На прво место

Општина Маврово и Ростуше обезбеди по 6.000 денари, ранци и училиштен прибор за сите првачиња

Општина Маврово и Ростуше обезбеди еднократна парична поддршка од 6.000 денари, училиштен ранец и комплетен школски прибор за секое прваче запишано во општинските основни училишта.

Како што информираат од Општината, мерката се реализира согласно програмските определби и приоритети на градоначалникот Онер Јакупоски, насочени кон поддршка на семејствата и унапредување на образованието.

„За секое запишано прваче во сите општински основни училишта обезбедивме еднократна парична поддршка од 6.000 денари, училиштен ранец и комплетен прибор за почетокот на учебната година“, соопштија од општинскиот Сектор за односи со јавноста.

Целта на мерката е да им се олеснат подготовките на семејствата за почетокот на учебната година, а истовремено да им се донесе радост на најмладите при нивниот прв чекор во образовниот процес.

„Првачињата се нашата иднина и наша најголема радост. Наш приоритет е да им овозможиме подобри услови за учење и безгрижно детство. Со оваа поддршка сакаме да им посакаме успешен почеток и да им олесниме на нивните родители во овој важен момент“, изјави градоначалникот Онер Јакупоски.

Тој на сите ученици и наставници им посака среќен и успешен почеток на новата учебна година, исполнет со нови знаења и постигнувања.

Во Општина Маврово и Ростуше функционираат четири основни училишта – во Ростуше, Скудриње, Маврово Анови и Жировница, како и гимназија во Ростуше.

 

Најново од: На прво место

Згрозени сме што Левица ја критикува можноста деца од социјално загрозени семејства да одат на летни кампови

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Советот на Град Скопје изразува згрозеност од однесувањето на советниците на Левица, кои ја критикуваа можноста деца од социјално загрозени семејства бесплатно да заминат на летен камп. Наместо да ја поддржат мерката, која директно им помага на децата и на семејствата на кои поддршката им е најпотребна, советниците на Левица […]

Македонски историски календар: 1 септември

1946 – Почнало Првото заседание на Народното собрание на Македонија На 1 септември 1946 година во Скопје било отворено Првото заседание на избраното Народно собрание на Македонија. Седницата ја отворил најстариот пратеник, македонскиот револуционер и илинденец Крсто Гермов – Шаќир Војвода. Со почетокот на работата на Собранието продолжило институционалното градење на македонската држава, чии темели […]

Од септември ново зголемување на пензиите – се пресметува точниот износ

Пензионерите од септември ќе добијат ново зголемување на пензиите, овојпат преку редовното законско усогласување. Точниот процент и износот на покачувањето сè уште се пресметуваат, а конечните податоци ќе бидат познати по завршувањето на потребните пресметки. Премиерот Христијан Мицкоски потврди дека усогласувањето ќе се изврши во согласност со Законот за пензиското и инвалидското осигурување. Тој нагласи […]

ВМРО-ДПМНЕ: СДС да достави докази за обвинувањата за дата-центрите

Во однос на прашањето поставено на прес-конференцијата на СДС – дали премиерот Христијан Мицкоски „под радарот“ на јавноста договара бизниси поврзани со дата-центри – одговорот е: не. Бидејќи товарот за докажување на секое јавно изнесено тврдење е на оној што го соопштува, го повикуваме СДС да ги достави доказите врз кои ги заснова своите обвинувања. […]

Коцевски: Над 18 милијарди денари за општините – Владата продолжува со силна поддршка на капиталните проекти

По резултатите од првиот јавен повик за поддршка на општините, Владата го распиша и вториот повик, со цел продолжување на инвестицискиот циклус и подобрување на условите за живот на граѓаните, истакна Коцевски. Преку двата јавни повика, Владата им стави на располагање на единиците на локалната самоуправа вкупно 18 милијарди и 449 милиони денари од унгарскиот […]

Заедно за иднина – приклучи се!

Ковачки: ВМРО-ДПМНЕ воведува прв целосно дигитален процес на зачленување ВМРО-ДПМНЕ од 1 септември започнува голема кампања за ажурирање на постојното членство и прием на нови членови. Кампањата ќе трае до 30 ноември, а за првпат во Македонија една политичка партија воведува целосно дигитален процес на зачленување и ажурирање на членството, соопшти генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ […]

Тодор Александров – духот на македонската борба

Тодор Александров (4 март 1881 – 31 август 1924) е македонски револуционер и еден од најистакнатите раководители на ВМРО. Роден е во Ново Село, Штипско, а бил убиен кај месноста Трите Реки, во близина на пиринското село Сугарево. Неговиот живот и револуционерно дело биле посветени на борбата за автономна, обединета и независна Македонија. Во плејадата […]

Убиството на Тодор Александров – злосторство што ја потресе ВМРО

На 31 август 1924 година, во месноста Лопово кај селото Сугарево, во Пиринскиот дел на Македонија, беше убиен Тодор Александров – еден од најистакнатите водачи на македонското револуционерно движење. И по повеќе од еден век, прашањето кој го нарачал неговото убиство останува предмет на спротивставени толкувања. Тодор Александров тргнал кон местото каде што требало да […]

To top