На прво место

ВЕЛИГДЕНСКА ПОРАКА

smk

smkСветскиот Македонски Конгрес (СМК) по повод најголемиот христијански празник, Христовото Воскресение – Велигден, упатува честитка до Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, до свештениците и монасите на Македонската Црква, до сите православни во Македонија и до православните Македонци во светот.

Нека воскресението Христово всади мир и љубов во нашите срца, при живот да ја спознаеме вистината, да го бараме спасението и добиеме простувањето. Верата во Бог да ја покажеме со дела на милосрдие, трудољубие, братољубие и човекољубие.

СМК повикува на семакедонско помирување и обединување, на единство во одбрана на името на државата, нацијата и јазикот, насекаде и во секое време, пред секого. Името на нашата држава е Македонија, ние сме Македонци, нашиот јазик е македонски. Така било, така и ќе остане.

Бог ни прати порака за единство во прочистувањето на фреските во македонската црква Свети Димитрија, да се вратиме на корените на вера во Бога, но истовремено потресени сме и тажни како нација од грозоморното убиство на петтемина, четворица од нив деца на околу 20 години. Слава на Бога во висините, мир и љубов, разбирање и почит меѓу луѓето на земјата и лесна им земја на грозоморно убиените, било да не се повтори.

Ден пред Велигден е ден за тихување и молитви, ден за оплакување на страдањата и распетието Христово, празник над празниците на христијаните во очекување на радосната вест за Неговото воскресение. Но, крвавиот Велигден е опомена за сите, во какво општество сакаме да продолжиме да живееме? Дали во мир и љубов, во толеранција и коегзистенција, или во војна и омраза, во одмазда и злосторства? Затворени во душите и домовите поради криминални банди, нарко дилери, верски фанатици и воени профитери, или слободни во мислата и движењето? Дали ќе станеме соучесници на дивеењето на толпата или на владеењето на правото? Дали теророт ќе надвладее над уставниот поредок, над правата и слободите на граѓаните, или безрезервно и безмилосно ќе го прочистиме општеството сите заедно? Народот да ја сака татковината, секој да се самозапраша, а што јас сторив за Македонија, власта да ги штити животите и имотите на граѓаните и безрезервно да го брани Уставот и законите, еднаквоста пред Уставот и законите

Да ја вратиме самопочитта, самодовербата, храброста и гордоста, со вера во Бога и љубов за Македонија!

Христ Воскресе, Навистина Воскресе.

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top