Песни за Македонија

Родна Земја Македонија

Гордана Димовска

Гордана Димовска

Како од ковчеже со златни резби
Излегуваат зборови милни
Зборови како бисери
Зборови баш македонски.

Е за тој збор
Македонец казна плаќаше
Рицинус пиеше
Беше прогонуван
Иселуван од огниште родно.

Има ли нешто полошо од тоа?
Да те истераат, да ти забранат име, јазик
Да те обезличат.
Заарем ние не сме луѓе зарем не треба да сме тоа што сме?

Секое камче, секоја педа земја, историја пишува,
Приказни, гатанки, легнди се редат,
за Македонија сведочат.

Рака за рака патуваа
Незнајни и знајни
Мали деца оттргнати од мајчински прегратки,
Заминаа по белиот свет,
Да се вратат не смееја
Каде го има ова?

Светот очите ги затвори пред суровите неправди.
Од своја родна земја ги
Испоганија.

Малку се солзите исплакани да раскажат маки македонски
А каде е правдата?

Зошто и ден денес да ме преиспитуваат која сум од каде сум
Се збриша ли името, јазикот, етничкото, нашето?

Земјата ја поделија
Историја прекроија
Каде е правдата за Македонија.

Бори се Македонијо
Борете се Македонци
Во светот, Македонци во Егеј и Пирин,
Застанете во одбрана силна на зборот, јазикот наш насушен,

Тој е извор непресушен.
Не сакам повеќе никој да ме оспорува
Не сакам никој историја да ми краде
Пишувам и се борам, барем добро нешто да сторам

За Македонија, мојата татковина мила.
Македонка се родив, Македонка ќе умрам.

Македонци, борете се против неправдите во светот.
Сме постоеле и ќе постоиме
Никој нема право да ти го одземе она што е твое да те нарече нешто друго од она што си – МАКЕДОНЕЦ

Најново од: Песни за Македонија

Македонија низ времето

Македонија низ времето   Низ векови на бури, низ гордост и низ рана, се раѓаше оваа земја, од сонцето огреана. Од античкото ехо, каде штитови бијат, под сонцето на Филип, каде војските со непријателот се бијат, Александар јаваше низ векови далечни, оставајќи траги во спомените вечни.   Од Хераклеја горда до Егејот син, се раѓаше […]

„Заветна“ — песна за нераскинливата врска со Македонија

Постојат песни во кои љубовта кон татковината се изразува како ветување. Таква е „Заветна“, во изведба на Пепи Бафтировски, со музика на Миле Барбаровски и текст на Георги Барбаровски — песна за страдањето, истрајноста и длабоката поврзаност на човекот со македонската земја. Уште во почетните стихови се навестуваат обидите Македонија да биде премолчена, сокриена и […]

Октомвриски пламен

Октомвриски пламен Се разгори нов пламен, Илинден трет „Доста се маки и страдања Да го истераме окупаторот клет.“ Блесна, поведе борци Кон нов симбол на слободата, Храбри и силни, Со љубов исполнети срца и лица нивни. Војникот оди напред и вее алово знаме, Ги поведе сите на борбениот фронт со завет За конечна слобода на […]

hqdefault

Бог да го бие Лазор Војвода

Народна песна за Лазор Груески од село Белица, зачувана преку снимка направена во Пуста Река во 1988 година Бог да го бие Лазор Војвода, Што ми нарами тенкана пушка, Што ми запаша острана сабја, Па ми отиде во Вранештица. Па ми пособра вранештичани, Вранештичани све добри луѓе. Ој, ој ви вие вранештичани, Утре ќе ојме […]

11 ОКТОМВРИ

Веле МИТАНОСКИ 11 ОКТОМВРИ Денеска на 11 октомври во мене свечено со песна се разгласи стихот-куршум испукан од срцето од љубов кон татковината Борбено построени кон зенитот да го возвишиме нашето шеснаесеткрако сонце и со вечна исправеност надежта храбро да ни се умножи по патот на партизаните кои ја започнале антифашистичката борба и ја создале […]

Солунскиот завет

Во чест на 23 Октомври — денот кога во Солун беа поставени темелите на организираната македонска револуционерна борба. Во онаа тивка есенска магла, кога Солун во полумрак заспиваше, шестмина мажи — д-р Христо Татарчев, Даме Груев, Петар Поп Арсов, Иван Хаџи Николов, Антон Димитров и Христо Батанџиев — со чисти идеали над книжарницата судбина ковеа. […]

„Локвата и Вињари“ – поетскиот завет на Лазар Поп Трајков

Поетско сведоштво за храброста и саможртвата на македонските револуционери во предилинденската борба кај Д’мбени во 1903 година Берик, 21 јуни 1903 година, стар стил Пак доаѓам при вас, о врвови вишни, по планини жедни, низ безводни спили, да видам јас скрки и долинки скришни што крвта ги багри на јунаци мили. Да останат вечно спомените […]

ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА

Проф. д-р Солзица ПОПОВСКА ʼРКУЛЦИ ВО ТУЃИНА Дали местото каде што мина пола век Може да е подраго од лулката каде што се роди? Дали исто Сонце грее таму и тука, Или тука и таму? Не џабе се рекло „Кога ќе се подмести каменот, лежиште нема“. Многу години минаа во туѓа земја Но, дали таа […]

To top