Култура и туризам

Јулијански и Грегоријански календар

Julian_calendar

Julian_calendarЈулијанскиот календар го вовел Гај Јулије Цезар и се користел во цела Европа до XVI век, кога се прифатил Грегоријанскиот календар. На првиот екуменски собир во Ница во 325 година, христијанската црква го прифатила Јулијанскиот календар како основен календар.

Должината на траењето на Јулијанскиот календар изнесува просечно 365 дена, што се постигнува со внесување на еден дополнителен ден секоја четврта година. Јулијанската година е малку подолга од тропската, а оваа разлика се акумулира на еден ден секои 128 години.

Според Јулијанскиот календар, секоја година чиј број се дели со четири е престапна и содржи 366 дена, додека останатите години имаат 365 дена. По воведувањето на Јулијанскиот календар, прво по грешка секоја трета година била престапна. Престапни биле следните години 45 п.н.е., 42 п.н.е., 39 п.н.е., 36 п.н.е., 33 п.н.е., 30 п.н.е., 27 п.н.е., 24 п.н.е., 21 п.н.е., 18 п.н.е., 15 п.н.е., 12 п.н.е., 9 п.н.е., 8, 12 и понатаму секоја четврта.

Откако подоцна грешката била согледана, царот Август наредил исфрлување на сите престапни години меѓу 9 година п.н.е. и 8 година во новата ера, со што заслужил еден месец да се нарекува по неговото име.

Треба да се има предвид дека во ова време годините се` уште не се броеле од раѓањето на Исус Христос, туку од основањето на Рим во 753 п.н.е., па е среќна околност што за престапни години се земале токму тие што се делат со 4, броено од раѓањето на Исус. Јулије Цезар прво определил сите непарни месеци да имаат по 31 ден, а парните по 30, освен февруари кој во обична година имал 29 дена, а во престапна година имал 30 дена.

Месеците се викале Јануарис, Февруарис, Мартиус, Априлис, Маиус, Јуниус, Куинтилис, Секстилис, Септембер, Октобер, Новембер и Децембер.

Во 44 година п.н.е, месецот Куинтилис бил преименуван во Јулијус (денешен Јули) во чест на Јулије Цезар. Во 8 година п.н.е., било одлучено еден месец да се нарече по името на царот Август и бидејќи тој најмногу воени победи освоил во месецот Секстилис, овој месец е наречен по него (август). Уште од 13 век на Август се припишува дека на својот месец додал еден ден за да биде ист со Цезаровиот, меѓутоа такви должини имало и пред Цезар.

Јулијанскиот календар не е совршен и неговата грешка се зголемувала секои 128 години, за еден ден. Подоцна тоа било забележано, па на собирот во Ницеј во 325 година било одлучено од календарот да се исфрлат 3 дена кои ја претставуваат акумулираната разлика. Бидејќи Јулијанскиот календар и понатаму останал непроменет, разликата до XVI век се акумулирала на 10 дена. Кога го забележале ова, астрономите одлучиле да изработат нов календар кој ќе биде попрецизен. Освен тоа, требало да се исфрлат 10 дена вишок од календарот. Тоа било постигнато со воведување на Грегоријанскиот календар.

Јулијанскиот календар денес го користат Руската православна црква, Антиохијската православна црква, Грузиската православна црква, Македонската православна црква, Српската православна црква, Ерусалемскиот патријарх и некои манастири на Света гора во Грција. Исто така јулијанскиот календар го применуваат и некои католички села на Жумберак.

Грегоријанскиот календар го добил името по папата Грегориус и денес е важечки календар во речиси сите краишта во светот.

По совет на германскиот астроном Кристофер Клавиус (1538-1612) и неаполскиот физичар и астроном Алојусиус Лилиус (1520-1576) папата Гргур XIII (1502-1585) на 24 февруари 1582 година објавил реформа – Папинска була, на дотогаш постоечкиот јулијански календар.

Папинската була ги содржела следните одредби:

Од календарот ќе се исклучат 10 дена, така што по четвртокот на 4 октомври 1582 година ќе следи петок 15 октомври.

Престапна е секоја година што се дели со 4, освен годините делливи со 100 кај кои престапни се само тие што се делат со 400.

Престапната година има еден ден повеќе од обичната која има 365 дена, кој се става на крај на месец февруари.

Велигден од сега ќе се смета по ново правило, поврзано со новиот календар.

Првиот ден во годината ќе биде 1 јануари.

Овој нов календар е наречен Грегоријански по папата Гргур. Според него просечната должина на траење на годината е намалена на 365,2425 дена (365+97/400 = 365,2425 бидејќи има 97 престапни години на секои 400) што дава грешка од 365,2425 – 365,2421890 = 0,00031 ден ≈ 26 секунди. Тоа значи дека оваа грешка ќе се акумулира на еден ден за 1/0,00031 ≈ 3225 години, т.е. нешто покусо, бидејќи со тек на времето должината на траењето на соларната година се намалува, а грешката се зголемува.

Разликата меѓу Грегоријанскиот и Јулијанскиот календар е таа што Грегоријанскиот има 97 престапни години во секои 400 години, а Јулијанскиот има 100. Во Грегоријанскиот календар е воведено т.н. Секундарно правило годините што се делливи со 100 (секуларни години) да се обични, освен ако се деливи со 400, во тој случај се престапни. Тоа значи, дека годините 1700, 1800, 1900, 2100 и така натаму, по Јулијанскиот календар се престапни, а се обични по Грегоријанскиот календар. Денес разликата меѓу Јулијанскиот и Грегоријанскиот календар изнесува 13 дена, а по 2100 година, ќе се зголеми на 14 дена.

Со воведувањето на Грегоријанскиот календар, календарската година е приближена на тропската најмногу до тогаш.

Кога папата Гргур во 1582 година го вовел новиот календар, веднаш го прифатиле Полска, Португалија и Шпанија, а набрзо и останатите католички земји. Протестантските земји го прифатиле Грегоријанскиот календар многу подоцна, а православните дури во 20 век, а до денес веќе и некои православни цркви (Грција, Романија, Бугарија) преминаа на овој календар, иако некои и понатаму се држат до стариот јулијански календар.

Превземено од: novizagreb.hr

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top