Култура и туризам

ГОЦЕ ФЕСТ ПО 23-ти ПАТ ВО УНИВЕРЗАЛНАТА САЛА

Goce_Fest

Goce_FestФестивалот на нови родољубиви и патриотски македонски песни ГОЦЕ ФЕСТ, во петок на 10- ти февруари, со почеток во 20.00 часот во Универзалната сала, ќе го одбележи своето дваесет и трето издание.

Фестивалот е во организација на Ансамблот за народни песни и ора ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ од Скопје, а во чест на 4- ти Февруари, денот на раѓањето на Апостолот на македонското револуционерно и национално- ослободително движење, Гоце Делчев.

На новото издание на Гоце Фест 2012, ќе настапат Војо Стојаноски, Сузана Спасовска, Круме Спасовски, Елена Георгиева, Мишко Талески, Славка Младеновска, Виданка Ѓорѓиевска, Ванчо Тарабунов, Ристо Краповски, Мишко Крстевски, групите Академци, Соната и Сирма и други.

Фестивалот директно ќе биде пренесуван на Сателитската програма на Македонската телевизија.

Досега на сцената на ГОЦЕ ФЕСТ беа изведени близу 700 композиции со родољубива и патриотска содржина, од кои поголемиот дел, веќе се широко прифатени и обнародени.
Тргнувајќи од далечната 1990 година, кога и за првпат се случи одржувањето на ГОЦЕ ФЕСТ, па се до ова дваесет и трето издание, на македонската публика и беа претставени прекрасни песни со родољубива и патриотска содржина, многу хитови, создадени и интерпретирани од еминентни автори и вокални интерпретатори од македонската естрада и од дијаспората.

Goce_Fest-001

Уште долго ќе се паметат песните „Една мисла имаме„ на Војо Стојаноски, „Проклети да се предавниците„ на Гоце Арнаудов, „Стани Македонијо„ на Сузана Спасовска, „Мајка„ на Петранка Костадинова, „Солунските гемиџии„ на групата Мераклии, „Македонија на Македонците„ на Мишко Талески, „Ах, рани, рани„ на Круме Спасовски, „Вардаре, Пирин кај ти е„ на Гоце Касаповски и многу други.

На фестивалската сцена беа опеани личности и настани од богатото историско минато на македонскиот народ, кои дотогаш малку или воопшто не беа користени како теми во мелопоетските творби од ваков тип.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top