На прво место

Љубе Бошкоски го тужи Мане Јаковлески за клевета

Сестра Љуба и Мане Јаковлески

Сестра Љуба и Мане Јаковлески

Бошкоски смета дека Јаковлески со намера ја навредил неговата чест, нарекувајќи го предавник во емисијата „Отворено со народот“

Киро Кипроски
Утрински весник

ГОСТИВАР – Мане Јаковлески, претседател на Здружението за спас на Љубе Бошкоски, ќе седне на обвинителна клупа во скопска „двојка“ и ќе одговора за клевета, по приватна тужба на Љубе Бошкоски. Според изнесените факти во тужбата, Бошкоски смета дека Јаковлески со намера ја навредил неговата чест, достоинството и угледот, нарекувајќи го предавник во емисијата на МРТВ „Отворено со народот“. Овој прилог беше емитуван лани на 4 декември, со тема „12 години затвор за Јохан Тарчуловски – судбина или предавство“. Бошкоски од судот бара Јаковлески да биде прогласен за виновен и да му исплати нематеријална штета од 1.500.000 денари.

Јаковлески и Бошкоски беа долгогодишни сопартијци, блиски пријатели. Како претседател на Здружението, Јаковлески четири години беше носител на сите активности за да ја докажат вистината за Бошкоски пред Хашкиот суд. Во 2008 година Бошкоски беше ослободен и се врати во Македонија.

Тврдењата за навреда тужителот Бошкоски ги поткрепува со извадоци од настапот на Јаковлески. „… Партијата го бранеше во Хаг, го одбрани и по враќањето од Хаг, ни го сврте грбот. Тој почна да плука по сите нас, по неговата тогашна партија, по мене, неколку пати ме навредуваше на митинзите што ги одржуваше низ Македонија, секојдневно го навредува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ. За мене беше шок кога ја видов снимката. Не можев да поверувам дека Љубе, кој глумеше дека е патриот и пријател на Јохан Тарчуловски и на неговото семејство, врши предавство токму на Јохан“ …

„Не сум изненаден од се’ што кажа и што направи Бошкоски, по излегувањето од затворот во Хаг, па и со поднесувањето на тужбата“, изјави Јаковлески. Снимките објавени на „Јјтјуб“ ги коментирав во емисијата ‘Гласот на народот‘, не ги измислив“, рече Јаковлески.

„Можеби како претседател на Здружението не сум направил доволно за неговата одбрана, можеби не сум го посетил почесто во затворот во Хаг и затоа ми се лути“, со разочарување вели Јаковлески.

Тој му порача на Бошкоски повеќе да не навредува кој било член на ВМРО-ДПМНЕ. „Можеби ВМРО-ДПМНЕ е виновна што Бошкоски е на слобода“, вели Јаковлески.

Извор: Утрински весник

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top