На прво место

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ, демократијата и независна Македонија се сопатници низ времето

ВМРО-ДПМНЕ уште во периодот кога Македонија беше дел од југословенската федерација беше единствената политичка партија која отворено зборуваше за независна, демократска и суверена македонска држава, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски.

На денешната панел-дискусија „Повеќе учество – повеќе демократија“, во организација на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ, се обрати претседателот на партијата и премиер Христијан Мицкоски.

Тој истакна дека демократијата и независноста на Македонија се вредности со кои ВМРО-ДПМНЕ е поврзана уште од периодот пред осамостојувањето на државата, кога партијата се залагала за демократска, суверена и независна Македонија.

„Демократијата, ВМРО-ДПМНЕ, независна Македонија како да се сопатници низ времето, бидејќи ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија, во времето кога сè уште бевме дел од поранешната југословенска федерација, беше единствената којашто зборуваше за независна, демократска, суверена држава. Сите овие поединечни атрибути еден со друг се надополнуваат низ времето“, рече Мицкоски.

Според него, 35 години независност се доволен период за да се направи ретроспектива на патот што го измина Македонија. Државата минувала низ подеми и падови, учела од своите искуства и созревала, а демократијата останува процес што треба постојано да се унапредува.

„Можам да кажам дека демократијата е навистина на едно високо ниво, не само во рамките на нашата политичка партија, туку и во рамките на државата. Триесет и пет години се доволно за да можеме да направиме ретроспектива низ сè што поминавме, колку имавме подеми и падови, учевме, растевме, од падовите се обидувавме да станеме што е можно побргу и создадовме една прекрасна приказна наречена Македонија, којашто сите ние си ја сакаме“, истакна Мицкоски.

Тој додаде дека демократијата во Македонија е процес кој ќе продолжи да се усовршува и дека идните генерации ќе можат да оценуваат што направила секоја генерација за нејзиното натамошно созревање.

Мицкоски нагласи дека демократскиот капацитет мора постојано да се надградува преку отворен дијалог со граѓаните, но и во рамките на самата партија. Според него, единството на ВМРО-ДПМНЕ се гради токму преку демократските процеси и усогласувањето на ставовите.

Посебно место во тие процеси, како што посочи, има Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ.

„Многу е важно овој демократски капацитет континуирано да го надградуваме и преку дијалог да ги решаваме работите, со граѓаните, но и во рамки на партијата. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија којашто секогаш е препознатлива со своето единство, а тоа подразбира дека ставот се гради во рамките на демократските процеси на самата партија. Унијата на жени е дел од овој процес при градење на тие ставови“, рече Мицкоски.

Тој порача дека членките на Унијата на жени ја имаат неговата поддршка и дека заедничката цел останува понатамошното градење на демократскиот капацитет и на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонија.

 

Најново од: На прво место

Политиката на СДС се сведува на сеење страв кај граѓаните

Од најави за економски колапс и празен буџет до тврдења за договор за прием на мигранти, на прес-конференциите на СДС се повторува истата постапка. Најцрното сценарио се претставува како нешто што веќе се случува или е неизбежно. Кога станува збор за платата, пензијата или заштедата на едно семејство, вознемиреноста останува и по завршувањето на прес-конференцијата. […]

Скопје има три големи несреќи: Пиколомини, земјотресот во 1963 и СДС

СДС нема кредибилитет да зборува за состојбите во Скопје, откако со години го остави градот во хаос. Орце Ѓорѓиевски гради капитални проекти за кои СДС лажеше дека ќе ги изгради. Најголеми несреќи кои му се имаат случено на Градот Скопје е палењето од страна на Пиколомини, земјотресот во 1963 и владеењето на СДС во изминатите […]

Мизрахи: На власта и е потребна конструктивна опозиција, критиките треба да се темелат на аргументи, а не само на партиски наративи

Во вчерашната емисија  „Интервал“ на телевизија 24, гостуваше Рашела Мизрахи, член на ИК и пратеничка од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, која осврнувајќи се на парламентарната опозиција, изрази загриженост поради, како што рече, отсуството на конструктивна опозиција која ќе изнесува аргументирани ставови и видувања засновани на докази и материјали за кои може да се води суштинска дебата. […]

На 13 ноември се одбележуваат 82 години од ослободувањето на Скопје

Во текот на Втората Светска Војна, за ослободувањето на Скопје, животите ги положија 4.654 негови граѓани, од кои 956 загинати во битките и 3.698 граѓани како жртви на фашистичкиот терор. Скопје го одбележува 13 ноември, денот кога во 1944 година борците од Дванесеттата, Третата, Осмата и Шеснаесетата македонска бригада го ослободија градот од фашистичката окупација. […]

Мицкоски со факти ја разобличи хистеријата на Филипче

АЛТА банка на Мацура ја носи Владата на СДС и ДУИ   Владата на СДС и ДУИ уште во 2023 година дала насока за влегување во деловни односи со АЛТА банка од Србија, посочи премиерот Христијан Мицкоски на надзорната расправа во Собранието, покажувајќи извадок од нацрт-записник од владина седница одржана на 24 октомври 2023 година. […]

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка

Филипче и Заев да одговорат дали знаеле за сомнителните трансакции од 110 милиони евра од Венецуела преку Еуростандард банка СДС и Венко Филипче што со демагогии, лаги, манипулации и хистерија сакаат да предизвикаат страв и несигурност кај граѓаните, на македонската јавност им должат одговори за пропаста на Еуростабдард банка и за можноста за „перење“ пари. […]

Апел за донации: да ја зачуваме црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во Зубовце

Црковниот одбор на црквата „Св. Марена“ – „Св. Огнена Марина“ во село Зубовце упатува апел до сите добронамерни луѓе, фирми, институции и иселеници да помогнат во стабилизацијата и конструктивното зацврстување на храмот.  Црквата „Св. Марена“, стара речиси два века, во последните години претрпува оштетувања поради движење на земјиштето. За да се спречи нејзиното понатамошно оштетување […]

Скопје го разубавува своето лице во пресрет на 2028 година

Еден од најпрепознатливите симболи на Скопје доби ново декоративно и архитектонско осветлување, кое ја истакнува убавината на камените сводови над Вардар. Камениот мост во Скопје на 6 ноември 2026 година блесна со ново осветлување. Свечено го пуштија во употреба градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, и градоначалникот на турската општина Есенлер, Мехмет Тевфик Гоксу. Проектот […]

To top