
Ристо Поповски и Ангелина Маркус

Со повлекување на границите преку Парискиот договор, ВМРО не беше задоволна и понатаму се трудеше за една мала војна и секогаш напаѓаше од Бугарија на југословнска територија, така што ги отежнуваше односите на двете држави. Едно претпазливо приближување пропадна, посебно преку еден инцидент кај Крива Паланка во почетокот на август 1926 година, кога партизаните од ВМРО после подолги борби се повлекоа на бугарска територија. После понатамошни ВМРО атентати, во почетокот на 1928 година Белград објави потполно затворање на границата со Бугарија. Прв пат после тоа во Јануари 1930 година можеа граничните положби повторно да се нормализираат. По некои проценки се кажува дека ВМРО од 1919 до 1937 година, направиле отприлика 2.800 атентати на југословенска територија. Најспектакуларен беше атентатот што ја погоди целата интернационална политика кога во Марсел 1934 година беа убиени, Српскиот Крал Александар I и Францускиот Министер за Надворешни работи Бартхоу. Тоа се случи кога припадникот на ВМРО, Владо Македонски Црноземски заедно со една tajna групација од хрватските усташи го направија овој атентат. Иако од 1934 година после една офицерска побуна во Бугарија, ВМРО беше официјално забранета, но организацијата и понатака ја водеше нејзината мала војна.

Владо Македонски Црноземски
Со прашањето околу српскиот терор во Македонија и праведноста на револуционерните борби што ги водело македонското население за ослободување на татковината по завршувањето на Првата Светска Војна, се занимавала и Француската Лига за човекови права. Секретарот на лигата Андри Герњу, одговарајќи на најгорчливите прашања околу борбите на
ВМРО во Македонија истакнал: „Моето мислење за Македонија е просто: нема да има мир на Балканот се` додека не се реши прашањето за Македонија. Ако се инсистира Македонците да бидат праведници кон своите соседи, треба да се претпочита пред се`, законот за праведност кон самите Македонци… Тие сакаат Македонија да биде афтономија, тоа е нивно право, а наш долг е да им го обезбедиме тоа право“.
Германските и австриските текстови и коментари по војната, кои се однесуваа на Македонија и на личноста на Тодор Александров, исполнети се со чувство на пријателство. Германците и Австријците пишуваат: „Македонецот е многу итар, трудољубив и не сака ништо повеќе од тоа, да си го поседува своето со крв натопено парче земја. Покрај четниците, таму ќе ги видиме еден покрај друг, селанец и студент, учител и ученик, стари и млади и сите се потчинети пред многу строгите правила на организацијата, изработени само за ослободување на татковината. Решение: Македонија на Македонците, нема да згасне. Ова решение ќе ги занимава за долго време европските дипломати“.
Јас не сум сигурен, дали Македонците знаат кој е Цар Душан и што има сторено тој, но јас можам со сигурност да гарантирам дека сите Македонци знаат кој е Александар Македонски, Даме Груев, Гоце Делчев и особено кој е Тодор Александров – хероите на македонскиот народ, Македонците со почит стојат пред тие имиња.
Името и делото на Тодор Александров, како и праведната борба на ВМРО по Балканските и Првата Светска Војна многу се присутни и во печатот и во дипломатијата на далечна Америка. Така, на 10 август 1924 година, весникот „Work Times“ за Тодор Александров и за ВМРО пишува: „ВМРО е организирана до совршенство, со своја пошта и центри за разнески, со своја милиција и одлично вооружени сили, располага со сопствена култура, економска политика и претставува една вистинска држава, мистериозна и силна и која има строго определена цел: „ПРОГЛАСУВАЊЕ НА МАКЕДОНИЈА ЗА СЛОБОДНА ДРЖАВА СО ГЛАВЕН ГРАД СОЛУН“.