Дијаспора

Австралиски пратеници ќе бидат одликувани

pratenici

prateniciОбединетата македонска дијаспора (ОМД) со гордост соопштува дека на годинашнава ОМД гала прослава која ќе се одржи во Сиднеј на 5 јули 2013, ОМД наградата за пријателство со Македонија ќе им биде доделена на ко-претседавачите со австралиско-македонската парламентарна група на пријатели – Стивен Џонс, пратеник од Тросби и Лук Симпкинс, патеник од Коуан.

Г-ин. Џонс и Г-ин. Симпкинс неуморно работат кон зајакнување на пријателските односи помеѓу Австралија и Македонија, при што ОМД е строго убедена дека австралиско-македонската заедница  се здобила со посветени пријатели и пободници за еднакви човекови права за Македонците. Двајцата парламентарци неуморно и во неколку наврати ја повикуваа австралиската влада да донесе правилна одлука и да ја признае Македонија под нејзиното уставно име. Воедно, ОМД се надева дека Австралија наскоро ќе престане со ваквата дискриминаторска политика и нема да ја именува Македонија со ниедно друго име освен со уставното.

ОМД се надева дека австралиските Македонци во што поголем број ќе ни се придружат во оддавањето чест на овие двајца извонредни пријатели на Македонија и нашата заедница. Честта на воведниот говор ќе ја има министерот за надворешни работи на Австралија, Боб Кар.  Гала свеченоста ќе се одржи во Сиднеј. За регистрација и повеќе информации, ве молиме посетете нè на: http://www.trybooking.com/CNOA

ОМД наградата за пријателство со Македонија им се доделува на личности кои се докажале како долготрајни пријатели на Македонија и глобалната македонска заедница. Дел од претходните добитници се иминистерот за државјанство, имиграција и мултикултурализам на Канада,Џејсон Кени, генералот-мајор Мајкл Дуби, конгресменката Кендис Милер, конгресменот Бил Паскрел, проф. Виктор Фридман, Џејсон Мико, итн.

Улогата на австралиско-македонската парламетнарна група на пријатели, која брои повеќе од 20 членови, е промоција на поблизок, поквалитетен и посуштински однос помеѓу Македонија и нејзината дијаспора во Австралија, преку иновативни ивисоко импактни политики, програми, проекти и настани кои доведуваат до подобри социјални, економски и еколошки резултати за сите клучни заинтересирани страни.

Најново од: Дијаспора

Македонските православни верници во Салцбург добија нова црковна општина

Со првата Света Архиерејска Литургија, отслужена по повод празникот Рождество на Пресвета Богородица, на 19 септември беше означен почетокот на организираниот црковен живот на македонските православни верници во Салцбург и околината. Новата црковна општина ќе дејствува во рамките на Македонската православна црква – Охридска архиепископија. Македонските православни верници во Салцбург и околината добија нова црковна […]

Реџиналд де Бреј – угледен славист, поет, научник и македонист

Д-р Реџиналд Артур де Бреј беше составувач на новиот „Македонско-англиски толковен речник“. При посетата на главниот град на Австралија во 1992 година, авторот на овие редови, Славе Катин, го посети и домот на професорот д-р Реџиналд Артур де Бреј, член на Македонската академија на науките и уметностите надвор од работниот состав и професор на Австралискиот […]

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

To top