Историја

Најрешавачко оружје за продолжување на борбата за национална слобода

koem

koem(2 август 1949 год.)

РЕЗОЛУЦИЈА НА ПРВАТА КОНФЕРЕНЦИЈА НА КОМУНИСТИЧКАТА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ЕГЕЈСКА МАКЕДОНИЈА (КОЕМ): СО КОЕМ МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ДОБИВА НОВО НАЈРЕШАВАЧКО ОРУЖЈЕ  ЗА ПРОДОЛЖУВАЊЕ НА БОРБАТА ЗА НАЦИОНАЛНА СЛОБОДА

“И. Првата конференција на Комунистичката организација на Егејска Македонија е свикана во периодот кога народно-демократското движење на нашата земја и националноослободителната борба на нашиот народ влегоа во решавачки пресврт, стигнаа пред крајната победа.

Во огнот и тешкотиите на суровата и долгогодишната борба се роди КОЕМ, дел на КПГ…

ИИ. Сите борби на македонскиот народ во текот на целиот револуционерен период, поради самата историска потреба, имаа цел создавање на народно-демократска социјалистичка Македонија. Тие борби беа организирани и раководени од македонките комунисти, членови на КПГ…

III. Народно-демократската борба што ја води во нашата земја работниот народ со својата борбена авангарда ДАГ за слободата и демократијата на Грција е борба за физичко и национално суштествување, за извојување на национална слобода, и воста-новување….

IV. Токму во решавачкиот момент се свикува конференцијата на КОЕМ, која ценејќи ја гореизнесената ситуација, решава:

1. Со ентузијазам го поздравува и одобрува создавањето на КОЕМ како една историска нужност и една решавачка етапа во борбата на македонскиот народ за слобода и независност. Со КОЕМ македонскиот народ добива ново најрешавачко оружје за поефикасно продолжување на борбата за национална слобода, но и социјално ослободување, за народна демократија и социјализам….

2. Декларира своја полна приврзеност кон народно-демократскиот блок на работниците од целиот свет на чело со Советскиот Сојуз и др. Сталин, блок кој е единствена гаранција за заштита на нашиот народ од канџите на американските империјалисти, гаранција за извојување слобода и независност на нашата земја.

3. Борбено ја декларира својата решеност да ја продолжи, со уште поголем интензитет и решителност, борбата што ја водат двата наши народи, со својата вооружена авангарда ДАГ, за ослободувањето на Грција…Како последица на заедничката победа ќе биде извојувањето на национална слобода на нашиот народ…

…5. Нашите националноослободителни организации НОФ, АФЖ, НОМС, се олицетворение на најблагородните стремежи на нашиот народ за неговата слобода и народната демократија…

ДАРМ, ф: Егејска Македонија во НОБ 1945-1949, К.-21/7;

А М, Егејска Македонија во НОБ 1949, т.ВИ, док.186. стр.401- 404;

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Драги Трајков за почетоците на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица: „Ројал“ беше место каде отворено се зборуваше за македонска држава

Во годините кога Македонија го започнуваше патот кон осамостојување од Југославија, политичкото организирање не се одвиваше само во партиските штабови и на плоштадите. Драги Трајков од Струмица, во лично сведоштво се навраќа на атмосферата од тие години и на кафеаната „Ројал“, која, според неговото сеќавање, била едно од собиралиштата на членови и приврзаници на ВМРО-ДПМНЕ […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

To top