Дијаспора

„Од по жица“ од Жаклина Михајлова

zaklina-mihajlova-1

zaklina-mihajlova-1

Промоција на книга во Сиднеј од Жаклина Михајлова

ОД ПО ЖИЦА – ЖИВОТ ИСПОЛНЕТ СО ТАГА, ЖЕЛБИ И СОНОВИ

На 22 нарт Литературното друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во прекрасната просторија на Civic Theatre во Хрствил, предградие на Сиднеј, ја промовира дебитанстската збирка поезија „Од по жица“ од Жаклина Михајлова, позната во македонската заедница како Жаклина Михајлова – Учителката. На промоцијата присуствуваа повеќе од 150 љубители на поетската реч.

Книгата ја промовираа Др Ирена Вељанова и Виктор Бивел, двајцата видни публицисти, поети и љубители на македонскиот пишан збор, кои дадоа опсижна анализа на песните кои се појавуваат двојазично, а се пишувани во еден значаен период од животот на поетесата Жаклина. Стихови од книгата читаше артистката Олга Николовска во придружба на звуци од гитарите на Томе Јовановски – Темсо и Зоран Георгиевски. Рецензенти на книгата се Гордана Михајлова Бошнакоска и Михаил Ренџов, а илустрациите на Жанина Алексова.

Иако ова е прва збирка поезија на Жаклина Михајлова, таа редовно се појавува со свои есеи за културните настани во Австралија како и во организирање културни програми за промовирање на македонскиот јазик. Како претседател на Просветно-школскиот одбор го координира изучувањето на македонскиот јазик во Нов Јужен Велс и ја промовира македонската култура и историја на овие простори.

Книгата „Од по жица“ од Жаклина Михајлова е шеесет и осмиот наслов што Литературното друштво „Григор Прличев“ го има издадено, пред одбележувањето на својот 35-годишен јубилеј.

Душан Ристевски

Фото: Илија Вељановски

zaklina-mihajlova-2

Елегија за Македонија

Што ли криеш, земјо мила,
што ли в болка таиш?
Што ли цела в маки тлееш,
што ли плачеш,
да прозбориш не смееш?
Сè во тебе е вистина цела,
сè во тебе е вредност смела,
во секоја карпа, под секој камен,
во секоја река, во утробата ти,
во грбовите – видливи и невидливи,
во воздухот, во здивот, во духот –
секаде скриени се, секаде пораки има!

Кој ли да ги протолкува право?
Кој ли да ти верува здраво?
Кој ли да те сака искрено –
убавице милениумска,
исконска земјо –
моја Македонијо!

На зајдисонце

Кога сонцето заоѓа
воздишките стивнуваат.
Сè одминало,
Не е важно веќе.
Кога сонцето заоѓа
спомените надоаѓаат,
влечејќи со себе
скриена болка,
неостварени сништа,
таговни звуци,
недопеана песна…
Кога сонцето заоѓа
Токму тогаш копнеж из´ртува
Копнеж за уште малку време за доживот,
Копнеж за достиг на недостигот,
Копнеж за уште нешто,
Уште нешто
Само уште нешто,
Нештичко…
Токму на зајдисонце!

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top