Историја

Информација на Коста Морна за борбите и храброста на македонците во битката на Грамос

gramos

(17 април 1949 година)

gramos…Комунистите им ја продаваат Македонија на Словените. Во Грција не живее ни еден Словен. Словеномакедонците се Бугари, примитивци, долна раса што треба да ја снема, така дрдорат џелатите од Атина и нивните господари.

Но, кој може да му го порекне правото за слободен и независен државен живот на еден толку горд, чесен, слободољубив и херојски народ како што е македонскиот? Во гигантската борба за слобода, независност, демократија која се води во оваа славна земја, во Грција, први, масовно и сесрдно зедоа учество двојно поробените Македонци.

Денес со реорганизацијата на нашата влада (се однесува на Привремената демократска влада, н.б.), секој Македонец се чувствува за еден степен повисоко, бидејќи и тие земаат учество во неа. Мажи, жени и деца станаа на нозе и сите се во борба. Го нарамија оружјето и со неопишлив хероизам, прегрнати со грчките борци, се борат за да го урнат монархофашизмот, со што ќе им се отвори патот за нивната слободна, независна, демократска македонска земја.

Жена ми е пушката,
деца ми се патроните,
пеат и се борат…

Невидени досега херојства, недостижно јунаштво, офанзивни јуриши и мајсторства покажаа сите македонски борци, мажи и жени и раководните кадри на 108 бригада во новата епопеја на Грамос…

…Дожд од гранати истураше со лесниот минофрлач врз непријателскиот баталјон, водникот Танас Ташо. Тој, иако ранет ја продолжи борбата.

– Збратимување, партизани-војници! – Извика бившиот војник, Македонецот Сумтаков Вангел од село Екши-Су и падна мртов врз својот пушкомитралез.

-Да живее единството меѓу грчкиот и македонскиот народ – беа последните зборови на незаборавниот 58 годишен стрико Трајан Трајанов од Воштарени. Како мајка на четата го сметаа, стариот јунак, чиј син минатата година падна на Грамос како политкомесар на чета.

Политкомесарот Папазов Христо, водникот Захарија, смелата Поликсена Мишова и Ѓорѓи Зигованов, влеваа паника кај непријателот, а офанзивност кај своите борци…

Симбол на решителност, јунаштво и самопожртвуваност за Македонците и за целата бригада е нашиот скап херој, незаборавниот ветеран, капетанот Том Поп Димитров од Нестрам првиот партизан на Грамос… Неговата чета секогаш беше прва во борбата за ослободување на неговиот сакан Грамос, во кој израсна и каде што сега почива неговото тело, накитено со ордени и изрешетено со рани. Умирајќи тој извика:

“Да живее КПГ! Да живее слободна Македонија! Борци Македонци, продолжете ја светата борба…”

ДАРМ, ф: Егејска Македонија во НОБ 1945-1949, а/е 48/А/49;

А М, Егејска Македонија во НОБ 1949, т.ВИ, док.102. стр 214-216;

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top