На прво место

Манасиевски: Филипче по стапките на Заев, подготвен да ги исполни бугарските барања на штета на Македонија

Венко Филипче повторно докажува дека е подготвен да ја продолжи политиката на Зоран Заев, односно политиката на попуштање пред Бугарија и прифаќање барања кои, според ВМРО-ДПМНЕ, директно задираат во македонските национални и државни интереси.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека новиот бугарски премиер, Румен Радев, не е непознат фактор во бугарската политика и дека неговите ставови кон Македонија, македонскиот јазик, народ, идентитет и историја се одамна познати на јавноста.

„Тој и досега јасно покажал дека Бугарија нема намера да отстапи од своите позиции, ниту да се повлече од условувањата кон Македонија. Напротив, очигледно е дека официјална Софија ќе продолжи со притисоци и блокади секогаш кога тоа ќе ѝ одговара“, стои во соопштението.

Од партијата оценуваат дека во вакви околности е потребен јасен и цврст став во одбрана на македонските интереси, но дека Филипче и СДС, како што наведуваат, избрале „антидржавен и бугарски пат“.

„Наместо да застанат на страната на Македонија, тие испраќаат јасна порака дека доколку дојдат на власт, би ги спровеле уставните измени и би прифатиле политики кои се во согласност со барањата на Бугарија“, наведуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Во соопштението се додава дека, според нив, Филипче и СДС немаат проблем со „откажување, попуштање и тргување со најважните национални прашања“, обвинувајќи ги дека тоа го прават поради лични и финансиски интереси.

„Тоа што Зоран Заев го започна, Венко Филипче очигледно е подготвен да го доврши“, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Најново од: На прво место

Бојковска: Дијаспората мора да има полесен пристап до гласање, СДС зборува за ЕУ, но не поддржува реформи

Драгана Бојковска, член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник, во гостувањето на телевизија Канал 5, во емисијата „Само Вистина со Видиновски“, истакна дека Изборниот законик е едно од клучните прашања за остварување на демократските права на граѓаните, особено на избирачкото право. Таа нагласи дека посебно внимание мора да се посвети на македонската дијаспора и […]

Демократија по СДС-овски начин

Во СДС очигледно веќе нема политичка дебата, туку има список за етикетирање. Секој што има поинакво гледање за иднината на партијата, секој што јавно ќе каже дека СДС тоне, секој што ќе побара промена, одговорност или внатрепартиска демократија, веднаш станува „човек на Мицкоски“ и „играч на ВМРО-ДПМНЕ“. Тоа е новата демократија по СДС-овски начин: ако […]

Birthright Macedonia: викенд на наследството во Скопје и Битола

Програмата „Birthright Macedonia“ продолжи овој викенд со посета на едни од најзначајните историски, културни и природни знаменитости во Македонија. Учесниците имаа можност одблиску да ја почувствуваат убавината и слоевитоста на Скопје, од прекрасните пејзажи на кањонот Матка, преку вековното Скопско кале, Старата чаршија и центарот на градот, до местата што ја раскажуваат богатата историја и […]

Владата нема намера да биде запаметена по изговори, туку по проекти

Премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, порача дека оваа Влада нема намера да биде запаметена по изговори, туку по работа, проекти и резултати што ќе останат зад неа. Во месец април е забележан исклучително висок степен на реализација на проекти и силен раст во градежништвото. Последните податоци на Државниот завод за статистика покажуваат дека состојбата […]

НЕ ПОСТОИ ВИСТИНСКА ДЕМОКРАТИЈА БЕЗ ГЛАСОТ НА МАКЕДОНСКИТЕ ДРЖАВЈАНИ НАДВОР ОД МАКЕДОНИЈА!

Постојат теми што не смеат да се делат на партиски и непартиски. Постојат прашања што се поважни од секоја власт и од секоја опозиција. Едно од нив е правото на секој македонски државјанин реално да учествува во одлучувањето за иднината на својата татковина. Во вистинска демократија не смее да постојат граѓани чии гласови вредат повеќе […]

Владата на ВМРО-ДПМНЕ инвестира во младите: од август започнува програмата „Месеци на практикантство“ во општините

Младите се врвен приоритет на Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која создава реални услови тие својата иднина да ја градат дома, во Македонија. Министерството за локална самоуправа и Агенцијата за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА воспоставуваат стратешка соработка што треба да донесе нов пристап во развојот на општините, преку активно учество на младите. Во […]

„Астерфест“ од 4 до 8 август во Струмица

Од 4 до 8 август во Струмица, традиционално по 21. пат, ќе се одржи Интернационалниот филмски фестивал „Астерфест“. Годинешното фестивалско мото е „Со отворени очи“, со кое независните филмски автори симболично ја повикуваат публиката да го следи животот како филмска лента, низ бројни приказни од различни краишта на светот. Фестивалот, препознатлив во регионот и во […]

Анкетата со тројно водство на ВМРО-ДПМНЕ е најјасниот доказ зошто СДС бега од соочување со народот

Зошто СДС не сака нов Изборен законик? Зошто СДС не сака македонската дијаспора да гласа? Зошто СДС се кара со своите членови, со поранешни и сегашни функционери, со аналитичари, професори и со секој што ќе се осмели да каже поинакво мислење? Зошто СДС не разговара со факти, докази и бројки, туку со празна реторика, популизам […]

To top