Коментари

Кој сака да ги одроди Македонците со исламска вероисповед од македонскиот народ?

svekrva

svekrva
Свекрва

На бесмислените потези на дел од македонските политичари им нема крај. Кај некои од нив веќе не станува збор само за бесмислени и тактички чекори, туку за класични будалаштини.

Ете, на некого му текнало дека т.н. „Торбеши“ требало да бидат засебна етничка популација, која ќе стоела запишана дури и во Преамбулата на македонскиот Устав.

Партијата за европска иднина на Фијат Цаноски во Струга ја презентира т.н. Торбешка повелба, со цел, како што вели, да ја претставела реалната слика за оваа „етничка заедница„ во Македонија. Прво, партијата на Цаноски прави невидено понижување на овој нераскинлив дел од македонскиот народ, бидејќи станува збор за Македонци со исламска вероисповед, а тоа што нејзини претставници погрдно ги нарекуваат Торбеши е жаргон од кој треба што поскоро да се оттргнат официјалните политички претставници во државава, без оглед дали се власт или опозиција.

Изјавата на извесен Шериф Ајрединоски, кој се претставува како претседател на Румелија дека „торбешката популација е една од најнегираните популации, присвојувана од другите и негирана од другите„ не докрај ја објаснува.

За да станат работите појасни, Ајрединоски треба дополнително да одговори на прашањата. Кој ги присвојува Македонците со исламска вероисповед, чии тортури трпат, кој им врши притисок за време на одржувањето на пописот ? Не сакаме ниту да помислиме дека Ајрединоски мислел на нивно присвојување од страна на Македонците со православна вероисповед, затоа што гледано од етнички апсект тие се едно тело, една душа, еден народ, еден јазик, само со различна вера која ја примиле за време на османлиското владеење на македонските простори.

Неретко има случаи еден исти народ да споделува различни вероисповеди, но во моментите кога тоа резултирало со нивно отцепување од сопствениот народ во етничка смисла на зборот, се случувале братоубиствени војни. Такви се случаите меѓу христијаните католици и христијаните протестанти, како и меѓу муслиманите шиити и муслиманите сунити. Кај нив станува збор за верски мотивирани судири меѓу исти народи, но со различна вероисповед.

Доколку направиме една паралела и денешните Албанци се поделени по верска линија, некои се муслимани, некои христијани католици, други христијани православни. Па, никогаш ниту на едните, ниту на другите не им паднало напамет од верски побуди да се делат по етничка линија оти тоа е неиздржано. Од друга страна, и Ромите се поделени по верска природа како никој друг. Тие се и муслимани, и православни, и протестанти и Јеховини сведоци. Што би се случило доколку секоја од овие верски заедници кај Ромите посака да биде малцинство по национална линија ?

Ова што сега го форсираат некои недораснати политички изроди, самопрогласени претставници на Македонците со исламска вероисповед во Македонија, не претставува ништо друго освен аматерско и одродничко однесување, се со цел да ги задоволат личните политички и финансиски интереси.

Ако Македонците со исламска вероисповед, односно нивните самопрогласени политички репрезенти се обидат да се прокламираат како засебна етничка заедница, дали истото тоа не би важело за Македонците со протестанска вероисповед?                     Нашиот поранешен претседал Борис Трајковски и припаѓаше токму на оваа верска заедница, но во душата и срцето беше голем и достоинствен Македонец, крвта му беше македонска.

Обидот да се промовира „торбешка етничка заедница„ во Република Македонија е огромен удар врз македонското национално битие, откинување на витален орган од македонскиот организам без кој не може да преживее.

Сличен ваков обид имаше некаде во 1998 година, кога претседателот на тогашната Демократска муслиманска партија, Тефик Кадри, познатиот слаткар од Шехерезада, невешто сакаше да протне теза дека Македонците со исламска вероисповед се посебна етничка заедница. За време на изборната кампања коалициски седеше на една маса со Бошњаците, Ромите, Турците, Власите и Србите, давајќи сигнал дека Македонците со муслиманска вероисповед се малцинство. Тогаш тоа не помина.

Нема да помине ниту ова денес, оти Македонците со исламска вероисповед знаат со какво млеко се задоени, знааат чија крв тече во нивните вени, знаат чиј јазик зборуваат, чии песни пејат.

Ајрединоски понатаму вели: „кај другите етнички заедници, како што се Албанците и Македонците, постои свест дека ние сме нешто друго.„

Напротив, кај Македонците постои високо развиена свест дека Македонците со исламска вероисповед се дел од македонскиот народ, дел што никој не може и не смее да го оттргне, затоа што ќе го искриви секое делче од историјата на оваа напатена нација. Доколку други етнички заедници во Македонија со муслиманска вероисповед се обидуваат да ги присвојат со физички или психолошки притисок, тогаш тоа е сосема друга работа и надлежните органи треба да постапуваат врз основа на постоечките закони.

Никој нема право врз основа на верските убедувања да создава различна етничка заедница и истата да ја искористува и злоупотребува за дневно политички цели. Тоа е пред се, грев пред Господа.

