Култура и туризам

Христо Андоновски

hristo-andonovski

hristo-andonovskiХристо Андоновски (15. IX. 1917 – Скопје, 1. VII. 2007) – учител, деец на Македонското национално ослободително движење во Егејскиот дел на Македонија, новинар, публицист и општественик.

Христо Андоновски роден е на 15 септември 1917 година во селото Цакони, Мегленско, Егејскиот дел од Македонија. Основно училиште завршил во родното село, а гимназија на грчки јазик во Воден. Во 1940 година Христо Андоновски дипломирал на Педагошката академија во Солун, а потоа работел како наставник во мегленските села и во градот С’ботско (Аридеја).

Во текот на Втората светска војна, неколку месеци по окупацијата на Грција, Андоновски влегува во Движењето на отпорот во Грција. Во есента 1941 година тој ја организара младината во село Долно Пожарско, а потоа бил поставен за одговорен по Агитпроп во Реонската организација на Кумунистичката партија на Грција (КПГ) во С’ботско и одговорен во Реонскиот комитет на Национално ослободителниот фронт (ЕАМ) за Јужен Меглен, со седиште во село Драгоманци (Апсалос).

Во летото 1944 година Христо Андовски бил назначен за организационен секретар, а потоа и за политички секретар на Градскиот комитет на КПГ за Воден (Едеса). Наскоро бил примен кооптиран за член на Поширокиот состав на Окружниот комитет на КПГ за Воденскиот округ. На оваа позиција останува од декември 1944 па се до 26 февруари 1945 година кога поради несогласување со дискриминаторската политика на КПГ по македонското национално прашање, преминал во НР Македонија (ФНРЈ).

По започнувањето на Граѓанската војна во Грција (1946 – 1949), како голем патриот и искусен македонски револуционер, Андоновски се вратил во родниот крај. Во периодот од јануари 1947 до декември 1948 година, тој зел активно учество во Граѓанската војна во Грција Андоновски бил одговорен за печатот при Агитпроп на Главниот одбор на НОВ за Егејска Македонија.

Заедно со Павле Раковски, Паскал Паскалевски, Фоти Илковски и други, Андоновски учествувал во уредувањето на весникот „Непокорен“ кој служел како буквар (читанка), но и како национално идеолошко политичко оружје на Македонците во неговата борба за национална слобода. Но, поради новиот судир со КПГ по македонското национално прашање, пак се вратил во НР Македонија.

По доаѓањето во Македонија, Андоновски се вработил како уредник на емисиите на Радио Скопје за нашите сонародници во Егејскиот и Пиринскиот дел на Македонија, а од 1951 до 1954 година бил главен уредник на весникот „Глас на Егејците“. Во текот на 1954/55 година бил дописник на „Нова Македонија“ од Софија, а потоа во истиот весник 15 години бил уредник на страницата „Нашите во светот“.

Од 1969 година па се до заминувањето во пензија во 1983 година, Христо Андоновски бил главен и одговорен уредник на списанието „Македонија“ на Матицата на иселениците од Македонија. Автор е на голем број статии во разни списанија („Гласник“ на ИНИ, „Културен живот“, „Македонска ревија“, „Македонско време“, „Разгледи“, „Современост“ и др.). Учествувал и на повеќе научни собири.

Основната публицистичка определба на Христо Андоновски е минатото и современоста на Егејскиот дел на Македонија.

Тој е автор на повеќе публицистички трудови меѓу кои се:

„Егејска Македонија“ (1951),„Мегленската област во НОБ“ (1961),„Македонците под Грција во борбата против фашизмот“ (1968),„Драмско востание“ (1969),„Дипломатската антимакедонска игра“ (1970),„Вистината за Егејска Македонија“ (1970), „Револуционерот Лазо Трповски“ (1975),„Странците за Македонија и Македонците“ (1978) и „Јужна Македонија од Античките до денешните Македонци“ (1995).

Христо Андоновски е добитник на медал за заслуги за афирмација на својата татковина „Св Апостол Павле“.

Умира на 1  јули 2007 година во Скопје.

