На прво место Дијаспора

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Гордана Димовска

Гордана Димовска

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата.

Гордост и радост владеат во македонската заедница во Австралија по големиот успех на Лиана Коњарски и нејзиниот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“.

На 30 август, на стадионот во Данденонг, клубот го освои големото финале во женската Премиер 1 конкуренција од Одбојкарската лига на Викторија. Успехот има посебно значење бидејќи ова е прва шампионска титула за клубот по 30 години, односно од 1996 година.

Посебен придонес во освојувањето на титулата имаше Лиана Коњарски, која за своите настапи доби и две значајни индивидуални признанија.

По големиот успех, Лиана за „Македонска нација“ изјави:

„Мојот клуб, Yarra Ranges Volleyball Club, го освои големото финале во женската Премиер 1 конкуренција од Одбојкарската лига на Викторија, на стадионот во Данденонг на 30 август. Ова е првпат нашиот клуб да ја освои титулата од 1996 година.

Исто така, на доделувањето на наградите ‘Volleyball Victoria Awards Night 2026’ бев прогласена за највреден играч (Most Valuable Player – MVP) во Премиер 1 лигата и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата.

Овие признанија ми значат многу бидејќи ја сакам одбојката и играм од 2011 година. Зад мене се години на напорна работа и посветеност. Освојувањето на медалот беше нешто навистина посебно, бидејќи играв со неверојатни спортистки кои воедно се и мои најдобри пријателки.

Многу сум почестена што сум прогласена за MVP и најдобар техничар. Благодарна сум им на моите тренери, соиграчки и на моето семејство за поддршката.

Следно ќе настапувам за Викторија, во клубот Melbourne Vipers, во Австралиската одбојкарска суперлига. Тоа е националната и највисоката одбојкарска лига во Австралија. Нашиот тим има една цел – да го освои златото!

Натпреварите ќе се играат во Мелбурн, но ќе настапуваме и на гостувања во другите австралиски држави.“

Успехот на Лиана Коњарски е уште еден пример за младите Македонци во дијаспората кои со својот талент, труд и посветеност постигнуваат врвни резултати во земјите во кои живеат.

Нејзината одбојкарска приказна продолжува со нов голем предизвик – настапите за Melbourne Vipers во најсилната национална одбојкарска конкуренција во Австралија.

Карти и информации за натпреварите на Melbourne Vipers се достапни на официјалната страница за продажба на билети.

Најново од: На прво место Дијаспора

Политиката на СДС се сведува на сеење страв кај граѓаните

Од најави за економски колапс и празен буџет до тврдења за договор за прием на мигранти, на прес-конференциите на СДС се повторува истата постапка. Најцрното сценарио се претставува како нешто што веќе се случува или е неизбежно. Кога станува збор за платата, пензијата или заштедата на едно семејство, вознемиреноста останува и по завршувањето на прес-конференцијата. […]

Скопје има три големи несреќи: Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС

СДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради. Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите […]

Мизрахи: На власта и е потребна конструктивна опозиција, критиките треба да се темелат на аргументи, а не само на партиски наративи

Во вчерашната емисија  „Интервал“ на телевизија 24, гостуваше Рашела Мизрахи, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која осврнувајќи се на парламентарната опозиција, изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на конструктивна опозиција која ќе изнесува аргументирани ставови и видувања засновани на докази и материјали за кои може да се води суштинска дебата. […]

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

ОМД успешно ја заврши втората турнеја низ Германија

Од 2 до 8 ноември 2026 година, Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) посети пет германски града. Се сретнавме со македонските заедници, ја претставивме нашата работа и направивме нови чекори кон формирање на ОМД Германија. По првата турнеја во март, вториот дел собра семејства, професионалци, здруженија и институции. Еве краток преглед на секоја станица. Бретен (Карлсруе) 2 […]

To top