Историја

Животописот на Аристотел (III дел)

aristotelis

ИСТОРИЧАРИТЕ НЕ СЕ ОД АТИНА

aristotelisХеродот, Ксенофон, Тукидид, Теопомп, Плутарх, Полибие, не се Грци, ни Елини, ни атински граѓани. Херодот го прават “грк од Атина”, затоа што еднаш патот го водел натаму и само еднаш ја спомнува Атина. Доволно е да се видат насловите во содржината на двотомната историја и да се сфати истата постапка како и кон филозофите. Ако атински бродови поминат покрај некои градови и острови веднаш тоа е нивно со назнака за сите учени луѓе ако поминале крај Атина дека тие биле Атињани, веројатно и родени во Атина, велат.

Ксенофон напишал книга “Кировото воспитание” и познат е што им притекнал на помош на Персијците со 10.000 војска, затоа бил протеран во Спарта без право да стапне во Атина. Му се приговара дека пристрасно ги опишал Пелопонеските војни, застанувајќи на страната на Спарта и Персија. Ксенофон е оној филозоф што ја напишал „Одбрана на Сократ“ кога Атина го отрула Сократа. Атина, па Елада, па Грција, па с# македонско како грчко, сега: Македонија била грчка.

Дека и Тукидид бил прогонет со смртна закана да стапне во Атина е тој грев што му се припишува во врска со Амфипол. Тукидид само ги сопрел атинските бродови покрај Амфипол за да не ги ограбат и Пангајските златни рудници во сопственост на Тукидид, наследени од неговиот род. Заедно со Еврипид и други лица од македонските кругови во Атина дојден е во Пела кај Архелај, да работат, и да пишуваат во многу посигурна македонска средина.

Тука во Пела живееле и умреле, во Македонија: Еврипид, Тукидид, Хипократ, Агатон, и многу генерали од македонската фаланга заедно со своите владетели во царските гробници.

Историјата на Херодот, на Ксеонофон, на Тукидит, посебно историјата на Теопомп, се истории за Македонците. Во тие истории се спомнуваат македонските луѓе, држава, градови и војски. Ни по било кој основ не &  припаѓаат на Елинизацијата или на сегашниве Грци. Се елинизира нешто што не било елинско. Македонското си е македонско и нема што да се македонизира.

Да ги видиме и другите таканаречени грчки истпричари.

Полибие како командант на гардата на Персеј бил заробен и со цело племство и уметнички плен бил одведен во Рим. Цели 12 години бил ставен под старателство на Сципион само да остане поблиску до македонската историја во архивите ограбена од Римјаните, на ист начин како и ограбувањето на библиотеката во Александрија со книгите на Аристотел. Аристотел како нов граѓанин во Рим од Македонија немал права ито како меток во Атина. Во тие два тома од историјата на Полибие отстранети се списите за Македонците за да може с# друго да се преправа. Така Полибие стана “римски историчар” што на “грчки” ја пишувал македонската историја. Тоа што го има кај Плутарх бара поголемо разграничување и во друга прилики да се прикаже.

Така Македонците биле присвојувани и во филозофијата и во историските науки, а Платон погрешно се цитира до денеска, додавајќи му по нешто од Аристотеловата филозофија. Зошто Платон не го спомнува Филипа како негов современик? Па Филип ја остварил неговата идеална држава во Македонија како спој на власт и филозофија.

Многу е цитирана писмената комуникација на Филип и Аристотел. По царскиот протокол Филип испратил покана до Аристотел да му биде учител на Александар. И Аристотел му одговорил дека е среќен што живее во Филипово време и со задоволство ќе го подучува Александар по македонски начин. Тоа е доаѓање од Митилена на Лезб, заедно со Теофраст, Менон и другите соработници како воспитувачи на сите царски деца во Пела. Во Пела, Миеза? Стагира или Стибера се одвивал најдобриот образовен систем што царските другари подоцна го пренеле по цел свет.

Аристотел не дошол во Пела од Атина зошто си бил во Македонија каде што се одвивала најплодната научна истражувачка работа во неговата зрела возраст, со виден успех. Кога образовно-воспитната дејност Аристотел ја завршил во Македонија бил испратен во Атина да им ја подобри состојбата со македонски школи и учители, изградени на престарите Аполонови светилишта, почитувани од прастарите претци македонски Пелазги.

Спомнавме само некои аргументи за Аристотел Македонецот што &  припаѓа на македонската култура, народ и историја. За Платон допрва треба да се утврди доколку би бил Атињанин и дали град државичката сторила нешто за него како што македонската држава тоа го правела за своите учени луѓе. Колку повеќе го согледуваме животот на Филип и Аристотел меѓусебно поврзани, толку повеќе станува апсурдна таа врска со Платон. По смртта на Платон во 347 г. му се припишуваат идеи, мисли и дела што Аристостел ги пишувал подоцна и тој не можел да знае за нив за да ги вклопува како свои, како што го направил тоа со Протагора, Сократ и другите Софисти. Заблудите внесени од Атина од порано во пишување на историјата се поткрепуваат и денеска со исти аргуемнти. Посегнувајќи по филозофијата сакале да се направат поумни. Посегнувајќи по Аристотел сакале да скинат котелец за да се расплети ланецот од најдолгата листа на личности што Македонија им ги дава на светот. Та не се само Филип и Аристотел Македонци од Антика, туку и Александар Македонски, царот со презиме на Богот Македон и земјата Македонија. Не ни приличи ни Бог Грк, ни цар, ни земја грчка. Ние си имаме идентитет со име што и во туѓи граници, Македонија свети со својата вечност. Аристотел така живеел и работел со својата мудрост и мртов си обезбедил одбрана. „Тие што лажат, прават да не им се верува и кога ќе кажат некоја вистина“, како да сакал Аристотел со тоа да каже да не им веруваме на грчки поклони со тројански коњи. Тие се Данајски. И најмногу од с# да ги разобличиме историчарите што не знаат вистинито да ги искажат фактите за Македоднија и да го одредат нејзиното место во историјата со македонски начин на мислење и пишување.

Ангелина Маркус

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top