Коментари

Возот тргна, инвестициите доаѓаат, а СДС остана на перонот без билет за политичката иднина

Македонска Нација

Македонска Нација

По седум години на власт и две години во тешка опозиција, СДС конечно „откри“ дека во Македонија биле набавени возови. Големо откритие, нема што! Уште малку, па ќе нè известат дека возовите купени од Владата на ВМРО-ДПМНЕ се движат по шини, дека имаат вагони и дека служат за превоз на патници.

Како најголем проблем го посочија фактот дека возовите биле купени од Кина во времето кога Никола Груевски бил премиер на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Дали Владата, можеби, наместо возови требало да набави велосипеди, тротинети или магариња за македонските железнички пруги? Веројатно таквото „еколошко решение“ ќе добиело аплауз од СДС.

Или, можеби, проблемот е во тоа што парите биле вложени во возови наместо во некое „поиновативно“ решение – како во времето на нивното владеење: плантажи со марихуана, јахти и „златни визи“, а потоа на граѓаните да им се објаснува дека Македонија забрзано се движи кон „зелената иднина“.

За жал на СДС, државните пари биле вложени во нешто што може да се види, да се допре и да се користи – во возови што останале во сопственост на Македонија и што денес им служат на граѓаните.

Токму тука завршува хуморот и започнува сериозното прашање: ако возовите биле набавени уште тогаш, зошто СДС во текот на своето седумгодишно владеење не ги искористи за воспоставување функционален градски железнички превоз во Скопје?

Седум години имаа власт, институции, директори, министри и буџети. Очигледно недостасувале желбата и идејата возовите да се употребат за она за што биле купени – да превезуваат патници.

Можеби, сепак, добро е што за време на нивното владеење ги заборавиле возовите. Најверојатно и за нив ќе пронашле некое „практично решение“ – ќе ги продаделе како старо железо, се разбира, во име на заштитата на природата.

Денес новата градска железничка линија ќе овозможи побрз, поевтин и побезбеден превоз, да придонесе за намалување на сообраќајниот метеж и загадувањето во Скопје и подобро да ги поврзе приградските населби со централното градско подрачје.

Но, очигледно, тоа не е доволно добро за СДС. За нив проблемот, по сè изгледа, не е дали возовите им користат на граѓаните, туку кој ги набавил, од каде биле купени и кој, по толку години, успеал да ги стави во функција.

Ако во СДС мислеле дека со реченицата „возовите ги купи Груевски од Кина“ ја напаѓаат власта, како што своевремено го правеа тоа со „аферата Мерцедес“, тогаш повторно ја промашиле станицата. Особено ако се има предвид дека функционери од нивната власт подоцна го користеа истиот автомобил што претходно го претставуваа како симбол на расипништво.

Но ваквиот однос на СДС не се забележува само кај железницата. Речиси секој проект што може да донесе развој, инвестиции и подобри услови за граѓаните однапред наидува на противење од раководството на СДС, предводено од Венко Филипче.

Истата матрица сега се повторува и во однос на најавената изградба на центри за податоци. Наместо да ги согледа можностите и придобивките, Филипче се обидува да ја изврти темата и да создаде неоправдана загриженост кај граѓаните.

Развојот на центрите за податоци претставува можност за привлекување нови инвестиции, создавање современа индустрија, отворање добро платени работни места и забрзан технолошки напредок на Македонија. Станува збор за област во која инвестираат најразвиените држави, свесни дека податоците, дигиталната инфраструктура и вештачката интелигенција стануваат темели на новата светска економија.

За СДС, очигледно, не е најважно што Македонија може да добие инвестиции, современа технологија и нови работни места. Поважно им е кој го предлага и кој ќе го реализира проектот. Ако идејата не доаѓа од нив, тогаш мора да биде нападната, оцрнета или претставена како закана.

