На прво место

Промоција на нов албум и хуманитарен концерт во чест на Тоше и 29 години од неговото раѓање

Тоше Проески

Во пресрет на роденденот на големата македонска музичка ѕвезда Тоше Проески, вечер ќе биде промовиран новиот албум со негови композиции „Се уште сонувам дека сме заедно“, а утревечер во спортската сала „Борис Трајковски“ во Скопје ќе се одржи хуманитарен концерт под мотото „Со хуманост кон светлината“.
Тоше Проески
На концертот покрај останатото, ќе бидат исполнети осум песни кои Тоше ги компонирал, а ќе ги отпеат неговите пријатели – Тони Цетински, Борис Новковиќ, Нина Бадриќ, Аки Ракимовски, Елена Ристевска, Калиопи, Јелена Томашевиќ и Бојан Маровиќ, а присутните ќе имаат можност да ја слушнат и премиерната изведба на песната „Се уште сонувам дека сме заедно“ во српска верзија оргинално напишана на српски јазик „Још увјек сањам да смо заједно“, која тој ја смимил во летото 2007 година, а ја напишал композиторот Мирослав Рус. Ќе бидат промовирани и видео изданијата за песните „Guilty“ и „Forever in a Day“ од англискиот албум „The hardest thing“.

Концертот е во организација на Фондацијата „Тоше Проески“, под покровителство на Владата и Министерството за култура, а со цел собирање средства за остварување на уште еден голем сон на Тоше поврзан со неговиот духовен дом во Крушево, односно осветлување на манастирот „Свето Преображение“, каде тој го наоѓаше својот мир. ЕВН Македонија со донација за електрификација се вклучува во напорите за добивање светлина во манастирот. Владата и Министерството за култура реализираа неколку проекти во чест на македонската легенда.

По изградбата на манастирот „Свето Преображение“ беше пуштен во употреба патот до него. Во тек е изградба на Спомен-домот на Тоше Проески во Крушево, чија промоција се очекува во текот на 2010 година. Во близина на манастирот „Свето Преображение“ се најавува и изградба на крст во висина од околу 33 метри, симболично, според годините на Исус.

Ова е втор хуманитарен концерт посветен на Тоше. На 5 октомври 2008 година, една година откако тој последен пат настапи пред домашната публика, околу 30.000 луѓе од Македонија и регионот се собраа на Градскиот стадион да и оддадат почит на македонската икона, несебично да донираат средства и да му ја исполнат желбата – со помош на светилки да го оформат „ѕвезденото небо“ кое толку многу го сакаше.

По повод роденденот на Тоше Проески, денеска во спортската сала Форца-Мобимак во Скопје ќе се одржи турнир во мал фудбал и пригодна културна програма насловена „Остани како светлина“.

Во рамки на програмата ќе биде промовирана и книгата поезија на влашки јазик „Остани како Светлина“ од Ванѓа Михањ-Стерју, посветена на Тоше Проески и Кристина Костова, првата претседателка на невладината организација „Совет на млади Власи од Македонија“.
Во пресрет на роденденот синоќа во Скопје беше промовиран новиот албум со негови композиции „Се уште сонувам дека сме заедно“. Содржи девет композиици од кои за осум музиката ја потпишал Проески. Тоше ја пее песната по која е насловен албумот и која досега не е објавена, а изведувачи на останатите осум композии се Елена Ристеска, Бојан Маровиќ, Борис Новковиќ, Тони Цетински, Јелена Томашевиќ, Калиопи, Нина Бадриќ и Аки Рахимовски.

На 25 јануари ќе се одбележат 29 години од раѓањето на македонската легенда. Непреболената ѕвезда со славејски глас е родена во Крушево. Основното училиште завршува во „Никола Карев“ во родниот град, а љубовта кон музиката го носи во клупите на средното музичко училиште во Битола, па подоцна на Факултетот за музички уметности во Скопје.

Публиката од целиот свет веднаш ја препозна ѕвездата во него. Патот кон славата го започна во Прилеп со победата на тинејџерскиот фестивал „Мелфест“ и со дебито на штипскиот „Макфест“ со песната „Пушти ме“. Првиот концерт Тоше го одржа на скопското лизгалиште во 1999 година во јулска вечер на обилен дожд, по што следуваа безброј настапи, хитови, концерти, како и седум албуми се до денот на неговата смрт. Минатата година постхумно беше објавен неговиот осми албум „The hardest thing“ на англиски јазик.

