Култура и туризам

Археолошки локалитети во Вратница

Vratnica_pogled

Vratnica_pogledСв. Дуси

Св. Дуси претставува средновековен локалитет во тетовското село Вратница. Самиот оглавен објект е средновековна црква, која се наоѓа на северниот раб на селото каде се гледаат остатоци од ѕидови на мала црквичка.

Мали Орман

Мали Орман често нарекуван и Кале претставува археолошки локалитет т.е. населба од доцноантичкото време во тетовското село Вратница. Локалитетот се наоѓа на 3 km северозападно од селото, кај притоката на Ливадичка Река во Љуботенска Река. На тоа место се издигаат стрмни карпи на кои има издолжено плато опкружено со остатоци од бедем седан од кршен камен и варов малтер. Населбата има доминантна положба, со извонредно добар поглед кон околината. Освен со бедемот, природно е заштитена со стрмните падини, а преку седлото на северозападната страна е поврзана со Шар Планина под Љуботен

Св. Петка

Св. Петка е средновековен археолошки локалитет во тетовското село Вратница. Самиот објект претставува средновековна црква. Се наоѓа северозападно од селото, во непосредната близина на денешната истоимена црква, каде се гледаат остатоци од мала црквичка

Тумба

Тумба е археолошки локалитет т.е. населба од римското време. Се наоѓа во селото Вратница, тетовско, на просторот меѓу месностите Ливадице и Две Тумбе. За време на истражувањата на Блага Алексова, тука се најдени фрагменти од керамички садови и множеството градежен материјал.

Црквиште

Црквиште познато и како стара Св. Константин и Елена, претставува археолошки локалитет, односно делови на средновековна црква. Се наоѓа во тетовското село Вратница, во месноста нарекувана Честодубје, која се наоѓа на југоисточната страна на селото. По истражувањата, тука има остатоци од црква со нартекс, долга 18,20 m и широка 4,20 m, градена од кршен камен и варов малтер. Нартексот е широк 10 m. Денес во близина на тоа место подигната е нова црква посветена на Св. Константин и Елена.

Најново од: Култура и туризам

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

To top