што сме го доживувале низ вековите нè направи цврсти, издржливи на патот на нашиот ОПСТАНОК и сигурна иднина, со целосно отфрлање и резигнација кон она што сега се случува од една апсолутно недопустлива ирационална политика на една земја која со ништо никогаш не ја предизвикавме.

Но нашата тешка судбина нè научила на најсветото.

Никому и на ниеден народ не му посакуваме да го снајде она што нас со векови ни се случува. НИКОМУ! Ни на соседи, ни на пријатели, но не и на душмани.

Душманите нека напаѓаат, ние ќе се браниме и одбраниме, ама нема на нивниот начин, нема да вратиме.

Од тука, со вас во Уставот, сè ќе биде загарантирано, она што вие го забранувате. Ќе ги уживате сите човечки права и слободи како рамноправни граѓани на МАКЕДОНИЈА.

Единствен народ кој никогаш не онеправдувал, омаловажувал, обесправувал друг народ е само МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.

Нашата девиза е: кој не ги сака другите народи, не го сака и својот.

Убеден сум дека и вие и ние наскоро тоа ќе го направиме, затоа што ова сега што вие го правите НЕ ВИ ЛИЧИ.

Најново од: Коментари

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

Македонија: за безбедноста на Европа – доверлив партнер, за членство во ЕУ – вечен кандидат?

Европа не може од кандидатите да бара европско однесување, а од членките да прифаќа секое условување Македонија заслужува јасен одговор: дали патот кон Европската Унија се отвора со исполнување на европските критериуми или со бескрајно прифаќање нови политички услови? Од одговорот на ова прашање зависи довербата во европската идеја. Граѓаните треба да знаат што се […]

Македонија е факт – не е за раздавање и уништување на нејзиното ткиво

Сите луѓе и култури се живи истории. Сè она што сме е одраз на потеклото, историското минато проткаено со мачна, но богата историја. Јазиците што ги зборуваме се наследени од минатото. Нашите култури, традиции и религии се наследени од минатото. Ние дури го наследуваме нашиот генетски состав од оние што живееле пред нас. Познавањето на […]

Јас, мама, тато, сестра ми и брат ми — заедно сме иднината на Македонија!

Не е доволно да се гордееме со предците ако не се грижиме за потомците. Македонија ја чувале генерации што верувале дека по нив ќе има кој да го продолжи животот, да го зборува јазикот и да го зачува огништето. Наша обврска е таа верба да не згасне. Во минатото судбината на македонскиот народ често се […]

Долгот на македонската интелигенцијата — опомена од 1926 година што важи и денес

Од опомената на Владимир Руменов во 1926 година до денешната одговорност кон државата — знаењето, чесноста и посветената работа во служба на Македонија. Во статијата „Долгот на македонската интелигенција“, објавена во весникот „Независима Македония“ на 11 јуни 1926 година, д-р Владимир Руменов пишува за одговорноста на образованите луѓе кон заедницата. Иако неговиот текст произлегува од […]

Колку повеќе ТИ трае младоста, толку поубава СИ МАКЕДОНИЈО!

Немој да ја навредувате МАКЕДОНИЈА. Тоа е како да сте ни ги прекршиле рацете. Можеби ќе ви простиме, но никогаш не ќе можеме да ве прегрнеме. Колумнава ја посветувам на моите соборци, вистински херои на ВМРО-ДПМНЕ и МАКЕДОНИЈА, со голема благодарност до сите БРВЕНЧАНИ што ми овозможија прилика и чест да бидам дел од ВАШАТА […]

Блиски сме и треба да си помагаме

Има подадени раце што човек ги памети цел живот. Особено оние што ги примил во тежок час, кога иднината на неговата татковина била неизвесна. Јас ја паметам подадената рака од Бугарија. Ги паметам луѓето, помошта и зборовите што тогаш ни даваа надеж. Токму затоа денешните блокади и оспорувања ме погодуваат толку длабоко. Во 1991 година, […]

На Македонецот ќе му дадам дел од рајот, ама ќе видите какви соседи ќе му дадам!

Македонија треба да ја чувствуваме како дар од Севишниот, да ја чуваме како наследство од предците и да ја градиме како обврска кон нашите деца и внуци. Кога Севишниот Господ Бог ја делел земјата меѓу народите, пред Неговата врата се создала голема редица. Секој барал свое место под сонцето. Едни сакале море, други плодни рамнини, […]

To top