Култура и туризам

Македонски артефакти (1 дел)

blagoj-trajkov

blagoj-trajkov
Благој Трајков

П Р Е Д Г О В О Р

Идентитет е основно човеково право на чувство, паметење и прататковинско суштествување на етногенороден народ, кој милениумски се конституира низ примарни посебности, особености, специфики и сознанија од колективното паметење и зрелост, низ минливите и менливи збиднувања со што сознанијата прераснуваат во сведоштва и закономерни оставштини за идентитет.

Идентитет е состојба од сознанија за една единка или целина на народ, во која нештата од суштествувањето се поставувале, изградувале, осознавале, вреднувале, согледувале, секогаш  појавувајќи и оформувајќи сé во основните начела и аспекти од прапрвичната фактичка состојба, како стожер основа за појдовна современа и своевидна индивидуално-колективна креација во зависност од друштвените збиднувања, a истовремено проучувањата на идентитетот низ историските епохи, системи и одредени состојби дефинираат и формираат актуелни посебности, вкрстосувајќи аспекти од едно до друго време, состојба, процес и потреба на единката, заедницата, колективот, народот и нацијата.

Идентитетот излегува од доменот и волјата на поединецот, случајното и туѓото, се вгнездува во објективното, нужното и општото, темелно ја дефинира посебноста на етногенородниот поединец, народ или нација низ историскиот развој, носејќи, поставувајќи и презентирајќи ги елементите на суштествувањето, секогаш понирајќи во сознајната свест за етногенородните карактеристики на посебност, со сите древно-цивилизациски вредности, кои го дозволуваат правото на дотичен народ да се именува и да ја именува земјата на која суштествува по тоа име, како единка, народ или нација.

Идентитетот на еден народ, покренува лавина на научни аналитички студии од следните профили на професии: географолози, геолози, епиграфисти, палеолисти, топонимисти, хидронимисти, лингвисти, ономастичари, археолози, етнолози, културолози, теолози, философи, историчари, политиколози, хуманисти… Кои ги согледуваат прапочетоците, севкупното минато, развојот и континуитетот на суштествувањето на дотичен етногенороден народ, во македонскиот случај за македонскиот идентитет и древните археолошки артефакти, “со врежани зборови “Македон”, “Македонец”, “род македонски”, “Македонија”, “македонско тло”,[1] кои зборуваат дека од неолитот до наши дни, Македонците биле и останале Македонци.

Овој труд опфаќа само скромен дел од етногенезата, етнонимијата и етимологијата за Македонските артефакти, како постоечки пишани аргументи (сведоштва) низ материјални докази, колку да се знае, што е што, од што и за што.

I дел

Mакедонците, со антропоморфолошката (наука за облиците на човечкото тело и

посебност) “се сметаат себеси како Македонци”,[2] и се од родот на Пелазгите, Антите, Венетите, и во основа всушност, “Македонците се Пелазгиски народ”,[3] чии ограноци “во праисторискиот период се простирале од Индија се до крајните граници на Западна Европа, од кои повеќето го заборавиле своето потекло“.[4]

Многу стар артефакт од просторот на Македонија кој заслужува особено внимание и со кој се посведочува присуство на живот е женски череп стар 270.000 години, како и други наоди од човекови активности, од кои и палеолитската секира стара 500.000 години што го изразуваат степенот на развој на најстариот неолитски човек и упатуваат дека Македонија има релевантни докази за еволутивниот момент на својата сопствена култура, каде доминирал култот на Сонцето низ континуирана истородна цивилизација во Европа.

Од единаесетиот милениум до седмиот милениум пред Христа, на тлото на Македонија суштествувало организирано неолитско општество, со автохтон етногенороден  древномакедонски народ,  кој имал свое писмо и зборувал на ист јазик, и “светската наука ги идентификува и дефинира како Пелазги, Анти, Венети (Венди, Винди), Древномакедонци”,[5] Феникијци, Траки, Сармати, Илири, Словени, иста популација, со различни називи.

Идентични стојалишта со античките автори дека етногенородниот современ македонски народ потекнува од најстарите Пелазги даваат: Müler; Wels; Szulc; Orbini; Borza; Dolci; Yco; Heicheilheim; Kostrzevsky; Arthur de Cobineau; кои стручно, достоинствено, непристрасно, без предрасуди, без пристрасни идеологии, тенденциозни толкувања и заблуди, објективно ги надополнуваат плејадата научници од егзактната наука во светот, и афторитет  што ќе ги споменеме  на кои митологијата, ономастиката и старите летописи им појасниле многу факти: J. Bobbiensis; Fredegar Scholasticus; Adam Bremenski; Helmold; Wincenty Cadlubek; Chranicon; Grantz; Marcin Bielski; Kantzot; Münster; Vramec; Bohorič; Salfeld; Vinko Pribičevič; Mavro Orbin; Savijur Lozinjan; Enea Solvio Picolomini; Juraj Šižgurič; Valvasor; Marino Barletio; Tatašiev; Schlözer; Tredjakovski; Gerote; Trstenjak; чии истражувања дошле до резултати дека “народите од антиката Анти, Венети, Вендули, Енети, Македонци, Феникијци, Бриги”[6] ”(Фриги)”,[7] Склавини кованица за Словени…, “биле еден ист етногенороден народ”[8],  иако во одделни историски епохи биле нарекувани со различни имиња сите припаѓале на големото Пелазгиско древно родовско стебло.

