Коментари

Да се биде Македонец е привилегија!

Maja_Daniels-2

Maja_Daniels-2
Маја Даниелс

„Дојдов да се збогуваме. Да се збогувам со вас…со самиот себе…со мојот поранешен живот. Денеска решив да станам Македонец. Да бидам Македонец е многу тешка одлука за мене. Тоа е еден вид живеење на ,,работ,,. Но, некако за мене е како начин на преживување. Да се биде Македонец значи да научиш како да преживееш. Тие се како ,, преживување на нациите,, во 10 лекции… ,,Големите,, нации, што и да значи тоа, треба да исчезнат побрзо од нив….Македонците……бидејќи тие вежбаат исчезнување многу долго време.“

Овој цитат е од претставата ,, 2012-Последните Македонци,,. Комедија која на крајот направи да се борам со солзите за да не ми потечат по лицето во полната сала на драмскиот театар.

Што значи да се биде Македонец? Родени сме со таа привилегија, но мислам дека во овие моменти на синхронизирани обиди за наметнување на состојби на депресија, бунило и неспознавање како резултат на нецивилизацискиот однос кон нас, забораваме да подзастанеме, да се завртиме наназад и да се запрашаме,, што значи да се биде Македонец,,.

Да се биде Македонец е привилегија! Привилегија на еден грст народ!

Еден грст народ а сепак една огромна нација. Наследници на Филип, на Александар, на Гоце, на Даме, на Никола…. Наследници на гордите Македонци. Ние… привилегираните… на плеќи го носиме бремето на една историја, на една цивилизација, на една култура која од самото постоење е достојна за почит. А токму тоа постоење е детерминанта на постоењето. И токму тоа не прави горди што сме Македонци, кои сепак не се запрашуваме за да си објасниме прво на себе си, а потоа на останатите, што значи да ја имаш таа привилегија.

Да се биде Македонец значи токму како што беше речено во цитатот. Да научиш да преживееш. Во свет каде што само цврстите опстануваат, ние вешто преживуваме.

Да се биде Македонец значи да се биде горд не само на привилегијата, туку и на земјата која секојдневно ја газиме кога излегуваме од дома, кога шетаме по улица….

Да се биде горд на родната грутка со нејзините добри страни но, и со нејзините маани. На нашите привилегирани Македонски раце ја носиме историјата на нашата цивилизација. Аманетот  на сите оние горди Македонци кои го дале својот живот за родната земја.

Да се биде Македонец значи да се гордееме со нашата Македонска православна црква.  Нашиот столб на постоење. Оној столб кој со векови наназад не потпира кога тлото ќе се разниша за ние сепак да останеме исправени и горди што сме Македонци.

Горди на знамето.

Она сонце кое не грее од самото постоење, кое е симбол на тагата и радоста на секоја македонска генерација. Она исто сонце кое ни ја топли душата кога ќе помислиме на Македонија, затоа што во Македонија е најсветло.

Не нарекуваат националисти, а ние сме патриоти.

Ни го негираат постоењето, а секој од нас на Македонски јазик ја прераскажува приказната на генерации и генерации Македонци. Ние многу добро знаеме дека сме постоеле, постоиме и ќе постоиме.

Ни го негираат името, а не се свесни дека со тоа се негираат самите себе.

Се однесуваат недемократски, а не знаат дека нам тоа не ни значи ништо.

Само ме чудеше зошто толку многу се уплашија и се свртеа против еден грст народ.

Тогаш сфатив!

Ние знаеме што значи да се биде Македонец. Ние знаеме која е нашата привилегија. Ние знаеме чие потомство сме. Нашата вера е јака, мирољубива, ненаметната а нашето срце чисто.  Чекориме по божјиот пат. Немаме потреба ниту од потврдување, ниту од докажување, ниту од признавање.  Ние знаеме кои сме! Нас, историјата не признала. Нас, Библијата не спомнала.