Денес ги напаѓаат возовите и центрите за податоци, а утре, веројатно, ќе го нападнат секој нов проект што носи инвестиции, работни места и подобар живот. Тоа веќе не е конструктивна опозиција, туку противење заради самото противење – дури и кога цената ја плаќа развојот на Македонија.

Возот тргна, граѓаните се возат, инвестициите доаѓаат, Македонија се движи напред, а СДС остана на перонот – со соопштение во рацете и без билет за сопствената политичка иднина.

Најново од: Коментари

Уште колку ЕУ ќе нè тапка по рамо?

Европската идеја има смисла ако ги зближува народите и го почитува нивното достоинство. Македонија заслужува јасен и праведен пат до членство, по кој ќе оди со реформи и со зачуван македонски идентитет. За идеите во минатото се гинело, а за нив се гине и денес. Тие ги движат луѓето, ги обединуваат народите и го менуваат […]

Филипче, рејтингот на СДС не се крева со сирена за тревога

Дали Филипче навистина мисли дека патот до повисок рејтинг води преку повисок притисок кај граѓаните? Дека секоја вознемирена фамилија е потенцијален глас, секој исплашен пензионер — политичка добивка, а секој загрижен штедач — публика за следниот настап? СДС на чело со Филипче остава впечаток дека отвори дежурна служба за најавување пропаст. Телефонот постојано ѕвони, сирената […]

За овој настан Македонија нема да бара од Бугарија заедничко историско чествување

На 11 септември 1995 година, на аеродромот кај Штрклево, близу Русе, се собрале околу 3.000 илјади луѓе за да пречекаат вонземјани.  Според архивскиот весникарски напис, околу 3.000 луѓе пристигнале од Варна, Разград, Русе и околните села. Поводот бил најавата дека точно во 11 часот ќе слетаат посетители од наводната планета Криси за да и помогнат […]

Да се препознаеме по човечноста

„Ако чувствуваш болка, жив си. Ако чувствуваш туѓа болка, тогаш си човек.“ – рекол Лав Толстој Сфаќањето и практиката на хуманоста во светот денес се наоѓаат на важна крстосница. Глобално гледано, на хуманоста се гледа низ призмата на зголемена емпатија и поврзаност, но и низ сериозни предизвици наметнати од модерното секојдневие, технологијата и кризите. Технологијата […]

Четири штетни одлуки – сметка што ќе ја плаќаат генерации

Приватизацијата од деведесеттите години, територијалната организација од 2004 година, промената на уставното име во 2019 година и Договорот со Бугарија од 2017 година се четирите најштетни политички одлуки на СДС за Македонија. Првата го засегна општествениот капитал, а другите државното уредување, уставното име и заштитата на македонските национални интереси. Последиците ги надминаа мандатите на властите […]

Бранислав Светозаревиќ-Покорни: За поимите „народ“ и „нација“

Бранислав Светозаревиќ Во интерес на читателот, сметаме дека е потребно да дадеме извесни објаснувања за термините за етничките заедници низ историските периоди на овие простори, со кои се среќававме во нашето истражување, како и за поимите „народ“ и „нација“ што ги подразбираме во оваа студија. Иако главниот акцент на оваа книга се однесува на идентитетското […]

Чудата на Свети Димитрија

Во редот на најзначајните хагиографски трудови од рановизантиската литература спаѓаат и „Чудата на Свети Димитрија” (Miracula Sancti Demetrii) се три збирки од која првата ги опфаќа „Чудата” што се однесуваат на периодот од крајот на VI до 20-тите години на VII век. Неа ја составил солунскиот архиепископ Јован, современик на овој период. Втората збирка ги опфаќа […]

Македонија, парче од рајот што треба сите да го почитуваме

Ми пукна филмот од Али Ахмети што ја отвора историјата само кога му треба аргумент за дневна политика. Али, кога зборуваш за тоа кој е староседелец во Македонија, што добиваат граѓаните од тоа твое тврдење, освен дека тоа е твоја провокација? И што, според тебе, добива оној што ќе го прогласиш за постар од соседот? […]

To top