На прво место

Житни полиња, крвави ридови: за националното во Егејска Македонија

zitni-polinja

Fields of Wheat, Hills of Blood: Passages to Nationhood in Greek Macedonia, 1870-1970, The University of Chicago Press, Chicago and London, 1997, Anastasia Karakasidou.

zitni-polinja

Монографијата на Анастасија Каракасиду “Житни полиња, крвави ридови: за националното во Егејска Македонија, 1870-1970” во последните години се претвори во едно од појавите на модерната историска антропологија. Од публикувањето во 1997 г. до денес е преведена на неколку јазици, вклучително и на македонски јазик но не и на грчки. Тоа се должи на следните објаснувања. Книгата зафаќа клучни и истовремено деликатни проблеми околу постепеното грцизирање и национализирање на Егејска Македонија од ХІХ и почетокот на ХХ век. Таа претставува најсериозниот и успешен обид во последно време за комплексно и максимално објективно представување на крвавата историја на регионот, а истовремено и длабочини, локални проучувања и “сондажи”.

Пред нас е историја, во која се интегрирани раскази, социјалните и економските збиднувања, трагичната судбина на прогонетите и се она, кое ја создава современата физиономија на Егејска Македонија. На овој исклучително богат историско-антрополошки фон, Анастасија Каракасиду ги осмислува проблемите како инструменталното насилство и власта, судбината на личности , реалното и симболичното присвојување на донационалните балкански и малоазијски пространства. Таа ги проследува различните патишта на асимилацијата и интеграцијата, сврзани со државната политика, во историјата на регионот и целата палета од лични и групни стратегии и истории. Авторката навлегува во теми, коишто биле и се уште се табу во не само грчката, но и во балканската историографска традиција. Таа ја опишува без колебање судбината на “славофоното” население низ разнообразен документарен и етнографски материјал, собиран многу години. Во нејзината родна Грција авторката е “персона нон грата”, дури и во средината на академиците.

Публикувањето на книгата на англиски јазик мина во знак на вистински меѓународен скандал. Под притисок на грчкото министерство за надворешни работи книгата е сопрена во Оксфорд , што предизвика бурни протести и во крајна мера монографијата беше издадена во Чикаго . Меѓувремено авторката беше подложена на закани по живот и системна тортура- малтретирање од страна на некои крајно грчки националисти.

Книгата на Анастасија Каракасиду ги збогатува значително нашите познанија за историската судбина на Егејска Македонија и нејзиното население и човечките трагедии. Едно такво издание ни дозволува да вникнеме во целата сложеност на

проблемите, сврзани со националната интеграција и хомогенизација како процеси, карактеристични за целиот регион на Југоисточна Европа во ХХ век.

Во екот на најголемата грчка анти-македонска хистерија пред петнаесетина години, Анастасија не само што ја напиша оваа книга туку и настапуваше во разни семинари и отворено зборуваше за шовинистичката политика на Грција.

Жената беше и се уште е под страшен притисок. Тогаш постоеше реална опасност да и ги убиијат децата или неа. Жената доби нервно растројство заради тоа што и правеа.

Еве извадоци од нејзината книга:

424944” Во соперничките распарави на градењето нации на јужниот Балкан, зборот ’Македонија’ веќе не е само име на спорниот регион, туку е и симбол на националниот идентитет и на правото на историската слава. ”

“На други места во грчка Македонија, терминот [en]-dopyi (мештани) се користи да се означат славофоните кои го населувале регионот уште пред тој да биде инкорпориран во гpција во 1913 г.; во окрузите Воден и Лерин, на пример, изразот dopyos Makedhonas (локален Македонец) најчесто означува Славофон.”

Книгата на Каракасиду е сериозен научен труд, основан на дисертациjaта на авторката во Колумбиjскиот универзитет . Таа претставува научно етно-археолошко проучување на населението, кое живеело во близина на Солун плодородно поле во триаголник околу селото Ѓувезна (на грчки Асирос, Маврорахи и Екзамили), и го проучува националниот проблем во Грција од 1870-1990 г. Тој триаголник крстен од грците Лангадхас и според авторката е типичен и за останатите села. Заклучокот на Каракасиду е, дека целиот тој триаголник бил населен од луѓе, коишто до ХХ век зборувале словенски јазик, а не грчки. Тоа нејзино тврдење е поткрепено од неспорни лингвистички и археолошки докази.

Таа теза на авторката е во потполна противречност со официјалната грчка историска наука, која што упорно тврди дека Македонија била грчка уште од времето на Александар Македонски (IV век пр. Хр.) и секогаш била во тесна врска со елинска култура. Вистина е, кажува истата таа наука, дека имало словенско населување во таа област дури до Пелопонез во VI и VII век по. Хр., но поразените словени биле наполно елинизирани. “Тоа не е точно” – тврди Каракасиду. Словените зборувале до неодамна не само по нивите и ридовите на Ѓувезна. Зголемениот притисок, особено по Балканската војна од 1913 г., направи словените да ја почувствуваат забраната да се зборува на својот јазик “македоника” .

Таа ги проучва старите општински регистри, списоците на мажите, регистрите за свадби и раѓања, официјалната книга од Генералната дирекција за Македонија во Солун, како и местни документи за правни зделки меѓу населението. Исто така земјоделските списи и прераспределбата на земјата, црковните и училишните архиви се исто така проучувани највнимателно од авторката. Особено важни се разговорите, коишто таа ги води со месните жени, кај кои стекнала доверба. “Најпотресувачки е тој со Паскалина, која истрпела многу заради нејзиното потекло. Таа дури го дала на суд “за обид” еден човек, којшто јавно ја нарекол”бугарка”.

И покрај откажувањата на англиското издаваштво да го отпечати научниот труд, книгата СЕПАК ГЛЕДА БЕЛ СВЕТ. Таа се издава накрај во Чикаго заедно со книгата на американскиот професор Лоринг М. Данфорт “Македонскиот конфликт”.Научниот труд на Анастасија Каракасиду ја кине тешката завеса, која ја покрива жестоката денационализаторска дејност на Грција над македонците. Истовремено за прв пат еден грчки историчар се осмелува да ја каже историската вистина, без да се плаши за својата иднина и кариера.

Клаудија Лутовска

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top