Од постантичките автори Ptolomais; Jordanes; Kasius Diz; Pamponij Mela; Strabon; Pictet… дознаваме дека “од етногенородните Пелазго-Античко-Македонско-Словенски браќа по род потекнуваат:  Руси; Московити; Белоруси; Украинци; Полјаци; а од етногенородните Пелазго-Венетско-Македонско-Словенските браќа по род, потекнуваат: Чеси; Словаци; Хрвати; Срби; Словенци; Босанци; Баварци; Лацинци; Рецинци; Хелвети; Тиролци; Сабини; Норикумци; Келти (Кити); Бретанци”.[9]

Всушност, за современата наука сведоштвата за македонската етногенородност децидно ја потврдуваат авторите Isokrat, Herodoth, Thukidid, Demosten, Platon, Plutarh, Polubius, Strabon, Titus Livius, Arian, Pausanius, кој факт го потврдува и извршената DNK-анализа во Вирџинија (САД) во 2003-та година н.е. која покажа дека Македонците имаат ”медитеранска DNK”, а додека денешните Грци (Данајци) “субсахарска DNK” дојдени од Египет, точно како што запишал Есхил, а факт потврден преку анализата во 2006-та година и истражувањата од анализата на DNK од Оксфордскиот институт од 2008-та година од институтот “IGENEA” покажаа дека “современите Македонци се директни потомци на древните Антички Македонци”, со што всушност се потврдува дека Македонија е неприкосновена целина, татковина на Македонскиот народ и прататковина на Словени, Венети, Анти, земјата на Пелазгите (белата раса на луѓе) кои оставиле свои траги во топонимите, оронимите, хидронимите, патронимите, епитафите и личните имиња на три континенти.

Продолжува


[1] Strabo, VII, fr, 11.

Georg Autenrieth, A Homeric Dictionar…p.74

Homer, Ilijada, II, 14, 226

Homer, Ilijada, II, 846

[2] Eugene Borza In the Shadow of Olimpus…, p.96

[3] Marcus Inuianius Iustinius, Historias, Lib. VII, I,I

[4] Аdolphe Pictet, Les origine …, Tome premier, p.12

[5] Marcus Iunianius Iustinius, Pompeius Trogus.., VII, 1,3

[6] Steph., Byz., S.V. Brygias

Itnin, Hierosolim, 607, 2.

[7] A.Gotze, Kleinasien…, p.202.

[8] Eltzelt von Salfeld, Chronicon der Alten Mark, Magdeburg, 1579.

M. Orbini. IL Regno degli Slavi, Pezzaro, 1601, p.4-5.

[9] Д-р. Петар Поповски. “Украдена историја”. 2009. Стр.70.

Види пошироко во: Veneti first Builders of the European Community, co-publishing Anton Skerbinc, Mateh Bor, Ivan Tomazic, Canada 1996 pp.143-147

Најново од: Култура и туризам

На 19 септември 1992 година, во селото Стајковци, Скопско, бил поставен и осветен камен-темелникот на новата православна црква посветена на светите браќа Кирил и Методиј.

Со поставувањето на камен-темелникот започнала изградбата на нов духовен дом за православните верници од Стајковци – храм посветен на сесловенските просветители, чие дело оставило неизбришлива трага во духовната, културната и писмената традиција на Македонија и на словенските народи. Светите Кирил и Методиј, родени во Солун во IX век, се меѓу најзначајните личности во христијанската и […]

Солунските браќа свети Кирил и свети Методија

Свети Кирил и свети Методиј Солунски се родени браќа од градот Солун. Потекнуваат од угледно и богато византиско семејство, од таткото Лав и мајката Марија. Постариот брат, Методиј, како офицер поминал десет години меѓу македонските Словени. Потоа се оддалечил, заминувајќи на планината Олимп и се предал на монашкиот живот. Таму му се придружил и Кирил […]

Македонскиот рубин – камен што го носи името на Македонија

Македонскиот рубин не е само скапоцен камен. Тој е природно богатство создавано во длабочините на македонската земја, минералошка реткост поврзана со прилепскиот крај и скапоценост што денес го носи името на Македонија во светот. Во белите мермери во околината на Прилеп природата оставила нешто навистина необично – кристали на корунд со розова, малинова и црвеникава […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

Промоција на „Раскинување на договорот“ во „Матица македонска“ – Сотирис Минас, Гркот кој ја побара вистината и ја засака Македонија

Во присуство на бројна публика, на 19 септември во книжарницата „Матица македонска“ во Скопје беше промовирана двојазичната поетска збирка „Раскинување на договорот“ на грчкиот поет и преведувач Сотирис Минас – автор кој нема македонско потекло, но сам го научил македонскиот јазик и преку своето творештво отворено проговори за Македонија, македонскиот јазик, идентитетот и правото на […]

Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор

Дали на Пеленица над Драчево навистина постоел манастир со необичното име „Свети Ерусалим“? Новото истражување на Ставре Џиков отвора прашање кое води длабоко во минатото на овој стар христијански простор. Документите го потврдуваат името „Свети Ерусалим“, додека археолошките наоди сведочат дека Пеленица била значајно христијанско место уште во доцната антика. На само неколку километри над […]

Кралскиот оклоп од Кутлеш – ремек-дело на македонските мајстори од IV век пред нашата ера

Ова не е обичен војнички оклоп. Станува збор за исклучително дело на античкото оружарство, откриено во Кралската гробница II во Кутлеш, на просторот на древната македонска престолнина Ајга. Изработен од железо и богато украсен со злато, оклопот сведочи за моќта, богатството и високото мајсторство на Македонија во IV век пред нашата ера. Кралските гробници во […]

To top