Дијаспора

Дали фондацијата СОРОС беше инструмент на Клинтоновата администрација!?

soros

За тоа дека поедини личности-видни функционери на ОН и ЕУ кои на извесен начин биле вмешани за промена на уставното име на Македонија, ќе се послужиме со некои пишувања на познати македонски новинари, кои најсовесно си ја вршат својата професија.

soros

Во  „Дневник“ на 17 јули 2013 година, напис од Цветин Чилиманов, македонски новинар на  МИА од Вашингтон, пишува за еден од тие случаи, во статијата под наслов: „Ла Ру: Не ги селектирав медиумите при посетата на Македонија“. Г-дин Чилиманов, познат на македонската јавност, при средбата на Барак Обама со Андонис Самарас во Вашингтон на 9 август 2013, кој што беше следен, потуркуван и спречен од страна на обезбедувањето на грчкиот Премиер Самарас да постави прашање во врска со името (гркоман од македонско потекло-јаничар и маша на поединци влијателни антимакедонски настроени функционери во ОН, НАТО и ЕУ), кој Чилиманов притоа јавно им изјави: „Не се плашам од вас“.

Тоа ме натера, моите поранешни сомневања да ги истакнам за “исправноста” на сопружниците Хилари и Бил Клинтон, по одност на избегнувањето на посетата на нашата држава, кога го посетувале Балканот и кога го избегнувале изговарањето на името Македонци, Македонски и Република Македонија и кога за време на нивното владеење со САД изјавувале: „Вие држете се до Бугарија“!

Постојат неколку примероци на дел од неадекватна загрижувачка активност на видни функционери и нивни поедини претставници на кабинети, во поедини важни институции на ОН, ЕУ и НАТО, кои потклекнуваат при вршење на своите исправни активности за кои се избрани, а на штета на спроведувањето на демократскиот поредок во поранешните Југословенски – комунистички земји. Ќе наведам некои примери, за да имаме на увид дека наведените Светски организации, преку поедини нивни институции, односно лидери, не ги вршат своите моралн обврски, поради лични интереси или недоволно познавање и непочитување на Меѓународното право!

Да се вратиме на темата за која Чилеманов пронашол податоци.

Се работи за Френк Ла Ру, специјален известувач на Обединетите нации за СЛОБОДА НА ИЗРАЗУВАЊЕ, што имал матична организација  во Гватемала, која примала средства од глобалната мрежа ИНСТИТУТОТ „ОТВОРЕНО ОПШТЕСТВО“ на Џорџ Сорос. Во „Дневник“ се вели дека тој рекол, дека при посета на Македонија, се сретнал со македонскиот огранок. Познато е дека  македеонскиот разгранок (огранок) на СОРОС е поврзан со медиумите на опозиционата СДСМ, која по секоја цена настојува да дојде на власт во Република Македонија.

Авторот Чилиманов пишува: „Како што „Дневник“ објави по посетата на Ла Ру на Македонија, неговата соработка  со Институтот на Сорос веќе била критикувана во американските медиум, поради сомнеж дека институтот ја финансирал работата на Центарот за правна акција за човекови права, невладина организација од Гватемала формирана од страна на Ла Ру, а за возврат, тој промовира ставови блиски до институтот“. Тоа е многу добар знак од американскиот медиум кој е полн со интелектуалци, а имаат влијание и од администрацијата на Барак Обама!

Невладини организации кои биле поврзани со македонскиот огранок на институтот, најмногу пари добивале од меѓународните организации, кои финансирале проекти поврзани со состојбата на медиумите во Македонија. Значи работата е јасна. Огранокот на македонскиот институтот „Отворено Општество“ на Џорџ Сорос, јавно работел за нечесни цели на СДСМ, поткопувајки ја демократската активност на актуелната влада на Република Македонија и наведувајќи ги жителите на Македонија, дека наводно требало да се смени уставното име на Македонија, како услов за зачленување во ЕУ и НАТО!

Ла Ру имал Кабинет во Женева, која соработувала  со канцеларијата во Скопје на УНДП, а која била канцеларија на Обединетите Нации. За да ја покаже својата “добра” активност, во „Дневник“ од 17 јули 2013, ќе прочитаме наслов: „Ла Ру: Ќе ја пофалам Македонија за лустрацијата“.

Од  оваа статија на „Дневник“ ќе ја искористиме  следната реченица за подетално прикажување на неговата пофалба: Експертот на ОН со високи оценки за лустрацијата во Македонија, најави дека отварањето на кодошките досијеа ќе го наведе како позитивен пример во својот следен извештај пред ОН“.

Уште една свежа грешка на Меѓународната Заедница е поставувањето на Младенов, бивш министер во владата на поранешниот премиер на Бугарија Бојко Борисов, за специјален претставник на Обединетите нации за Ирак!?

Во „Дневник“ од 9 август 2013 во насловот: „Како Бугарија ја засака Грција  контра Македонија – Бугарски СОРОС заслужен за слугувањето на Софија кон Атина“.

