Историја

Македонците и ножот

persian1

Кога ножот се појавува на тлото од Македонија?

Историски, појавата на ножот кај нас е слична како и кај другите подрачја на светот, т.е уште во палеолитот кога бил обична плочка од кремен или пак од коска а за што пак има обилие од вакви наоди од археолошките локалитеити кај нас. Во време на енолитот, ножот добива издолжен облик и поостро сечиво. Во периодот на неолитот се јавува бакарниот нож, а нешто подоцна бронзениот и железниот, што исто така верно го следат и докажуваат наодите од ваквите типови ножеви по соодветно перодичните локалитети во Македонија.

За подоцнежниот развој на ножевите и нивната изработка на тлото од Македонија, се поголемо е влијанието на трговската размена како и воените експедиции на Александар III Македонски и неговите наследници, кои носат најразлични примероци од речиси целиот дотогашен познат свет. Исто така, и оние по нив кои ќе ја завладуваат Македонија, ќе го имаат своето влијание во изработките на ножот. Така, од Египет најпознат е ножот во облик на јазик, долг 15 см., во постари времиња изработуван и од камен а во време македонската доминација над оваа земја е од различен материјал, како и бодежот со две острици. Од Вавилон, пак, Македонците го носат ножот со прав облик и остар врв а од Индија познатиот нож “guptikardom”.

persian1

Примерок од персиски нож

400px-Pugio_175_aCОд другите стари народи, од басенот околу Македонија кои се од исто така соодветните периоди на нивна позначјна улога на балканските простори, познати се уште и богато украсуваните бодежи од микенската култура, како и кривите ножеви со една острица кои ги користат Ахајците. Римските легионери, пак, како дополнително оружје со својот краток меч “gladius”, носат и потенок нож наречен “pugio”.

Од подалечните народи, во следните периоди од средновековието како и новиот век, свое влијание и примероци на видови ножеви во Македонија, ќе има од персиските, медиските и скитските кои главно имаат право, широко сечиво во облик на лист; потоа арапскиот и турскиот нож кои се со криво сечиво но и ерменскиот нож кој е во облик на пламен. Забележано е и присуство на криви ножеви со острица кон внатрешната страна кои потекнуваат од азијскиот нож “falx”. Но особено Турците ќе го користат кривиот долг нож “kindzal”, кој го носеле вденат на појас (како и другите источни народи чии колонии населуваат Турците на места од Македонија и Балканот)

Од западна Европа, од среден век познат е уште и германскиот широк нож “sax”, кој заради големината е сметан и за краток меч. Како и да е, развојот на ножот како ладно оружје е се до XVII век, кога ножот постепено го губи значењето, особено во Европа, пред се заради развојот на огненото оружје-пушките, артилеријата и сл. средства за борба, кои пак сега го зголемуваат борбеното отстојанието помеѓу противниците.

Едноставно, ножот, како и мечот ја потрошил својата функција кога битката била гради в гради. Сепак, во Македонија, заради развојот на разбојништвото и анархијата, но и традицијата на носење ножеви кај исламизираните народи, тој уште долго ќе биде присутен. Особено ќе биде присутна познатата кама, нож користен масовно и од македонските ајдуци и комити. За последниве, познато е дека и заклетвата кон ВМРО ја давале пред Библија со вкрстен револвер-наган и кама.

747

Македонските револуционери заклетвата ја давале пред пиштолот и камата

Европјаните, пак, ќе се навратат на кратко во производството на ножот дури во првите децении од XX век, но сега како издолжен продолжеток на пушките – бајонет, при рововските судири во Балканските војни, во I но II светска војна. Заради постојаното главно поприште на Македонија и во овие војни, има обиле од наоди на бајонети од сите војски учеснички во судирите. По овие војни, употребата на ножот како некакво помасовно борбено оружје, ќе опадне, па денес тој се користи уште во одредени специјални (анти)диверзантско-терористички единици (нож во варијации со функции и облик сличен на познатиот “Рамбо” нож).

(Извори – “W.Boeheim, “Hadbuch der Waffenkunde”, Leipzig, 1890; A.Demmin, “Die Kriegswaffen”, Leipzig, 1893)

Превземено од Macedonium

Најново од: Историја

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

Мајскиот манифест од 1924 година – повик за обединување и независна Македонија

Мајскиот манифест од 1924 година претставува еден од најзначајните политички документи во историјата на македонското ослободително движење. Во него јасно била поставена целта за обединување на распарчените делови на Македонија и создавање независна и самостојна македонска држава во нејзините природни, географски и етнографски граници. По Балканските војни и Букурешкиот договор од 1913 година, Македонија била […]

Државните граници на Грција и Југославија – „status quo“

Воспоставена власта во Грција и поставена „железната завеса“ на границата кон север По завршувањето на Втората светска војна, 1945 година е карактеристична по многу настани што се случиле во Грција. Особено значајно било потпишувањето на Договорот од Варкиза и преземањето на власта од страна на десницата. Според грчката историографија, 1945 година, особено зимските и пролетните […]

ВМРО-СДРМА – Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка.

ВМРО-СДРМА и идејата Македонија да стане ѕвезда на американското знаме Во годините непосредно по Втората светска војна, група млади Македонци одбила да се помири со поделбата на Македонија и со неостварениот идеал за самостојна и обединета македонска држава. Во Прилеп се појавила ВМРО-СДРМА – организација која излезот го гледала во создавање Самостојна Демократска Република Македонија […]

Македонски историски календар: 9 септември 1944 година

9 септември 1944 – Политички пресврт со значајни последици за Македонците во Пиринска Македонија Во последните месеци од Втората светска војна дошло до големи промени на Балканот. На 5 септември 1944 година Советскиот Сојуз ѝ објавил војна на Бугарија, а советската армија започнала да навлегува на нејзината територија. Во ноќта меѓу 8 и 9 септември, […]

Најнови вести

To top