На прво место

Македонија не смее повторно да биде заложник на политичари што до власт сакаат да стигнат преку оцрнување на државата и народот

Политиката не е навивачка трибина, ниту пазар за дневни пресметки. Особено не на 9 Мај — денот кога Европа се сеќава на победата над фашизмот, но и денот кога европските народи испраќаат порака за единство, достоинство и државничка зрелост. Токму затоа, сцената која Македонија ја виде во дворот на Владата, пред споменикот „Ослободители на Скопје“, не беше само политички судир. Беше уште еден доказ дека дел од македонската опозиција одамна ја изгуби границата меѓу критика и политичка деструкција.

Во Европа, опозицијата напаѓа влади, бара одговорност, организира протести, критикува политики. Но, тешко дека некаде може да се види лидер на опозициска партија на Денот на Европа да посака премиерот на сопствената држава да биде „персона нон грата“. Тоа не е европска вредност. Тоа е политичка омраза претворена во јавен настап.

Кога Венко Филипче вели дека Христијан Мицкоски треба да биде „персона нон грата“, тој всушност испраќа порака дека за него не постои Македонија надвор од партиската пресметка. Наместо барем на еден ден да покаже минимум државнички капацитет и чувство за национален интерес, тој избра да продолжи со реториката на поделби, навреди и закани.

Особено е симптоматично што Филипче повторно ја турка приказната дека единствениот пат кон Европа е преку нови отстапки и уставни измени по секоја цена. Како да не научивме ништо од годините зад нас. Како да народот заборавил дека токму политиката на „сè прифаќаме само да добиеме датум“ ја донесе Македонија во состојба на национално понижување, а не во европски просперитет.

Премиерот Мицкоски испрати јасна порака: „Пазар со идентитетот никогаш нема да правам“. Тоа е став кој можеби не му се допаѓа на Филипче, но е став кој го чувствуваат и огромен број граѓани. Затоа што народот е уморен од политичари кои секоја национална тема ја претвораат во монета за поткусурување со странски центри на моќ.

Но уште поопасно е нешто друго. Филипче не нуди визија. Не нуди економија, реформи, стратегија, ниту конкретен план за подобар живот. Единствената политичка платформа која ја слушаме е: „Направете уставни измени или сте против Европа“. Тоа е старата матрица на СДС — политика на страв, уцени и создавање вештачки непријатели.

Иронијата е огромна. На Денот на победата над фашизмот, ден кој треба да симболизира отпор против авторитарни и едноумни политики, токму Филипче настапи со реторика во која секој што не се согласува со него е анти-европски, изолиран и виновен. Тоа не е демократски дух. Тоа е политичка нетрпеливост спакувана во европска амбалажа.

Македонија не смее повторно да стане заложник на политичари кои мислат дека до власт се доаѓа преку оцрнување на сопствената држава и сопствениот народ.

Времињата се сменија. Граѓаните повеќе не паѓаат така лесно на приказни за „спасители“ кои секогаш пред избори ја продаваат истата формула: прво прифати сè што ќе ти побараат, а потоа можеби ќе добиеш европска иднина.

Европа не се гради со понижена држава. Европа не се гради со навреди кон сопствениот премиер пред странски фактори. И Европа сигурно не се гради со политичари кои на национални празници шират омраза наместо единство.

На Македонија денес ѝ треба достоинство, а не сервилност. Државничко однесување, а не политички перформанси. И најмалку од сè ѝ треба опозиција која повеќе личи на гласноговорник на туѓи агенди отколку на претставник на сопствениот народ.

МН

Најново од: На прво место

Европската Атлантида: Македонија – изгубениот „папок на светот“ што се обидоа да го избришат

„Македонска нација“ со особено задоволство ѝ го претставува на македонската јавност документарниот филм „Европската Атлантида? Изгубениот ‘папок на светот’ во земјата што се обидоа да ја избришат“. Станува збор за прекрасен и исклучително вреден документарец, кој преку впечатливи снимки, историски сведоштва и археолошки локалитети ја раскажува приказната за Македонија – земја со длабоки цивилизациски корени, […]

Мицкоски: Не го негираме сработеното, сакаме да изградиме уште повеќе

Премиерот порача дека реконструкцијата на Владата не е казна, туку продолжување на политиката на резултати, при што им се заблагодари на министрите за нивниот придонес и најави нова фаза во реализацијата на владината програма. Премиерот Христијан Мицкоски, обраќајќи се на 112. седница на Собранието посветена на реконструкцијата на Владата, истакна дека функцијата никогаш не смее […]

Султан Раев: Македонија е нераскинливо поврзана со Александар Македонски и со почит ја чува својата историја

Генералниот секретар на Меѓународната организација за турска култура – ТУРКСОЈ, Султан Раев, ја истакна длабоката почит што македонскиот народ ја покажува кон својата историја, оценувајќи дека токму тоа претставува едно од најсилните обележја на националниот идентитет. Во интервју за МИА, Раев рече дека ова е негова прва посета на Македонија и дека долго време посакувал […]

Собранието денес расправа за реконструкцијата на Владата, на дневен ред разрешувања и избор на нови министри

Премиерот Христијан Мицкоски ќе ги образложи причините за владината реконструкција, а пратениците ќе одлучуваат за повеќе кадровски промени во извршната власт Собранието денеска ќе ја одржи 112. седница, на чиј дневен ред како централна точка е реконструкцијата на Владата. Пратениците ќе расправаат за предлозите за разрешување на повеќе министри и заменици-министри, како и за избор […]

СДС, Левица и ДУИ бараат изговори за блокада на Изборниот законик

Опозициските партии не се за реформи, туку за политичка блокада и создавање алиби поради страв од изборен пораз СДС, Левица и ДУИ уште еднаш покажаа дека не сакаат нов Изборен законик, туку продолжување на политичките блокади. Иако со месеци учествуваа во разговорите и во усогласувањето на текстот, во моментот кога требаше да се постигне конечен […]

Млади стрип-таленти ја претставуваат Македонија на меѓународниот фестивал „Инкубатор“ во Јошаничка Бања

Под покровителство на групацијата „Стрип центар – Стрипот може“, Ангела Петрушевска, Јасмина Јовчевска и Андреј Јовановски ќе творат рамо до рамо со врвни балкански и светски мајстори на деветтата уметност ЈОШАНИЧКА БАЊА – РАШКА – Од 9 до 13 јули, Јошаничка Бања ќе биде епицентар на регионалната стрип-сцена. Годинава традиционалната, 14. Меѓународна стрип-колонија во Рашка […]

Петровден и Галичката свадба – ден кога Галичник ги венчава верата, љубовта и традицијата

На празникот на светите апостоли Петар и Павле, Галичник повторно оживеа со мијачки носии, бајраци, зурли и тапани, претворајќи ја свадбата на двајца млади во празник на цела Македонија На 12 јули православните христијани го празнуваат Петровден – празникот посветен на светите првоврховни апостоли Петар и Павле, двајца од најзначајните проповедници и столбови на Христовата […]

Филипче ја обвинува Владата за проблемот што СДС сам го создаде

СДС прифати асиметрична рамка без гаранции, а сега бара Македонија да ја плати цената со нови отстапки Политички е неодговорно Венко Филипче денес да ја обвинува Владата на Христијан Мицкоски дека Македонија не напредува кон Европската Унија, кога токму СДС ја доведе државата во сегашната положба. СДС го прифати таканаречениот француски предлог без цврсти гаранции […]

Најнови вести

To top