Историја

Составот и карактерот на Карнегиевата Комисија

komisija

Во почетокот д`Естурнел наведува кој се` е консултиран од останатите членови на Фондацијата при испраќањето на Поткомитетот, како и неговото составување. Но составувањето најблаго речено е очајно.

komisija

– Од САД – 1 ЧЛЕН – Семјуел Т. Датон. За него д`Естурнел само вели дека е соработник на Претседателот на Карнеги Фондацијата Николас Мјуреј Батлер и дека е професор на Универзитетот Колумбија. Уште ја фали неговата непристрасност, морал и пожртвуваност, но не наведува повеќе детали кога и како трга.

– Од ФРАНЦИЈА – 1 ЧЛЕН – Г.Жистен Годар, за кого д,Естурнел ќе рече

„Единствената Комисија со која јас претседавав од Париз не мислеше дека е потребно да се именува потпретседател во текот на нејзиното патување, генерален секретар, благајник и известувач. Г.Годар беше сето тоа и дури повеќе, доверлив пријател врз кого секој можеше да се потпре“.

Од ГЕРМАНИЈА – НЕМА ЧЛЕНОВИ – Имено за ова д`Естурнел вели:

„Двајца од нашите пријатели во Германија одговорија на нашата покана, проф. Расковски од Берлинскиот Универзитет и проф. Шикинг од Марбург, и двајцата докажани и прекрасни луѓе, колку учени толку непристрасни. На првиот, токму во моментот на неговото тргнување, за несреќа, му била одбиена потребната дозвола од Универзитетските власти. Вториот застанал во Белград и морам да кажам, бил целосно доведен во заблуда, поради околностите за кои ќе додадам неколку збора подоцна“.

– Oд АВСТРИЈА – НЕМА ЧЛЕНОВИ – Имено за ова д`Естурнел само ќе запише:

„Австрија придонесе поради изоставувањето на проф. Х. Ламаш, наш голем и благороден пријател, чиешто здравје го задржа дома, со проф. Редлих, чија соработка и во Виена и во Париз беше скапоцена“.

– Од АНГЛИЈА – 1 ЧЛЕН – Х.Н. Брејлсфорд . Имено за вториот Англичанец Френсис В. Хирст, уредник на весникот „Економист“, д`Естурнел културно ќе го фали неговиот допринос во подготвителните состаноци во Париз, но и тој избегнува да замине, па на терен оди само Брејлсфорд.

– Од РУСИЈА – НЕМА ЧЛЕНОВИ (?!) – За воља на вистината Павел Милјуков тргнува, но заради бугарофилство и недоверба од грчката и српската влада е вратен. Д`Естурнел спомнува само помош од проф. Максим Ковалевски, но за Милјуков го вели следното:

„Проф. Милјуков беше веднаш обвинет дека е многу непријателски расположен спрема Србите, а Брејлсфорд не помалку непријателски расположен спрема Грците“.

– Д`Естурнел ги брани двата члена, неуспешно. Тоа што Милјуков им е наклонет на Бугарите било кога и други по Европа ги бранеле и фалеле, избегнувајќи со ова да ја каже вистината дека Милјуков малку се “заборавил” во бранењата САМО на Бугарите, зашто тие никогаш не прекинале кај него.

– Нападите пак на Милјуков врз Србите (но и сите други освен се разбира – Бугарите) ги правда со тоа оти биле кога осудата била едногласна, што ќе рече кога и други ги напаѓале (?!). Со ова пак избегнал и да каже зошто пак “непристрасниот“ Милјуков се` избирал моменти кога Бугарите се фалени и бранети, а Србите се напаѓани и осудувани.

– Брелсфорд пак го брани од Грците со неговото учество во Критското востание како млад, не спомнувајќи ништо од конкретните обвинувања за врските со Софија.

Македониум

Најново од: Историја

Тајниот македонски комитет – основан 1885 година во Софија

Во втората половина на XIX век, во време кога Македонија била изложена на силни и меѓусебно спротивставени пропаганди, меѓу македонската интелигенција се појавуваат организирани обиди за афирмирање на посебноста на македонскиот народ, неговиот јазик и црковната самостојност. Еден од најзначајните такви рани обиди бил Тајниот македонски комитет во Софија. Формирањето на Тајниот македонски комитет Тајниот […]

Владеењето на Александар Македонски со провинциите Лидија и Карија

Историјата на Јонците покажува дека тие постојано го чувствуваа јаремот на туѓинецот како товар. Тие не се караа, туку ја почитуваа слободата како најголем благослов. Записот на Приен од третиот век ни дава благороден израз на оваа идеја кога вели: „Нема поголемо нешто за античкиот грчки човек од слободата“. На прашањето како Александар Македонски ги […]

Беличица во пламен – трагедијата од 19 септември 1944 година

На 19 септември 1944 година селото Беличица, во Горна Река, станало место на една од најтешките и најтрагичните борби во последните месеци од Народноослободителната војна во Македонија. Во нерамноправниот судир меѓу борците на Третиот тетовски партизански одред и многубројните балистички сили загинале 21 партизан, а по завршувањето на борбата биле убиени и 17 жители на […]

Зошто Македонија низ историјата била делена – и зошто борбата за нејзината историја трае и денес?

Македонија со векови се наоѓала на крстопатот меѓу Истокот и Западот, на простор низ кој минувале војски, трговски патишта, империи и интереси. Но зошто токму Македонија толку долго била предмет на војни, поделби, пропаганди и спротивставени историски претензии? И уште поважно: колку Европа знаела за сето тоа и зошто интересите на големите сили толку често […]

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

To top