Култура и туризам

Верувања од село Ваташа

selo-vatasa

Верувања поврзани со временските прилики

selo-vatasaЛуѓето во селото биле простодушни и доста набожни, па не е ни чудно што верувале во најразлични природни сили и појави, преку кои ги толкувале нештата во секојдневниот живот.

– Кога паѓал силен град во селото жените превртувале котел наопаку, а исто така и секира со сечилото завртена спроти облаците, за да ги пресече.

– Ако загрмело пред Ѓурѓовден на ден два пред празникот, се верувало оти годината ќе биде неродна, а житото скапо. Ако пак загрмело на две три недели пред овој празник, житото ќе било евтино, односно годината ќе била родна.

– Ако мачка се миела свртена кон исток ќе грее сонце, а ако се мие на запад ќе биде времето облачно, кон југ ќе врне, а ако тоа го направи свртена кон север времето ќе било студено.

– Кога ќе се дигнела маглата времето ќе било дождливо, а кога ќе паднела времето ќе било убаво.

– Кога ќе загрмело се мислело дека Свети Илија по небото туркал бочви и ја тера неговата кола.

– Молњата била стрела од Свети Илија со која го удирал ѓаволот. Било верување дека Свети Илија со гром ако удрел во човек се сметало дека ѓаволот бил во тој човек. Гром удирал во се` само не во коприва, оттаму и поговорката „Гром во коприва не удира“.

– Ако загрмело среде зима значело ќе имало војна.

– Се мислело дека сланата и росата по тревата одат кај добитокот, па затоа не треба рано да се пушта добитокот на паша кога имало роса и слана.

– Кога на небото ќе се појавело божило (виножито), се верувало дека облакот од тоа место пиел вода. Ако некој сакал да си го промени полот, требало да се напие вода од кај виножитото.

– Ако петли пееле навечер значело дека ќе се расипи времето.

– Ако растураш магии навечер значело дека ќе заврне град.

– Мравките кога лазаат било знак дека времето ќе биде убаво, а кога ги немало значело дека истото ќе биде лошо.

-Ако се завртела желка на грб се верувало дека ќе заврне дожд.

– Ако жабите почнеле да крекаат, зимата ќе помине и нема веќе таа година да има зима и мраз.

-Ако на Свети Илија загрмело се верувало дека оревите ќе бидат црвливи.

– Ако некое овошно дрво процветало два пати во годината, се верувало дека зимата ќе биде лута и студена.

– На Бадник ако времето било облачно, ќе имало богат бериќет, а ако било јасно ќе немало.

Верување во растенијата

– Кога краставиците процветуваат и заврзуваат плод, требало прво жена која родила да скине, за да имаат род и да не горчат.

– Бостанот, краставиците и гравот не се саделе во среда за да не ги јадат црви.

– При сеењето на леќа се внимавало да не падне некое зрнце во ралникот од ралото, зашто пченицата ќе била ситна како леќата.

– Кога се садел лук и кромид, прва засадувала некоја подебела жена за да биде дебел лукот и кромидот.

– Од овошните дрвја никогаш не се оберувал целиот плод, туку секогаш се оставале по неколку плода да висат за да се силело и радувало дрвото.

– При носење на овошје со кола или добиток, по патот кој ќе те сретнел се поканувал да земе од плодовите, за да се родат повеќе во годината.

– При берење на овошното дрво секогаш се оставале по четири плода необрани, еден за Господ, да би дал плод и во годината, еден плод за дивите животни и за птиците, еден плод за побирок и еден за некој кој сака да си скине еден плод.

-Едно верување, црешите да не се јадат пред Спасовден и јаболката пред Петровден.

-Под врба не се спиело оти се верувало дека ќе се разболиш од бубрези.

– Оној кој ќе посадел ореово дрво се верувало дека ќе умре кога стеблото ќе достигнело дебелина колку неговиот врат.

-Се мислело дека бршленот е симбол на младоста, па затоа венците на младоженците се плетеле со цвеќе и бршлен, а сватовите се закитувале на капите и шамиите или реверите со цвет и лист од бршлен.

-Се верувало дека носењето на цвеќе на увото го веселело човекот, а носењето цвеќе на реверот го усреќувало човекот.

– При кинење на трендафил доколку некој се боцнел се верувало дека ќе има голема и верна љубов.

– Кога ќе се пресечело дрво се ставало камен врз пресеченото за да не го фати клетва оти го пресекол дрвото.

– Се верувало дека детелината со четири листа носи среќа. Повеќе носела среќа онаа што случајно ќе се најдела, отколку онаа што се барала.

– Капините биле ѓаволско грозје, па затоа не требало да се јадат пред да се проба грозје на Пребражен.

Од книгата „Ваташа“ од Петре Камчевски, Кавадарци 2012 г.

Подготви: Марко Китевски

Најново од: Култура и туризам

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија

Светите маченички Вера, Надеж и Љубов и нивната мајка Софија На 30 септември Православната црква го празнува споменот на една мајка и нејзините три ќерки, чии имиња и денес зборуваат за верата, надежта, љубовта и мудроста. Според црковното предание, Софија живеела со своите ќерки во времето на римскиот император Адријан. Била христијанка и сама ги […]

1908 – Во Солун излегува весникот „Единство“

На 27 септември 1908 година во Солун излегол првиот број на весникот „Единство“. Во неговото уредување учествувал Димитар Влахов, а весникот ги изразувал ставовите на дел од македонските револуционери. „Единство“ се појавил по Младотурската револуција, во време кога се отворил простор политичките идеи да се изнесуваат и преку јавниот печат. Неговите страници биле дел од […]

Македонските просветители свети Климент и свети Наум Охридски

Свети Климент Охридски-Чудотворец е заштитник на градот Охрид и на целиот македонски народ, патрон на Македонската православна црква- Охридска архиепископија и најпознатиот меѓу повеќето ученици на светите браќа Кирил и Методиј. Тој остана во споменот на народот со својата просветителска дејност, со подучување на народот не само на пишување и читање, туку и на други […]

Крстовден – празник на верата, надежта и силата на Чесниот Крст

Именден празнуваат: Крсте, Крстинка, Кристина, Христина, Кристијан… Денес, 27 септември, православните верници го празнуваат Воздвижението на Чесниот и Животворен Крст, во народот познато како Крстовден. Ова е еден од големите празници во црковниот календар, ден кога верниците со молитва и почит се поклонуваат пред Крстот Христов. Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот […]

Во Охрид прикажан филмот „Македонецот“ и претставена изложбата „Мајко мила“

Во присуство на заменик-амбасадорката на Република Полска, Ана Каспрзак, претседателот на Советот на Општина Охрид, Перчо Божиновски, потпретседателот на Фондот на Холокаустот на Евреите од Македонија, Мане Јаковлески, и членката на Управниот одбор, Лилјана Мизрахи, на 24 септември во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ во Охрид се одржа манифестацијата „Патување кон корените“. Пред публиката […]

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

To top