Македонски легенди

Есма Реџепова – Теодосиевска

esma3-600
Амбасадор на ромската песна и Македонски музички освојувач на сите меридијани

esma3-600
„Ова високо признание не го добивам јас, туку го добиваат граѓаните на Македонија, затоа што сум секогаш во нивните домови. Ова не е само признание за мене, туку признание на сите националности кои живеат во Македонија“… (Есма Реџепова- Теодосиевска, по повод доделувањето на Ореден за заслуги за Македонија)

Оваа, 2010 година Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, ја одликува естрадната уметничка Есма Реџепова Теодосиевска со „Орден за заслуги за Македонија“.

Кралицата на ромската музика и светски признатата естрадна уметница Есма Реџепова прими орден за заслуги од претседателот на Македонија Ѓорге Иванов за нејзината досегашна работа во музиката, но и за нејзините хумани дела и филантропски активности.

Есма е најмаркантното музичко име на Македонската, балканската и светската музичка фолк-сцена, таа е жена која животот го посвети на хуманоста, човекољубието и добрината. Жената со божествениот глас почнувајќи од првото музичко откривање на 11 март, благодарение на ангелскиот глас стана светски прифатена и призната, таа со песната, темпераментот и ромскиот музички ритам го освои светот. Есма стана лесно препознатлив Македонски бренд во светот со својата оригиналност и музичка виртуозност.

Есма досега „излажа“ многу народи. Кога пеела во Шпанија мислеле дека е шпанска Ромка. Во Русија „малку го згрешила акцентот“, па публиката помислила дека е од Узбекистан. Во Келн публика од 20.000 гледачи занемела пред нејзиниот глас. Во концертната сала завладеала апсолутна тишина како никогаш дотогаш. Таа е среќна што по втор пат е номинирана за Нобелова награда за мир. Првпат во 1987 година, како кандидат на Црвениот крст на Југославија. а сега како адут на Светската организација на Ромите, со поддршка на 76 невладини организации и лајонс-клубовите во земјава. Есма никогаш не родила свои деца, но посвоила и одгледала 47. Сите тие растеле и се школувале во ансамблот „Теодосиевски“. Мајката на најмногу деца во Македонија денес има повеќе од 100 внуци и правнуци.

Низ биографијата на Есма Реџепова- Теодосиевска

esma2Есма Реџепова – Теодосиевска, истакнат естраден уметник и хуманист, е родена на 8-ми август 1943 година во Скопје, Република Македонија.

Потекнува од ромско семејство од татко Ибрахим и мајка Ќанија. Во нејзиното семејство песната, музиката и фолклорот се секојдневно присутни и се дел од семејната традиција.

На единаесетгодишна возраст учествува на популарната емисија на радио Скопје “Микрофонот е Ваш” и ја освојува првата награда. На тој настап ја забележува Стево Теодосиевски, кој во тоа време работи како корепетитор на програмата на радио Скопје. По завршувањето на основното образование во Скопје, Есма започнува да работи со оркестарот на Стево Теодосиевски и почнува да бележи успеси.

Првиот настап во странство е во театарот “Олимпија” во Париз.

Во периодот од 1960 до 1989 година Есма и Стево Теодосиевски имаат свое престојувалиште во Белград каде што Есма го завршува вишото естрадно училиште, а поради големиот број настапи во голем број држави на сите континенти, тие со право се нарекуваат “граѓани на светот”. Покрај со музиката, биле активни и на полето на хуманоста.