Македонија како држава отсекогаш се залагала за почитување на верските права и слободи на сите етникуми, па оттука и на Македонците со исламска вероисповед. Тие се дел од богатството на македонската ризница, на македонскиот фоклор, традицијата и обичаите. Сигурни сме дека Македонците со исламска вероисповед нема да дозволат сквернавење на својата крв, нема да дозволат да бидат откинати од својот македонски народ.

Секој народ има свои одродници и таквите историјата секогаш ги казнувала, секогаш завршувале на буништето на срамот, таму кај што никој не згазнува.

Со т.н. Торбешка повелба, партијата на Цаноски ќе исправала голема неправда кон „Торбешите„ не размислувајќи дека токму со таа повелба веќе врши голема неправда врз Македонците со исламска вероисповед, бидејќи сака да ги откине од сопственото огниште. Не треба да се кријат зад параванот на зборот демократија и основни човекови права, оти очигледно не знаат што тие всушност значат. Демократијата подразбира почитување и уважување на различностите, а не деградација на еден народ.

Македонска нација им порачува на Македонците со исламска вероисповед во Македонија и во соседните држави дека проектите за деградација на нашиот народ нема да поминат.

Македонскиот народ е доволно свесен кој е, што е и каде е.

Доста му беа џелати низ историјата.

Оставете го малку да проживее.

Најново од: Коментари

Кармата ја фати Европа

Има правда, иако понекогаш доаѓа доцна. Денес тоа најсилно го чувствува старата Европа, која со години си го земаше правото да одлучува за судбината на други народи. Ние, Македонците, добро знаеме што значи кога други ти ја кројат судбината. Во 1913 година Македонија беше поделена, а Македонците останаа да живеат на различни страни на новите […]

Филипче и СДС – ловџии во политичка заседа со празна пушка!

Филипче и раководството на СДС сè повеќе потсетуваат на ловџија кој цел ден седи во заседа, чекајќи да му се појави некое диво животно. Кога конечно животното ќе се приближи, ловџијата ја крева пушката, нишани, повлекува чкрапало, но наместо истрел – тишина. Пушката е празна!  Токму така изгледа политичкото дејствување на Филипче и СДС во […]

Никогаш поблиску, никогаш посами

Современиот германско-корејски филозоф Бјунг-Чул Хан (Byung-Chul Han), познат по неговите остри и длабоки анализи на дигиталното општество и отуѓеноста рекол: “Никогаш не сме имале повеќе контакти во имениците, ниту подолги листи на „пријатели“ што во секој миг знаат каде пиеме кафе, каква музика слушаме и што нè изнервирало утрово. Сепак, ретко кога во поновата историја […]

На сите кои се со бугарска самосвест, да им се дозволи да заминат во Бугарија!

Предлогот да биде доставен до претседателот на државата, владата, дипломатскиот кор, пред се од ЕУ, министерствата за внатрешни и надворешни, за правда, секако и до Венко Филипче, претседателот на СДС! Евеја причината зошто ја предлагаме оваа „мудра“ идеја: во Македонија се случи сообраќајна несреќа со смртен исход, во која животот го загубил градежен работник од […]

Европската Унија не може да бара исполнување на обврските од Македонија, а да ги премолчува правата на Македонците во Бугарија

Европската Унија постојано се повикува на договорените обврски од 2022 година и бара Македонија да ги исполни преземените обврски, вклучително и уставните измени со кои Бугарите треба да бидат внесени во македонскиот Устав. Брисел тоа го претставува како услов за продолжување на европскиот пат на Македонија, повикувајќи се на договорената преговарачка рамка. Но, тука се […]

Ламбе Арнаудов: Благословите од мајка МАКЕДОНИЈА до своите чеда!

– Првиот Благослов го посветувам на денес одржаната 35-годишнина на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ, цветот и пролетта на нашата партија, младите Лавови предводени од ЛИДЕРОТ ХРИСТИЈАН МИЦКОСКИ, најдобрата верзија на ОРГАНИЗАЦИЈАТА од нејзиното основање и тоа со голема благодарност што ја бранеа и одбранија, што ја чуваа и сочуваа нашата Татковина МАКЕДОНИЈА и […]

Европа без место на масата – поука од Букурешт 1913

Во 1913 година, во Букуреш, се одлучуваше за судбината на Македонија. Македонците немаа место на преговарачката маса, немаа сопствена меѓународно призната држава и немаа сила да ја спречат поделбата на својата татковина. Македонија се бореше за слобода и самостојност, но интересите на соседните држави и тогашните големи сили надвладеаја над стремежите на македонскиот народ. Сто […]

Што предвидела Баба Ванѓа за еконимски напредок на Македонија?

Баба Ванѓа (Ванѓелија Гуштерова), позната како „балканскиот Нострадамус“, е родена во Струмица во 1911 година, но поголемиот дел од својот живот го поминала во Петрич, каде што стекнала светска слава. Според едно раскажување што ѝ се припишува на Баба Ванѓа, Македонија ќе има финансиски тешкотии сè додека повторно не проработи рудникот „Алшар“ на планината Кожуф. […]

To top