На прво место

Германските навивачи во одбрана на македонското знаме

DOOM-_1

DOOM-_1Македонска нација

На фудбалскиот натпревар Шалке 04 и ПАОК кој се одигра на 21–ви август во рамките од плеј – офот во Лигата на шампионите, заради развиореното македонско знаме од Кутлеш, дојде до брутална интервенција на германската полиција при која повеќе лица се приведени и хоспитализирани.

Имено грчките делегати побарале да се тргне знамето од Кутлеш, па полицијата морала да интервенира, што предизвикало револт кај фановите на Шалке, кои се збратимени со вардаровите навивачи „Комити“.

Инцидентот кој се случи на натпреварот Шалке – ПАОК, кога германските навивачи се спротивставија да биде острането македонското знаме и транспарентот „Комити Диселдорф“, на кој е вметнато и сонцето од Кутлеш, а кој го означува братството меѓу германската навивачка група „УГЕ“ и „Комити“, се најде во германските весници, кои се осврнуваат не само за бруталната жестока интервенција на полицијата, туку и на спорот околу името.

Како што пренесуваат германските медиуми, цитирајќи изјави на присутните навивачи и официјални лица, тоа била катстрофално погрешна проценка на полицијата, која довела до многу повредени, меѓу кои и семејства со деца. Според нив, акцијата е апсурдна и скандалозна и неможат да ги разберат мотивите за ваквата жестока употреба на сила.

Од несоодветната реакција на полицијата изненадени се и преставниците на клубот Шалке 04, а иритирани се и Македонците во Германија.

Според пишувањето на онлајн изданието на „Франкфуртер алгемајне цајтунг“, македонскиот почесен конзул Мирче Филиповски, во првична изјава се чуди за тоа што полицијата во Гелзенкирхен покажувањето на поранешното македонско национално знаме на трибините на фановите на Шалке го осуди како ‘дело на ширење омраза’. Многу Македонци во Германија се ‘ужаснати’ поради тоа“, продолжува „ФАЦ“ во контекст на инцидентот на натпреварот во Гелзенкирхен.

За многумина е чудна ваквата квалификација, посебно ако се знае дека навивачката група УГЕ на Шалке со години негува пријателски контакти со навивачката група „Комити“ на клубот Вардар Скопје. Оттука ништо не е невообичаено, тоа што македонското знаме и транспарентот се вееше во блокот Н. Тоа таму честопати е истакнато и за време на натпреварите од Бундеслигата. Истото се случувало и за време на натпреварот против Олимпијакос Пиреа во минатата сезона, но ваков инцидент не настанал.

За многумина станува загатка мотивот за бруталната и срамна интервенција на германската полиција, која се брани дека сакала да спречи ескалација во блокот на Грците.

Ако се знае дека на трибините на „Велтинс арената“ биле присутни повеќе од 2.000 Грци, меѓу кои биле грчки полицајци во цивили кои биле во постојана комуникација со воите германски колеги, дека таа маса на навивачи многу лесно можела да се контролира и со тоа да се острани можноста од нивно преминување на противничката трибина, тогаш  која е вистинската причина за прекумерната интервенција во блокот Н. И зошто германската полиција не интервенирала кога грчките навивачи употребувале петарди и бенгалски огнови, а интервенирала само кај германските навивачи каде немало никакви заканувачки движења освен македонското знаме.

„Шпигел онлајн“ кој се осврнува на тврдењето на полцијата дека акцијата била неопходна поради сомневање за „ширење омраза“, укажува дека ниту портпаролката на полицијата неможела да објасни што е тоа ширење на омраза. Меѓутоа, како што пренесува „Шпигел онлајн“, според изјавата на висок по ранг полициски службеник, тука не се работи за ширење на омраза бидејќи на транспарентот освен името на македонската фан група ‘Комити Диселдорф’, немало пароли со таква содржина.

Вистински одговор за настаните на фудбалскиот натпревар меѓу Шалке 04 и ПАОК, кога по изравнувањето на резултатот 1:1, германската полиција невлезе меѓу навивачите и употребата на несразмерна сила заради употребата на македонското знаме, засега нема. Но, жестоката пресметка на навивачите од Галзенкирхен со германската полиција само го потврди братството на „УГЕ“ и  „Комитите“, осносно на германскиот и македонскиот народ.

