На прво место

Скопје доби најмодерен аеродром на Балканот, „Александар Велики“ со нов лик

aerodrom_11

aerodrom_11Реконстрираниот аеродром „Александар Велики“ во Скопје, инвестиција на турски ТАВ,  денеска официјално ќе биде пуштен во употреба. Аеродромот е  десет пати поголем од досегашниот, со капацитет да обезбеди услуга за четири милиони патници годишно.

Во скопскиот аеродрoм, кој „ТАВ Аеродроми“ го презеде во март минатата година и со него ќе управува во следните 20 години, до март 2030 година, турската компанијата вложи 100 милиони евра. Модернизацијата и изградбата траеја 18 месеци и 5 дена.

Со додавање на нова терминална зграда од 40 илјади квадратни метри со шест патнички пристапни мостови, „ТАВ Аеродроми“ го зголеми капацитетот на  4 милиони патници, ја прошири пистата, како и карго делот и паркинг просторот.  Изграден е карго хангар со капацитет од 40.000 тони годишно, нова противпожарна станица, службена зграда од 5.000 метри квадратни, паркинг за 1.300 возила, 23 места за чекирање, а постојната пистата е проширена за 500 метри.

Во средишниот дел на аеродромската зграда е поставен симболот на аеродромот –  споменик  на Александар Велики поставен на коњ. Споменикот е  подарок за Македонија од Мурат Орнекол, оперативниот директор на концесионерот ТАВ.

Новиот аеродром, според инвеститорот, е најмодерен на Балканот, а  поради стратешката локација треба да стане балкански транспортен центар. Минатата година „ТАВ Аеродроми“ го реновираа и аеродромот „Св. Апостол Павле“ во Охрид, една од најпопуларните туристички дестинации во земјата.

На свеченото отворање  е најавено присуство на македонскиот премиер Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, претседателот на одборот на „ТАВ Аеродроми“, Хамди Акин и генералниот директор на „ТАВ Аеродроми“, Сани Шенер, информираат од „ТАВ Aеродроми“.

Холдингот „ТАВ Аеродроми“ е меѓу водечките авио оператори во светот. Управува со истанбулскиот аеродром „Ататурк“, со аеродромот „Есенбога“ во Анкара, „Аднан Мендерес“ во Измир и „Газипаша“ во Анталија, како и со по два аеродроми во Македонија, Тунис и Грузија. Компанијата неодамна го доби на управување и аеродромот „Медина“ во Саудиска Арабија. „ТАВ Аеродроми“ исто така раководи и со други сектори од аеродромските услуги како дјути фри продажба, услуги со храна и пијалоци, информациски технологии, безбедност… Во 2010 година компанијата обезбедила услуги за околу 420.000 летови и за просечно 48 милиони патници.

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top