Историја

Македонците и мечот

Daggers_Parazonium

Мечот (lat. “gladius”,”ensis”,”spatha”; engl. “sword”; franc. “glaive”, “epee”; ital. “spada”; germ. “Schwert, “Degen”; рус. “меч”) е сечно и бодежно ладно оружје на пешадинците и коњаниците.

Daggers_ParazoniumСе јавува уште од пронаоѓањето на металот и се изработува од бронза, железо и челик. Се состои од сечиво и држач (балчак). На сечивото се разликуваат: острица, врв, жлеб (крвна бразда за истекување на крвта), телучок – кај едносеките мечеви и корен. За разлика од сабјата, сечивото е право и најчесто е со две острици (двосечно). Мечот со тап врв е за сечење и ударање, а со шилест врв е и за бодење. Сечивото се завршува со корен на кој е дршката. Самиот, пак, држач (балчак), се состои од пократка или подолга дршка, јаболчница и валчеста, тркалезна или призматична накрсница. На држачот (бачлакот), може да биде прицврстен и штитник во облик на корпа од различен облик.

Мечевите се со различни должини: од 0,22 до 2 m.; пократките за убоди се повеќето од порано, а подолгите за убоди и сечење од подоцнежно потекло. Мечевите се држат во корици од дрво, однадвор обложени со кожа, а се носат и за појас, преку раменици или на коњот.

Историски, мечот најрано се јавува во средното бронзено време т.е средината на 2-от милениум п.н.е; им бил познат на народите од средна и југозападна Азија, Египет и Европа. Забележано е дека уште Сумерците се борат со мечеви, а кај Критјаните покрај тоа што мечевите им се главно оружје, истите се долги, тенки и украсени. Кон крајот на 2-от милениум и почетокот на 1-от, во Европа но и Кина се појавуваат подолги бронзени мечеви, а Арабјаните од околу 1500 година п.н.е започнуваат со изработка на прочуените железни мечеви со железо увезено од Индија. Во Галија е употребуван краткиот бронзен меч од 45 см. наречен “parazonium”. Во 1-от милениум се јавува подолг железен “Халштатски” меч (според Hallstatt во Австрија), кој е со јаболчница во облик на ѕвоно.

Hallstatt_C_Mindelheim

Кога Македонците историски се среќаваат со мечот како ладно оружје?

Имено, како што може да се забележи од “Илијадата”, тие со мечот помасовно како да се среќаваат дури во Тројанската војна, при судирите со Грците (таму Ахајци и Данајци) и нивните јунаци, но на своја штета, зашто дотогаш изгледа не го користеле или не сакале да го користат помасовно. Како што се забележува од описите во “Илијадата”, Македонците особено милуваат да се борат со долги јасенови копја и стреливи лакови (Македонците од Пеонија, учесници во оваа војна, во “Илијадата” се и со епитетот “криволаките Пеонци”), со кои особено биле вешти.

Така, дури и најголемиот јунак од Ахајците, Ахил, двапати е рушен од јунакот од Македонија, Астеропај – синот на Пелагон, ранет е и само среќа го спасува од смрт, но неговата предност ќе се покаже во директниот судир кога ќе се борат гради в гради. Ахил во крајниот миг, веќе паднат под Астеропај, итро ќе го извлече мечот од под бедро, оружје кое изгледа не го поседува јунакот од Македонија (и не само тој но ниту за еден друг од Македонците не се споменува мечот како дополнително оружје) и ќе му го зарие во стомак на Астеропај (првиот водач на Пеонците, Пирајхме, загинал уште на коработ среде една од битките, погоден од Патроколо со копје).