Тихомир Каранфилов

Најново од: Култура и туризам

Археолошкиот локалитет „Церје“ кај селото Говрлево, Скопско и локалитетот „Кокино“, Кумановско

Церје, Говрлево, мегалитска опсерваторија Кокино, праисториска Македонија, археолошки локалитети во Македонија, древна македонска историја, бронзено време, праисториска археологија, древни македонски печати, културно наследство на Македонија Исклучително знаење за докажување дека постоела ПРАИСТОРИСКА МАКЕДОНСКА ДРЖАВА имаат печатите од локалитетот ,,Церје” кај с. Говрлево близу до Скопје. Имено, археологот Милош Билбија во 1982 – 1983 година, при […]

Под Скопското Кале пред повеќе од 5.000 години постоела праисториска населба

Под денешното Скопско Кале, на просторот што со векови претставувал значаен стратешки и историски пункт, се кријат траги од животот на луѓето уште од праисторијата. Археолошките истражувања потврдуваат дека овој простор бил населен многу пред изградбата на средновековното и подоцнежното утврдување. Според археолошките наоди, на подрачјето на Скопското Кале постоела праисториска населба, чии почетоци се […]

МАНАСТИР „СВЕТА ПРЕЧИСТА“ – КРНИНСКИ МАНАСТИР, ДУХОВЕН БИСЕР НА КИЧЕВСКО

Манастирот „Света Пречиста“, познат во народот и како Крнински манастир, се наоѓа на падините на планината Врвои, на надморска височина од околу 920 метри, на приближно 12 километри од Кичево. Сместен во прекрасна природна околина, опкружен со планински шуми и чист воздух, манастирот претставува еден од значајните духовни, културни и историски споменици на Кичевскиот крај […]

Неолитска култура на Централниот Балкан и на Егејот

Во Тесалија, под името Сескло или прото-сескло, културата по локалитетот покрај Volos, потоа уште Pirosasos, па Ahilon, Agrissa, Otzaki, Sufli и Tsani култури. Следат културите: Elatia во Фокида, Heronea во Беотија, Nea Makri во Атика, Корин, Спарта и Лерна на Пелопонез, Knos и Kato лерапетра на Крит, Amorgos, Lemnos итн. на егејските острови. Археолошките наоди […]

Асеманово евангелие е средновековен македонски книжевен споменик

На фотографијата се гледаат два столба со глаголски текст и големи црвени иницијали. Страницата е дело на калиграфот Георги Гоце Дуртаноски, кој со својот препис го доближува до денешниот читател изгледот на еден од најстарите зачувани словенски ракописи – Асемановото евангелие. Глаголски ракопис од X–XI век Асемановото евангелие е напишано на старословенски јазик со обла […]

„Св. Преображение“ во Зрзе – од пештерните испосници до средновековниот иконопис

На врвот на бигорната карпа западно од прилепското село Зрзе се издига манастирската црква „Св. Преображение“. Под неа, по падините на карпата, се зачувани остатоци од монашка населба чии почетоци археолозите ги датираат кон крајот на IX век. Кога во XIV век била подигната црквата на горното плато, во пештерите под неа веќе со векови […]

Ангелот од Курбиново и загатката за непознатиот ктитор

Опис од приложената фотографија: Западната фасада на црквата „Свети Ѓорѓи“ во Курбиново, Преспа. На падините над Преспанското Езеро, кај селото Курбиново, стои еднокорабната црква „Свети Ѓорѓи“. Зад нејзината едноставна камена фасада е зачуван еден од највпечатливите фрескоживописи од крајот на XII век. Меѓу насликаните ликови, погледот најдолго се задржува на архангелот Гаврил. Наборите на неговата […]

Манастирот „Св. Рожденство на Пресвета Богородица“ во Согле

На околу три километри од селото Согле, во шумскиот предел на Азот, се наоѓа манастирот „Св. Рождество на Пресвета Богородица“. Комплексот е на територијата на Општина Чашка, на околу 30 километри југозападно од Велес. Од селото до манастирот води земјен пат. Манастир изграден со помош на околните села За почетоците на манастирот има малку пишани […]

To top