Низ нивниот дом поминале 47 деца кои биле израснати и воспитани во традиционален дух достојно да ги наследат своите родители. Покрај создавањето на вака бројно музичко семејство, Есма Реџепова – Теодосиевска и ансамблот “Теодосиевски” имаат одржано повеќе од 2000 хуманитарни концерти, како и спроведено повеќе хуманитарни активности и донации, од кои би се издвоила донацијата направена за градот Скопје “Домот на хуманоста и музејот на музиката на Есма и Стево Теодосиевски”.
esma4-600
Есма Реџепова – Теодосиевска заедно со ансамблот “Теодосиевски” има издадено 108 сингл плочи, 20 лонг – плеј плочи, 32 аудио касети, 15 компакт дискови, 6 видео касети и има снимено 12 емисии од по 30 минути за МРТВ. Има настапувано во 6 филмови и тоа: “Скопје ‘63”, “Крст Ракост”, “Туѓиот татко”, документарен филм од прогласувањето за кралица на ромската песна во Индија, “Запеј Македонијо” и филмот “ЕСМА” во продуцкија на ЗДФ од Германија.

За долгогодишната работа на музиката и песната и исполнувањето на критериумите на СОКОЈ е прогласена за истакнат естраден уметник и е единствената која во оваа категорија наградата ја добива според заслугите, а не според работниот стаж. Во 1976 година на првиот “Фестивал на Ромска музика и песна” што се одржува во Чандигар, Индија е официјално прогласена за кралица на ромската песна.

Во 1992 година на големата западно – европска турнеја е прогласена за “Примадона на европското пеење” и е единствен фолк пеач носител на оваа награда.
Покрај овие Есма Реџепова – Теодосиевска е добитник и носител и на повеќе други награди, помеѓу кои:

– Октомвриска награда на Југославија;
– Сребрен и златен медал од Претседателот на СФРЈ, Јосип Броз Тито;
– Сребрен медал од Црвениот крст на Црна Гора;
– Златен медал за хуманист во Босна и Херцеговина;
– Златен медал на Црвен крст на Југославија;
– Награда на УНИЦЕФ на Југославија; – Награда за животно дело на Србија и Црна Гора;
– Златен медал “22 декември”, Југославија;
– 1997 година, Најхумана жена во Македонија;
– 2000 година, Ромска пејачка на Милениумот, на фестивалот на Ромската култура” во Москва, Руска Федерација
– 2000 година, Златен медал на “Светскиот биографски институт” од САД;
– 2001 година, “Златна Бубамара” за животно дело;
– 2003 година, Печат на жена на годината;
– 2004 година, Награда “13 за Најуспешните”
– 2005 година, “Бјорнсова награда”, за најхумана жена и за залагање за правата на ромите.

Во два наврати била номинирана за Нобелова награда за мир, а добила и голем број на други награди и признанија.

Во 2006 година склучува договор за соработка со нашата продукциска куќа МИСТЕР КОМПАНИ, а како резултат на тоа ова е првиот албум за оваа компанија под наслов “Чекај животе“.

Најново од: Македонски легенди

Ибе Паликуќа – една од најмладите народни хероини од Македонија

Ибе Паликуќа (Дебар, 1927 – Шутово, Кичевско, 22 септември 1944) била учесничка во Народноослободителната војна во Македонија и една од најмладите жени од Македонија прогласени за народни херои на Југославија. Како борец и политички активист, својот живот го загубила на само 17-годишна возраст. Ибе Паликуќа е родена во 1927 година во Дебар, во албанско семејство. […]

Христофор Жефарович – првиот македонски хералдичар

Христофор Жефарович (околу 1690 – 18 септември 1753) бил зограф, иконописец, бакрорезец, калиграф, калуѓер, трговец и печатар од Македонија. Се смета за прв македонски хералдичар и еден од најбараните уметници на просторот од Солун до Пешта во XVIII век. Во 1741 година во Виена ја објавил книгата „Стематографија“, во која се претставени грбовите на повеќе […]

„Македонија ќе биде слободна!“ – Александар Турунџев (1872–1905)

Александар Турунџев е роден во 1872 година во селото Горно Врбени, Леринско, а се самоубил 30 август 1905 година во Битола. Македонски револуционер, илинденец и војвода, тој останал запаметен како еден од симболите на непокорот и саможртвата во борбата за слободна Македонија. „Македонија ќе биде слободна!“ –тоа биле последните зборови на Александар Турунџев пред неговото […]

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

To top