Anger_of_Achilles
Според “Илијадата“ мечот е божје дело, дар за Ахил заради што тој ќе посее толку смрт среде јунаците од Македонија

Но и другите споменати јунаци од Македонија (“од родот на Аксиј [Вардар]” кој jа плавел плодната Пеонија) и кои се нашле во близина по убиството на Астеропај, Ахил ќе продолжи во директен судир да ги убива со мечот. При ова, од мечот на Ахил паѓаат: Терсилох, Астипил, Мидон, Трасиј, Мнес, Ајнеј и Офелест. За овој пир на Ахил со мечот по овие Пеонци, “Илијадата” вели:

„ …Тој по Пеонците после, по бојните коњици, пошол,
што покрај вирната река растурени уште си биле,
штом си го вишле најарниот свој дека в лутата борба
соборен паднал од мечот под рацете силни на Ахил.
Овој Терсилоха потем, Астипила, Мидона ги убил,
потоа Трасија, Мнеса, па Ајнија и Офелеста…“

Мечот, всушност, “Илијада” го воздига како некакво штотуку создадено оружје, кое ете дури човек ниту можел да го создаде, па е божјо дело. Така, ова чудесно оружје, лично го изработува олимпискиот мајстор и самиот бог-ковач Хефајст, а по налог на врховниот Зевс и молба на богињата Тетида, заштитничката на Ахил. Со внесувањето на божјата димензија за мечот, како да се оправдува толкавото сеење смрт и таквата негова надмоќ над другите оружја. Всушност, мечот и навистина е надмоќно ладно оружје, но при борба гради в гради, за разлика од долгите копја, лаковите и другите стрелива, кои се надмоќни при борба на опстојание.

gladii3
Римскиот меч гладиус кој го носеле легионерите засекогаш ќе ја реши судбината на ерата на македонизмот по битката кај Пидна во 168 п.н.е

Македонците од многу подоцна, повторно, мечот ќе ги реши засекогаш како некаква дотогаш доминантна сила, а по трите војни со Рим. Имено, тогаш форсирањето на најразличните оружја за битки на опстојание, при што не се само продолжените копја на фалангата, но и опсадната техника, тешката и лесната коњица и.т.н, недавањето вистинско внимание на мечот, пак ќе го почувствуваат како свој нов хендикеп. Тоа особено ќе се увиде при последната битка на Пидна од 168 година п.н.е, кога македонскиот крал Персеј и покрај бројните свои сили и стратегиски првични добри позиции и предност, битката ќе ја изгуби при борба гради в гради, кога заради ридчестиот терен, во македонската фаланга ќе се создадат мали празнини во кои лесно се уфрлаат римските легионери. А тогаш, краткиот меч со кој секој легионер располагал, ќе се покаже кобен за Македонците, кои се опремени со гломазна опрема од долги копја и штитови. Особено тешките македонски фалангисти, тогаш буквално се исклани во голем број. Со ова, токму мечот ќе и` ја запечати судбината на Македонија и епохата на македонизмот како дотогаш најголема сила и доминација на стариот свет.

Превземено до Macedonium

Најново од: Историја

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

Мајскиот манифест од 1924 година – повик за обединување и независна Македонија

Мајскиот манифест од 1924 година претставува еден од најзначајните политички документи во историјата на македонското ослободително движење. Во него јасно била поставена целта за обединување на распарчените делови на Македонија и создавање независна и самостојна македонска држава во нејзините природни, географски и етнографски граници. По Балканските војни и Букурешкиот договор од 1913 година, Македонија била […]

Државните граници на Грција и Југославија – „status quo“

Воспоставена власта во Грција и поставена „железната завеса“ на границата кон север По завршувањето на Втората светска војна, 1945 година е карактеристична по многу настани што се случиле во Грција. Особено значајно било потпишувањето на Договорот од Варкиза и преземањето на власта од страна на десницата. Според грчката историографија, 1945 година, особено зимските и пролетните […]

ВМРО-СДРМА – Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка.

ВМРО-СДРМА и идејата Македонија да стане ѕвезда на американското знаме Во годините непосредно по Втората светска војна, група млади Македонци одбила да се помири со поделбата на Македонија и со неостварениот идеал за самостојна и обединета македонска држава. Во Прилеп се појавила ВМРО-СДРМА – организација која излезот го гледала во создавање Самостојна Демократска Република Македонија […]

Македонски историски календар: 9 септември 1944 година

9 септември 1944 – Политички пресврт со значајни последици за Македонците во Пиринска Македонија Во последните месеци од Втората светска војна дошло до големи промени на Балканот. На 5 септември 1944 година Советскиот Сојуз ѝ објавил војна на Бугарија, а советската армија започнала да навлегува на нејзината територија. Во ноќта меѓу 8 и 9 септември, […]

Најнови вести

To top