На прво место

Драган Богдановски- кратка биографија

Dragan

DraganДраган Богдановски, е роден на 18 септември  1929 год во с.КлечовцеКумановско.

Потекнува од фамилија со патриотски корени (дедото на Драган е илинденецкомита во четата на Атанас Бабата).

Драган, основно училиште завршува во родното село, а средно образование во Куманово и Битола. Во 1948 год. се запишува на факултет за Земјоделство и Шумарство во Белград.

Во Белград уште во третиот семестар од студиите се пројавува како иницијатор за формирање на Македонски студентски клуб за која активност лежел 4 месеци во затвор.

Драган по излегувањето од затвор бил исклучен од факултетот, без право на упис на било кој факултет во Југославија. По забраната да студира во Југославија, заедно со неколку студенти во 1950 год. кај Гевгелија ја преминува границата кон Грција.

Кон крајот на 1950 год. заминува за Јужна Америка, во Аргентина и Бразил престојува се до 1954 год. Од Јужна Америка заминува за Франција. Во Париз, на Сорбона, се запишува на факултет за политички науки и журналистика

После кратко време, во Париз со негови истомисленици ја формира организацијата Македонски национален фронт и издава весникМакедонска искра. Од овој весник успеваат да излезат само неколку броеви. По интервенција на Грчката амбасада во Париз, Француската влада го забранува овој весник како националистички и антигрчки.

Во 1958 год. се жени со Брита, ќерка на тогашниот главен архитект на Осло, заминува да живее во Норвешка. Драган со Брита има два сина, ПерАрне и Иван.

Во истата година Драган издава повеќе весници, списанија и книги. Во Осло го издава списанието Македонска лоза и Слободна Македонија потоа го печати весникот Македонија и списанието Македонска нација.

Во 1963 год. се формира македонската организација ОКМ (Ослободителен комитет на Македонија). Во 1972 год. ОКМ, се трансформира во ДООМ (Движење за ослободување и обединување на Македонија). Драган беше претседател на ДООМ до 1977 год. ДООМ беше активна кон македонците кои по 60-те години масовно ја напуштаа својата татковина од економски или политички причини.

Драган и другите членови и симпатизери на ДООМ многу брзо наидоа на проблеми со тогашната УДБА.

Во Минхен, од страна на УДБА, беше убиен секретарот на ДООМ, Благој Шамбевски. Благој Шамбевски беше убиен во хотелот во кој работеше, убиен беше во соба со тврд предмет. Исто така во Минхен, УДБА организира кражба на кириличните слова и беше искршена печатницата, во која се печатеше списанието Македонска нација.

Во 1977 год. Драган Богдановски, како претседател на ДООМ е киднапиран во Париз и доведен во Југославија. Него го киднапираат припадници на УДБА кај друг член на ДООМ. Драган бил поканет во стан на гости кај Македонец, удрен со тврд предмет по глава, онесвестен и со дипломатско возило бил пренесен во Љубљана, а подоцна во Скопје.

За време на префрлањето до Југославија, Драган бил во бесвесна состојба. Со врзани очи бил одведен во полициски објект во близина на Македонски Брод каде што бил под истрага 18 месеци.

Во Македонски Брод бил чуван, врзан со ланци на нозете. Судскиот процес против него бил организиран зад затворени врати, без присуство на јавност. На тој процес Драган беше осуден на 13 години. Во Идризово издржува 11 години затвор.

Во 1988 година, по излегувањето од затвор извесно време живее во Скопје, а по добивањето на патна исправа заминува, прво за Берлин а потоа во Шведска.

Во април 1990 година Драган Богдановски од Шведска заминува во Берлин.

На 17.Јуни.1990 год. се одржа Основачкото собрание на ВМРОДПМНЕ во Домот на млади 25 мај во Скопје.

На основачкото собрание во Скопје Драган неможеше да присуствува затоа што не поседуваше Југословенска патна исправа.

Веднаш по доаѓањето во Берлин, по излегувањето од затворот Идризово ја искина со зборовите: Јас нема да ја носам оваа патна исправа затоа што не е Македонска.

На 6 и 7 април 1991 год во Прилеп, на првиот Конгрес на ВМРОДПМНЕ, Драган Богдановски е избран за почесен претседател на партијата.

Во септември 1991 год. во Берлин, се одржа првото советување на македонците во дијаспората. За претседател на Задграничниот комитет на ВМРОДПМНЕ беше избран Драган Богдановски.

Во 1993 год.Драган Богдановски меѓу првите ја согледува заблудата околу изборот на Љупчо Георгиевски за претседател на ВМРОДПМНЕ, чиј директен оснивач и идеолог е самиот тој. На крајот на 1993год. доаѓа до конечно разделување со Љупчо Георгиевски и со партијата, што самиот ја основа.

Драган Богдановски умре  на  31.05.1998 година во Копенхаген, на пат од Шведска за Берлин.

Сите подготовки за префрлање на посмртното тело на Драган од Данска за Македонија беа организирани од Задраничните Комитети на ВМРО-ДПМНЕ.

На погребот во Куманово за жал не присуствуваше ниту еден од тогашното раководство на партијата.

Погребан е во присуство на фамилијата и најблиските во Куманово на 01.08.1998 год.

Македонска нација

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top