Култура и туризам

Археолошки локалитет во Старо Село (Арангел) Општина Кичево

staro-selo

staro-seloСтаро Село е археолошки локалитет во Кичевското село Арангел. Локалитетот претставува средновековна црква и некропола. Се наоѓа во централниот дел на селото, на една мала височинка, особено покрај селската продавницa, каде има некропола со гробови подѕидани со камени плочи. На средината од некрополата има темели од мала еднокорабна црква со димензии од 6 х 4 m.

Маркулија (Маркова Кула) е тврдина-крајпатна стража 1 км североисточно од раселеното село Арангел и исто толку далеку од Србица, обете во Кичевско. Претставува истурена планинска гранка што завршува со заоблена чука 100 м високо над источниот раб на долината (872 м н.м.). Визуелно е поврзана со Кичево 10,5 км на југозапад. Стариот пат Кичево – Гостивар поминувал крај ридот и 7 км северно оттука го достигал планинскиот премин Кафа. Таму лежат и старите рудници на железо, додека рудниците на јаглен (површински копови) лежат 3 км јужно од Маркулија, во атарот на Осломеј

Манастириште е археолошки локалитет во Кичевското село Арангел. Локалитетот претставува населба од доцноантичко време. Се наоѓа на околу 1 km јужно од селото, во приватна нива, каде во 1958 година биле откриени две мермерни плочи. Во истата и во соседните ниви по површината се среќаваат фрагменти од керамички садови, питоси, тегули и градежен материјал.

Меѓа е археолошки локалитет во Кичевското село Арангел. Локалитетот претставува старохристијанска базилика. Се наоѓа на околу 600 m источно од локалитетот Манастириште, на една мала височинка, каде се гледаат темели од поголем објект обраснат со вегетација. По површината има расфрлено фрагменти од тегули и градежен материјал. Според димензиите и ориентацијата (исток-запад), би можело да се заклучи дека се работи за старохристијанска базилика

Арангел е село во Општина Кичево, во околината на градот Кичево. Според податоците за 2002 година, во селото живееле 709 жители. До 2013 година селото било дел од Општина Осломеј, која се припоила кон Кичево.

Најново од: Култура и туризам

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

Кралскиот оклоп од Кутлеш – ремек-дело на македонските мајстори од IV век пред нашата ера

Ова не е обичен војнички оклоп. Станува збор за исклучително дело на античкото оружарство, откриено во Кралската гробница II во Кутлеш, на просторот на древната македонска престолнина Ајга. Изработен од железо и богато украсен со злато, оклопот сведочи за моќта, богатството и високото мајсторство на Македонија во IV век пред нашата ера. Кралските гробници во […]

To top