Дијаспора

Чест и почит- Благој Шамбевски (2)

janko_tomov
Специјална чест и почит, за починатите лидери на иселеништвото, во прославата на 20 годишнината на суверена Република Македонија

Вечна слава, помен и лесна земја, на покојни, видни лидери на Македонското движење, во дијаспората, што работеа за денешната слобода и осамостојувањето на суверена Република Македонија.

janko_tomov
Пишува: Јанко ТОМОВ

По повод 20 годишнината од осамостојување на Република Македонија, редно е да им се одаде признание и почит на досега покојните Македонски патриоти, а посебно на раководствата и специјално на лидерите кои во македонската емиграција, во западната хемисвера, го дадоа својот дагоцен придонес, за денес да имаме слободна демократска држава Република Македонија.

Нивната пожртвувана патриотска активност, за стварање на демокраски политички Македонски организации и партии во дијаспората, организирајки ја и информирајќи ја целосно Македонската емиграција, го донесе својот резултат, а тоа е донесувањето на плурарниот демократски систем на владеењето во Република Македонија, од новите втори татковини, на иселениците, од демократскиот западен свет.

Благоја Шамбевски, политички секретар на ДООМ, 1921-1974

Blagoj-ShambevskiБлагоја Шамбевски, демократ, роден во с. Долно Опци, Битолско во 1921- убиен од југословенските комунисти (УДБ-а), на 1 Август 1974 година во Минхен Германија.

Шамбевски, потекнува од македеонско револуционерно семејство, кои дале големи жртви за слободата на Македонија. Одма по Втората Светска Војна, Благоја организира отпор, со стварање активност на ВМРО,во Битола, против ОЗНА (УДБ-а) македонските комунисти, за што бил прогонуван и мачен.

Другарот на Шамбевски, Методи Коларов, во 1947 година, за Македонската патриотска активност, го осудуваат на смрт, а го стрелаат во затворот во Битола. Слични случаи, за отпор на Битолчани кон комунистите, е и некој Македонец, по име Балто. За него ми раскажуваше, мојот верен другар, од Средна фускултурна школа, во Скопје, во втората половина на 50-те години, Александар Божиновски-Цаци, гимнастичар и поет, дека кога поминувал Тито низ Битола за Охрид, Балто го фрлил своето палто, пред возилото на Тито и силно рекол:

“Ми зедовте се што имам, еве ви го и палтото”, за што бил одма лишен од слобода.

Благоја Шамбевски, емигрирал во 1962 година во Германија. Наскоро се запознава со Драган Богдановски и други Македонски патриоти и заедно почнуваат да ја организираат македонската емиграција, во Германија и Шведска. Осниваат и национално- политички Македонски организации, од кои позначајни се: Ослободител Комитет на Македонија (ОКМ) и Движење за Ослободување и Обединување на Македонија (ДООМ). Осниваат неколку списанија и весници, а во 1971 година го осниваат патриотското списание “Македонска нација”

Шамбески има заслуги и за изготвување на Статутот на ОМК, кој е публикуван во весникот “Македеонија”, во Минхен 1967 година, а кој Статут е база за надградениот на Статутот и Политичката Платформа, покасно на ДПМНЕ а и на ВМРО-ДПМНЕ, који и ние во Австралија малку ги прочистивме.

Благоја Шамбески, е меѓу првите организатори на Македонскот движење во дијаспората. Негова посебна и крајна организација е успешниот Конгрес на ДООМ, во Минхен, Германија, кој се одржа на 13 и 14 Април 1974 година, со присаство на 60 делегати од Европските држави, мегу кои 4 од Австралија,3 од Америка (САД) и 2 од Канада. Повторно избран за претседател, на ДООМ и за главен уредник на “Македонска нација”, е Драган Богдановски, кој за време на одржувањето на Конгресот, беше во затвор, поради безбедносни мерки, на Минхенската полиција, која го обезбедувала Конгресот.

Последната патриотска функција, во ДООМ, Шамбевски ја извршува како Политички секретар, во 1974 година, во Централниот Комитет, каде претседател беше Драган Богдановски, со потпретседателите Љубе Филковски и Ристе Ристевски, а благајник, Цане Трповски.

Благоја Шамбевски, вработен во хотелот “Ројал” во Минхен, Германија, како портир, за време на службата, рано изутрина на 01. Август 1974 година, бил убиен од платеници на Југословенската УДБ-а. Убијците го убиле со удирање со железна шипка, по задниот дел на главата.

Точно не се знаат убијците на Шамбевски, но нашите Македонци од иселеништвото раскажуваа, дека тој бил убиен од Македонец. За убиството ми зборуваше Крсто Цалев, во 1975 година, кога работевме во водовод и канализации на Перт, Западна Австралија, кој беше борец на ДАГ. Крсто велеше дека некој Македонец УДБ-аш, го убил Шамбевски со железна шипка по глава. Крсто ме уведуваше во тајните на ДООМ, покажувајки ми поедини списанија на “Македонска нација”, кои ги чуваше внимателно и со гордост.

Во врска со убиството на Шамбевски, кое се случило, во времето на убиствата на 8 Хрвати, наречени “Усташи”, во европските Западни држави, од страна на УДБ-а, ме замисли податокот на, мислам, покојниот професор по физичка култура, Кајчевски, од Скопје.Тој пред моето тајно емигрирање, во 1970 година, во Австралија, каде работејки на референтски функции, во Сојузот на Организациите за Физичка Култура на Македонија (СОФК-а), ми рече дека штотуку се вратил од Германија, каде ги обучувал југословенските емигранти, Џиу Џицу и Карате. Тоа било на трошок на РСВР, за да се бранеле од Хрвати-така наречени “Усташи”.

Кајчевски-Кајче, како го викавме, беше дете на борец од ДАГ. Тој заврши курс за Карате, на курс во Охрид 1967-68 година и положи за тренер, Во тоа време многу Македонци, имаа големи функции во РСВР (УДБ-а). Таму имале посебен Оддел, за водење “сметка”, за македонската емиграција. Исто така во тој оддел на СВР, имало архива на евиденции за кодоши-шпиуми на УДБА-, врбувани писмено да праќаат информации за Македонци-антијугословени И тие кои биле активни против комунистите-југословени, регистрирани со конспиративни имиња-надимци.

Шамбевски оставил вдовица, Зора со машко и женско дете, во Германија и ожалостени многу роднини и пријатели во Република Македонија. Најголем аманет-порака, големиот Благоја-Шамбе, остави до Македонските патриоти, во емиграцијата и во Македонија, да ја продолжат активноста на ДООМ, за да падне комунизмот и за создавање на Обединета самостојна Македонска суверена држава.

Вечна му слава и лесна му земја

Подолжува во наредниот број со општи-покуси податоци за активностите на активистите, починатите патриоти, како што беа, Панко Стамкоски, близок соработник на Драган Богдановски и потпретседател на Координативниот Одбор на ДПМНЕ за диаспората и за Австралија, од Мелбурн, Крсто Јанчев Димитров, заедно со Ѓорги Чучков, од Сиднеј, едени од важните лидери на НМРО од Сиднеј и едени од уредниците на списанието “Глас на Македонците”,а и кои во првата половина на 80-те ја издаваа, во неколку броја “Македонска нација”, Михаил Шариновски-Солунски, претседател на ДООМ и уредник на извесен број на “Македонска нација”, заедно со Ристе Ристевски, кој беше извесно време потпретседател на ДООМ, од Сиднеј. Крско Шкодров, член на ТНМРО од Перт и член на организацијата за МЧП, Стојан Србинов, од Мелбурн и други починати патриоти.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top