На прво место

Кога кодошлукот на Филипче се продава како европејство

Венко VS Филипче – политичарот што самиот си противречи во секој втор ред

Кога човек ќе ги следи настапите, честитките, ставовите и политичките акробации на Венко Филипче, некако сам од себе во глава почнува да одѕвонува познатиот цитат на Гоце Делчев:

„Јас не познавам друг народ кој повеќе страдал од предавствата на своите синови – изроди како македонскиот…“

И колку и некој да сака да глуми навреден од оваа споредба, факт е дека самиот Филипче упорно работи токму на тоа – да ја направи актуелна и денес.

Во време кога цела Македонија гледа отворен политички и идентитетски притисок од Румен Радев и официјална Софија, единствениот човек кој успева да не види ништо спорно е токму „лидерот“ на СДС. Човекот буквално „искрши нозе“ прв да честита за бугарската влада, како да станува збор за историски успех на Македонија, а не на држава која со години ја блокира македонската европска перспектива.

Но, најинтересен е стилот на пишување и политичкото однесување на Филипче. Во една иста честитка живеат две личности. Едниот е Венко, другиот е Филипче.

Прво почнува со „северна“. Па после неколку реда му текнува дека народот сè уште ја вика државата Македонија. Прво продава приказни за заштита на националните интереси, а веќе во следниот пасус ја кодоши сопствената држава пред Софија, тврдејќи дека Владата создавала „вештачки конфликти“ со соседите.

Во превод?

Бугарија е во право.
Францускиот предлог е одличен.
Вториот протокол е фантастичен.
82% од народот што рекоа НЕ за внесување Бугари во Устав без гаранции од ЕУ – изгледа според Филипче се жртви на колективна халуцинација.

Само Венко ја знае вистината. Или можеби Филипче. Зависи кој од двајцата е на смена тој ден.

Политичар што во еден пасус е „патриот“, а во следниот се однесува како портпарол на бугарските позиции, не остава впечаток на државник. Остава впечаток на човек што очајно се обидува да им се допадне на сите – и притоа завршува без доверба кај никого.

Особено трагикомично е кога истиот човек зборува за „загрозен идентитет“, а паралелно ја напаѓа сопствената држава дека премногу се спротивставувала на соседите. Тоа е како пожарникар да пали оган, па после да држи прес-конференција за противпожарна заштита.

Пет минути топло, пет минути ладно. Народски кажано – класичен „лимон табиет“.

И додека од Бугарија бара добрососедство, дома произведува поделби, омаловажува институции и шири наратив дека Македонија е виновна што се брани самата себе. Тоа не е модерна европска политика. Тоа е старата школа на сервилност, добро позната од времето кога СДС беше подготвен на сè, само за да остане на власт.

На крајот, можеби најискрена слика за политичкиот пад на Филипче е токму неговиот рејтинг. Колку повеќе се труди да биде „омилен“ надвор, толку повеќе дома тоне кон ниво на статистичка грешка.

Народот можеби долго трпи, но едно секогаш препознава – кога некој зборува во име на Македонија, а всушност работи против нејзината позиција.

Најново од: На прво место

Манасиевски: Откако бугарскиот амбасадор Филипче сфати дека не проаѓа кај граѓаните, стана партизан и почна да маршира

Бугарскиот амбасадор Филипче, кој ги застапува бугарските интереси во Македонија, верувале или не, викендов стана партизан. Поголем лицемер и човек без образ од бугарскиот амбасадор Филипче, нема. Секојдневно Филипче говори дека Бугарите треба да ги внесеме во Уставот и го шири наративот на Румен Радев во Македонија, но викендов маршираше токму против фашистичките окупатори. Директно […]

Мицкоски: Подготвени сме да оставиме зад себе татковина посилна од онаа што ја наследивме

На свечената академија по повод 11 Октомври во Куманово, премиерот Христијан Мицкоски порача дека почитта кон жртвата на борците за слобода обврзува на изградба на посилна држава, праведни институции и иднина во која младите ќе остануваат во Македонија. Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски, во обраќањето на свечената академија по повод Денот на […]

Мицкоски: Слободата е дело што секоја генерација мора да го продолжи

По повод 85 години од народното востание, Христијан Мицкоски порача дека почитта кон предците подразбира одговорност да се чува слободата и да се создава подобра иднина за следните генерации. Христијан Мицкоски упати честитка по повод 11 Октомври – Денот на народното востание, нагласувајќи ја храброста на луѓето што ја започнале борбата за слобода пред осумдесет […]

ОМД: 85 години од народното востание – Честит 11 Октомври!

Слободата, македонскиот идентитет и единството се завет што ги поврзува Македонците во татковината и во светот. Денес го одбележуваме 11 Октомври – Денот на народното востание, еден од најзначајните датуми во македонската историја. На овој ден во 1941 година започна народното востание против фашистичката окупација. Храбрите синови и ќерки на Македонија ја поведоа борбата, водени […]

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Пред 85 години, македонскиот народ ја потврди својата решеност да се бори против фашизмот, за национална слобода и за сопствена држава. Денес наша должност е да го чуваме она што поколенијата пред нас го платија со своите животи: слободата, достоинството и Македонија. 11 Октомври е празник на храброста, на отпорот и на македонската непокорност. На […]

„11 Октомври“ – еден од најголемите празници на Македонците во светот

Големиот македонски празник „11 Октомври“ е продолжување на слободарските традиции на македонскиот слободољубив народ проникнати во Карпошовото, Разловечкото, во Кресненското и во Илинденското востание, но и во напорите за социјално и национално ослободување вложени во Балканските војни и во Првата светска војна. Имено, на 11 Октомври 1941 година, борците од Првиот прилепски партизански одред го […]

Мицкоски: Скопското Кале ќе го добие ликот што го заслужува, Владата ќе обезбеди финансиска и логистичка поддршка

Увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Калето, во рамките на подготовките за Скопје – европска престолнина на културата. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изврши увид во завршните активности за обновување и ставање во функција на двата музејски објекта на Скопското Кале. Тој порача дека Владата ќе ги […]

Манасиевски: Амар ја критикува ревитализацијата на Калето, а молчи за тендерите на кадрите на Левица

Манасиевски реагира на видеото на Амар за Скопското кале и прашува на што се трошеле парите на скопјани кога кадри на Левица раководеле со градски институции. Во соопштение на ВМРО-ДПМНЕ, Манасиевски ја критикува реакцијата на Амар за најавената ревитализација на Скопското кале. Според него, Амар се фокусира на можноста за наплата на влезници, наместо на […]

To top