Германското списание „Фокус“ пишува за страв од граѓанска војна во Грција
На новите избори Грците ќе гласаат за рестрикциите или за хаосот, а Германците ќе треба да плаќаат и во едниот и во другиот случај, пишува германското списание „Фокус“ во текст под наслов „Страв од граѓанска војна“.
Во текстот се нагласува дека Грција е парализирана и таму се шри тивка паника.
– Работите за Грција стануваа сериозни, а исто така и за Европа…, пишува „Фокус“.
Германското списание наведува дека посетите во земјите се намалени за 50 отсто, во болниците се ограничуваат порциите и се откажуваат операции, а по улиците на Атина се почести се нападите.
„Фокус“ пишува дека службениот премиер Панајотис Пикраменос не може да ги поттикне реформите, а медиумите прават сценарија за банкрот. Списанието го цитира порнешниот министер за цивилна заштита, според кој постои опасност од граѓанска војна во земјата.