Бугарската фондација “Отворено Општество” кое има такви слични ограноци во светот, а секако и во Република Македонија, како “невладина” организација, активно била вклучена и во антивладините протести во Софија. Тие го заштитувале поранешниот премиер на Бугарија, Бојко Борисов. Во тоа биле поврзани поранешниот министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Младенов и историчарот Димитар Бечев, кои биле поврзани со фондацијата СОРОС. Еден од познатите организатори на протестите се вика  Асен Генов, член на ГЕРБ на Борисов, поврзан со „Отворено Општество“. Пишувал на веб-страницата на бугарски јазик на www.alternine, ormantion.worldpress.com. Понатаму, авторот на текстот за „Дневник“, Лепа Георгиева пишува: Во истиот текст се додава дека СОРОС има можност да финансира цел воен конфликт и за него не е некаков проблем да ги превземе протестите за да ги постигне своите цели.

„Младенов пренесувал пари на СОРОС преку граница“. Кога Младенов бил министер од 2010-2013 година во владата на Бојко Борисов, кога исто така бил и европратеник и по се` изгледа, а дај Боже да не е тоно, тој за својата лојалност кон антимакдонските работи, на 2 август  2013 бил назначен за специјален претставник на Обединетите Нации за Ирак!? Младенов бил основач на бугарското „Отворено Општество“, кој во деновите на владеењето на српскиот диктатор Милошевиќ, му носел торби со пари да ги исплаќа своите министри, кои немале исплатено плати, кои пари биле на СОРОС!

Обединетите нации треба да вршат постојана контрола на своите избраници, особено на тие кои не си ја вршат својата активност правилно. Европската Унија, ако има прави демократи кои заслужуваат искрена почит од народот, треба посериозно да пристапат на одбирањето на нови високи раководни кадри за европарламентот на изборите во 2014 година.

Јанко ТОМОВ

Најново од: Дијаспора

Патот до успехот на Македонецот Роб Спасевски од Мелбурн

Од врвен фудбалер до успешен фудбалски тренер – тоа е пат исполнет со талент, дисциплина, жртви, искуство и постојана желба за победа. Додека кариерата на теренот бара физичка подготвеност, инстинкт и фудбалска умешност, преминувањето на тренерската клупа носи нови предизвици: тактичко знаење, психолошка зрелост, способност за мотивирање и, пред сè, лидерство. Таков пат изодел Роб […]

Соопштение на Централниот совет на Македонците во Германија против актуелните антимакедонски напади во бугарскиот парламент

Берлин, 13 септември 2026 Централниот совет на Македонците во Германија (Zentralrat der Makedonen in Deutschland e.V.) најостро ги осудува најновите историско-ревизионистички и шовинистички изјави, како и официјалната парламентарна иницијатива на бугарскиот пратеник Костадин Костадинов, поднесена на 11 септември 2026 година. Под изговор на спортски настан, Костадин Костадинов ја искористи говорницата на Народното собрание на Република […]

Академик Виктор Фридман – американски лингвист и бранител на македонската вистина

Пријатели на Македонија Виктор Фридман е американски лингвист, славист, македонист, балканист, граматичар и социолингвист, еден од најпознатите балкански слависти во светот. Ученик на Збигњев Голомб, еден од основачите на американската македонистика, Фридман работи во рамките на функционалната структуралистичка теорија на јазикот. Тој е надворешен член на Македонската академија на науките и уметностите од 1994 година […]

Лиана Коњарски од Мелбурн – најдобра одбојкарка во Премиер 1 лигата на Викторија

Македонката Лиана Коњарски од Мелбурн постигна голем спортски успех во Австралија. Со својот клуб „Yarra Ranges Volleyball Club“ ја освои шампионската титула во женската Премиер 1 конкуренција, а нејзините одлични игри беа крунисани со две големи индивидуални признанија – за највреден играч (MVP) и за најдобар техничар (Best Setter) во лигата. Гордост и радост владеат […]

Дијаспората заборавени од историската слика за 8-ми септември

Идејата за самостојна Македонија не се роди непосредно пред референдумот во 1991 година. Таа долго живееше меѓу македонците во дијаспората, дури и кога јавното залагање за независност можеше да донесе прогон, затвор и уништен живот. По повод 8 Септември – Денот на независноста и 35-годишнината од создавањето на самостојната македонска држава, под покровителство на претседателката […]

Европратеничката Ирена Јовева – бранител на македонскиот јазик и македонскиот идентитет

Европската Унија е наднационален и меѓувладин сојуз на европски држави. Под ова име е основана во 1993 година, со Договорот за Европската Унија, познат како Договорот од Мастрихт. Сепак, голем број нејзини институции и механизми постоеле и претходно, врз основа на договорите што датираат уште од 1951 година. Активностите на Европската Унија опфаќаат бројни области […]

ОМД ги претстави своите нови соработници за меѓународна политика и дипломатија

Алесандра Андраде, Картер Бакли и Стојан Трајаноски ќе ѝ се приклучат на Обединетата македонска дијаспора во текот на есенскиот семестар 2026 година и ќе придонесуваат во областа на меѓународната политика, дипломатијата, истражувањето, комуникациите и соработката со македонската дијаспора. Обединетата македонска дијаспора (ОМД) со задоволство ги претстави тројцата нови практиканти што ќе бидат дел од нејзиниот […]

8 Септември денот на самостојноста на Република Македонија одбележан во Берлин

БЕРЛИН, 8 септември 2026 година На свечен прием во Берлин, организиран од македонското Министерство за надворешни работи и надворешна трговија, а со поддршка од македонски и германски стопанственици, беше одбележан 8 Септември – Денот на независноста на Република Македонија. Свеченоста се одржа во репрезентативните простории на Претставништвото на германската сојузна покраина Северна Рајна-Вестфалија. Настанот го […]

To top