Пишувајќи му на Даме Груев, големиот Гоце Делчев вели:

“…Дали може да има друго место за еден Македонец, освен Македонија? Дали има и народ понесреќен од македонскиот? И дали има некаде пошироко поле за работа, отколку во Македонија…”.

Токму тоа поле е мегданот на кој со векови се калеле македонските јунаци. Тие сега се  историја што не прави горди, затоа што биле на страната на вистината. Затоа што биле свесни што значи да бидеш Македонец. Да бидеш роден како Македонец, да проговориш на Македонски, да битисуваш на Македонски, да се бориш за Македонското достоинство, за Македонската цивилизација, за Македонските вредности….

Затоа, ние сме Македонци!

Затоа сме горди патриоти кои ја сакаат својата земја.

Ние сме потомци на големи Македонци кои ја пренесуваат како аманет својата цивилизација, од своите претци на своите идни поколенија!

Има ли нешто поблагородно од ова?!

Има ли нешто поголемо од Македонија, од Македонското?!

Токму така….

Тоа е вредноста да се биде еден од привилегираните.

Да бидеш Македонец, по крв, по род, по јазик, писмо и свест.

Најново од: Коментари

Пред фактите и боговите молчат

Со децении на Балканот историјата се толкува низ интересите на државите и политиката. Затоа, ако сакаме да ѝ се приближиме на вистината, не треба слепо да веруваме ниту на грчката, ниту на бугарската, ниту на српската, ниту на која било друга национална историографија. Треба да ги гледаме фактите, старите карти, археологијата и документите. Еден факт […]

Историјата во сегашноста

Често можеме да ги слушнеме изреките: „Остави го минатото, гледај во иднината“ или „Минатото не носи ништо ново“. Но, токму во минатото сме се родиле, сме израснале, сме ги поставиле темелите на она што сме денес и сме стекнале искуства што нè водат низ животот. Минатото е исто толку важно како сегашноста, а можеби понекогаш […]

Атанас Македонец за Александар Македонски и „патридата Македониа“

Во 1845 година, во Венеција, јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“. Особено значење има неговиот предговор, во кој Македонија ја нарекува своја „патрида“, а за Александар пишува како за човек „од истата земја“. Овој запис од XIX век претставува значајно сведоштво за присуството на Александар Македонски во книжевната и културната меморија во […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Јотова се прави будала или навистина е будала ?

Јотова се прави будала или навистина е будала ? Да се нарече Јотова пачавра и караконџула тоа би било голем комплимент и би требало да се радува на тоа премногу. Сите подолни зборови ги заслужува одамна и тоа со тапија во пакет со бугарската влада и сите тамошни татарски слуги и тапанари. Секоја една регистрација […]

ШТО ЌЕ НИ ДОНЕСЕ МИЦКОСКИ ОД САД?

Јове Кекеноски Посетата на премиерот Христијан Мицкоски на Соединетите Американски Држави не треба да се набљудува само како уште една дипломатска посета. Таа се случува во период кога повторно се интензивираат разговорите за македонскиот европски пат. Неколку дена пред заминувањето на Мицкоски, евроамбасадорот Михалис Рокас даде една мошне интересна изјава. Тој најави дека претседателката на […]

Ламбе Арнаудов: И коњите зборуваат, зар не?!

Посветено на: Оние кои, кога имаат интерес, го признаваат и јазикот што го говорат коњите. Наскоро, сите, без исклучок, ќе го признаете македонскиот јазик, ама не со епитаф. МАКЕДОНИЈА ЌЕ ВЕ НАДЖИВЕЕ. Некаде во раниот среден век – внимавајте, Европо, колку сте назад – во централниот и, според многумина, најдобриот ареал за живеење во светот, […]

Татко, брате – го исполнив заветот!

Постојат ветувања што човек ги дава во еден миг, а ги носи цел живот. Постојат и завети што не завршуваат со смртта на оние на кои им биле дадени. Напротив, тогаш стануваат уште посилни – стануваат долг кон семејството, кон предците и кон сопствениот народ. Таков завет понел Петро Алексовски, Македонец кој животот го однел […]

To top