На прво место

Откриен споменикот на Свети Наум Охридски

sveti_naum

sveti_naumСпоменик на Свети Наум Охридски – Чудотворец  висок 6,5 метри синоќа беше откриен во паркот пред Рибниот ресторан во самиот центар на Охрид.

На церемонијата пред откривањето на паметникот на големиот христијански и православен светител Свети Наум пригодна рече даде академик Цветан Грозданов, говорејќи за светецот, неговите дела, култот што го негуваат охриѓани особено за Наум Чудотворецот. Притоа тој нагласи дека чудотворната моќ на Свети Наум ја признаваат и почитиваат дури и луѓе од другите вери.

Градоначалникот на Охрид Александар Петрески во име на градот и граѓаните изрази благодарност на авторот Томе Серафимовски и на сите оние кои изминатиот период активно учествуваа во реализацијата на проектот, за на Градскиот плоштад да блесне монумент со посебна убавина, кој истовремено ќе ја означува нишката на нашата поврзаност со Бога и светителот Наум Охридски.

– Охрид градот светилник на македонската историја облеан од неприкинатата светлина на личностите кои го одбележувале неговото постоење и развој во духовен и културен центар, со должна почит кон својот светител Наум, го поставува ова дело на Градскиот плоштад, презентирајќи пред сите добронамерници уште еден од своите морални и духовни градители, рече градоначалникот Петрески пред присатните на откривањето на паметникот.

Споменикот со црковна церемонија беше осветен од страна на поглаварот на МПЦ, г.г. Стефан, кој рече дека Охрид не можел да добие поубав украс на самиот ден на празникот на Свети Наум од паметник со неговиот лик.

– Верувам дека сте согласни дека во оваа наша духовна престолнина, во овој град на вековите се родили и растеле или доаѓале и го освојувале многу личности, но Свети Наум е еден од оние кои најмногу го освоил Охрид. Никој толку далеку не ја однел славата и вистината на Охрид и нашата вистина и за јазикот и за писмото и за културата и за црквата, сета наша вистина најмногу отишла далеку благодарение токму на овој скромен, преподобен човек, божји верник и голем човекољубец, рече меѓу другото архиепископот Стефан.

Со поставувањето на споменикот на Свети Наум се заокружува духовниот триаголник во центарот на Охрид, каде веќе се наоѓаат спомениците на Свети Климент, патронот на градот и на светите браќа Кирил и Методиј. Инаку, сите три споменици се дело на скулпторот Серафимоски.

Најново од: На прво место

Пророштвата на Голем Александр (Александар Македонски) – видението за вековите и иднината на Македонија

Во Венеција во 1845 година јеромонахот Атанас Македонец го објавил „Пресказание на Голем Александр“ (Александар Македонски), пренесувајќи старо претскажување што, според прологот на книгата, било пронајдено при ископување во Вавилон, во златна кутија, а потоа преведувано на повеќе јазици. Возбудливо видение што му се припишува на Александар Македонски. Текстот е подолг, но вреди да се […]

30 септември: Македонски историски, културен и црковен календар

На 30 септември се сеќаваме на настани што оставиле трага во образованието, новинарството и политичката историја на Македонија. 1903 – Разговори за реформи во Македонија По задушувањето на Илинденското востание, на 30 септември започнале разговорите меѓу рускиот цар Николај II и австроунгарскиот император Франц Јосиф. Тие довеле до Мирцштегската програма, со која двете држави предложиле […]

Ја поделија Македонија, а посегнаа и по нејзината историја

Во 1913 година не ја поделија само македонската земја. Пресекоа семејства, населби и духовни средишта. Потоа посегнаа и по македонското минато — по владетелите, револуционерите, јазикот, културата и паметењето на народот. Но државната граница не е сопственички лист врз историјата! Со Букурешкиот договор од 10 август 1913 година била утврдена поделбата на Македонија меѓу Грција, […]

Аларм во општина Врапчиште: Жителите остануваат без вода за пиење и по цели денови

Ако институциите со години не можат да го решат овој проблем, граѓаните од Полог апелираат до премиерот Христијан Мицкоски лично да провери каде е заглавен „Равен – Речица“ и да побара конкретен план за негово завршување. Речиси десет години по потпишувањето на договорот и по исплатени 808.768.339 денари, односно приближно 13,1 милиони евра, Полог сè […]

29 септември: Македонски историски, културен и црковен календар во границите на етничка Македонија

На 29 септември денот носи спомен за војните и отпорот против окупацијата, но и за луѓе чие дело се простира далеку надвор од родниот крај. 1918 – Во Солун е потпишано примирјето со Бугарија По пробивот на Македонскиот фронт, Бугарија на 29 септември потпишала примирје со сојузничките сили во Солун. Договорот предвидувал повлекување на бугарските […]

Мицкоски со критики кон СДС, Радичевски со проекти за Брвеница

На митингот на ВМРО-ДПМНЕ во Брвеница, премиерот Христијан Мицкоски говореше за односот на опозицијата кон владините политики, а кандидатот за градоначалник Стојанчо Радичевски ја претстави својата програма за општината. Мицкоски се осврна на критиките што, како што рече, СДС ги упатил претходниот ден во Брвеница за инвестициите, рударството, дата-центрите и насоката во која се движи […]

Висок екс функционер на Заев и Ковачевски под радарот на Јавното обвинителство

Предметот на интерес на истрагата на Јавното обвинителство се наоѓа во членка на ЕУ Неофицијално, од извори во правосудството expres.mk дознава дека се води предмет против екс претседателката на Државната комисија за одлучување во управна постапка и постапка од работен однос во втор степен од времето на Зоран Заев и Димитар Ковачевски. Според неофицијалните податоци […]

На ВМРО-ДПМНЕ му одговара Филипче на чело на СДС

На ВМРО-ДПМНЕ можеби ѝ одговара Венко Филипче да остане претседател на СДС. Но на граѓаните и на Македонија не им одговара опозиција која на секоја критика одговара со навреди наместо со идеи. За раководството на чело со Филипче, се чини, секој разговор надвор од партиските рамки е закана. Секој што ќе ја оспори насоката во […]

To top