Животот на македонскиот ангел згасна на 16 октомври 2007 година. Тоше загина во сообраќајна несреќа кај Нова Градишка на пат кон Загреб. Обожаватели од целиот свет постојано го посетуваат неговиот вечен дом на Гумење во Крушево. Редици од луѓе ден и ноќ чекаат да се поклонат на гробот на ѕвездата која имаше љубов за сите и сакаше да го промени светот….

Во чест на македонската икона утре, на денот на неговиот роденден, Републичкиот завод за трансфузиологија организира крводарителска акција. Повод за оваа акција е продолжување на хуманата мисија на Тоше. Од Заводот ги повикуваат граѓаните да се приклучат кон акцијата која почнува во 9 часот.

Најново од: На прво место

Мицкоски на средба со Македонците од Србија – границите не го делат чувството на припадност

Македонскиот јазик, културата, традицијата и националното чувство се нераскинлива врска со татковината, без разлика на државните граници и географската оддалеченост. Премиерот Христијан Мицкоски оствари средба со Македонците од соседна Србија, упатувајќи порака за значењето на единството, меѓусебната почит и зачувувањето на македонскиот национален и културен идентитет. Македонците во Србија, како и Македонците насекаде во светот, […]

Во 2028 Скопје ќе биде Европска престолнина на културата

За нешто повеќе од една година, во 2028 година, Скопје ќе ја добие можноста да се претстави пред Европа и светот како Европска престолнина на културата. Ова е значајно признание за македонската престолнина, но и голема можност за афирмација на македонската култура, историја, традиција и уметност на европската културна сцена. Титулата Европска престолнина на културата […]

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче да престане со политичките претстави и да одговори за Алта банка

Венко, како и неговиот газда од Струмица, манипулира и се однесува неодговорно во континуитет. Ако некој се прашува што ги поврзува еден неврохирург и еден бизнисмен-политичар од Струмица, освен тоа што се склони кон распродажба на идентитетот, склони се и кон лажење и корупција. Филипче, доста со политички претстави. Прво СДС и Филипче обвинуваа, па […]

ОБРАЌАЊЕ НА МАЛЕШЕВСКИТЕ ВОСТАНИЦИ ДО АНГЛИСКИОТ КОНЗУЛ ВО СОЛУН, 24 НОЕМВРИ 1878 ГОДИНА

Извор на документот: Документот е преземен од Фејсбук-профилот на Гоце Панговски. Историски документ: Протест на македонското население од Малешево против одлуките на Берлинскиот конгрес На 24 ноември 1878 година, населението од Малешевскиот крај упатило обраќање до генералниот англиски конзул во Солун, во кое ги изнесува своите страдања под османлиската власт и протестира против одлуките на […]

Мицкоски ја најави кампањата „Очи в очи за подобро“: Ќе ги посетуваме општините и директно ќе разговараме со граѓаните

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер, Христијан Мицкоски, ја најави новата кампања „Очи в очи за подобро“, во рамки на која тој лично, заедно со членовите на Извршниот комитет на партијата, ќе реализира интензивни посети на општинските и месните комитети низ државата. Кампањата беше најавена на 35. годишна конференција на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Филипче и СДС се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, постапката за Алта банка е јавна и транспарентна

СДС и Венко Филипче се обидуваат да креираат скандал таму каде што нема, во постапката за Алта банка, која е јавна и транспарентна. Тие продолжуваат со ширење неосновани обвинувања за Алта банка, обидувајќи се од редовна и транспарентна постапка за јавна аукција во јавноста да претстават непостоечки скандал. Фактите, се следни. Продажбата на над 95 […]

Една лага ќе им пропадне, а од СДС се тука експресно да смислат нова

Филипче и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите за Алта банка, овој пат јавната аукција сакаат да ја претстават како тајна зделка СДС продолжува со ширење лажни, паушални и неосновани обвинувања и манипулации во врска со Алта банка. Откако им пропаднаа сите досегашни и не им успеа обидот за креирање страв и општа паника со […]

To top