Иако употребата на Сонцето од Кутлеш не е забрането со закон, сега поради блискиот братски однос меѓу македонските и германските навивачи, учесниците во инцидентот стравуваат од консеквенци. Шалке е соочен со казна од УЕФА, а на фановите им се заканува пријави и забрани за присуство на натпревари.

Сите германски медиуми покрај инцидентот на фудбалскиот натпревар, се осврнуваат и на спорот за името меѓу Македонија и Грција.

Најново од: На прво место

Пред преполна сала во ФХЕМ промовирани филмот „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“

Пред преполна сала, на 22 септември во Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите од Македонија се одржа првата промоција на документарниот филм „Македонецот“ и изложбата „Мајко мила“, проект на Петро Алексовски, Македонец кој живее во Полска. На настанот присуствуваа амбасадорот на Република Полска во Скопје, Петро Алексовски, членови на дипломатскиот кор, министри, пратеници, градоначалници и […]

Археологијата поврзана со Александар Македонски открива нови наоди

18 септември 2026 година Новите ископувања во Кралската гимназија во античка Миеза во северна Грција откриваат повеќе за образованието во Македонија во текот на 4 век п.н.е. Локалитетот во близина на модерна Науса научниците го поврзуваат со местото каде што Аристотел го учел младиот Александар и другите македонски кралски наследници. Археолошката гимназија поврзана со Александар […]

Митрополит Григориј: Лажна, заблудувачка и заведувачка презентација на Љубомир Фрчкоски

Пишува: Митрополит Кумановско-осоговски г. Григориј Фрчкоски произнесе колосална манипулација, креирајќи јавно мислење дека „Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ – ОА) не е автокефална Помесна православна црква (ППЦ)“. Тој емитуваше оркестрирана кампања – Lügenfabrik („фабрика за лаги“) – против автокефалноста на МПЦ – ОА, и тоа преку: Погрешни информации (misinformation) – лажни информации создадени […]

Мицкоски со американската воена индустрија – а замислете на масата да седнеше некој од „стратезите“ на СДС

Премиерот на владата на Република Македонија одржа средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД, како и со официјални претставници од американската администрација задолжени за оваа област. Разговарано е за потенцијални инвестиции, проширување на инвестициските планови и ставање на располагање на расположливите ресурси. Нашата цел е преку сериозни и долгорочни партнерства да отвораме нови можности […]

Петрушевски: Со измените во Законот за пратениците се забранува двојно државјанство – лагите на СДС се демантираат

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, во интервју за емисијата „Траги“ на Алсат-М се осврна на поднесените измени на Законот за пратениците, со кои се предлага пратениците да не можат да имаат двојно државјанство. Според него, со ова законско решение ВМРО-ДПМНЕ сака да ги демантира тврдењата на СДС дека пратеници од партијата поседуваат бугарски пасоши. Петрушевски […]

Мицкоски имаше разговорот со Марко Рубио: Македонско-американското стратешко партнерство продолжува да се зајакнува

Разговорот меѓу Мицкоски и Рубио се одржа во Њујорк, а премиерот посочи дека ваквите контакти на високо политичко ниво имаат особено значење за односите меѓу Македонија и Соединетите Американски Држави. Според Мицкоски, директната комуникација со американските партнери претставува можност за размена на ставови за прашања од заеднички интерес, продлабочување на билатералните односи и натамошно зајакнување […]

Струшки книжевни средби – 2026“: Празник на македонскиот пишан збор и книжевноста

На 20 септември се одржаа традиционалните „Струшки книжевни средби – 2026“, меѓународна книжевна манифестација што секоја година ги собира авторите и љубителите на литературата во Струга и Вевчани. Во градот на поезијата, каде што македонскиот пишан збор има длабоки корени и богата традиција, „Струшките книжевни средби“ и годинава живееја во ритамот на литературата, создавајќи простор […]

Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица

Дваесет и први септември е датум што во македонскиот историски и културен календар е поврзан со повеќе значајни личности и настани, а воедно има и особено место во духовниот живот на македонскиот народ. На овој ден Македонската православна црква – Охридска архиепископија го одбележува Рождеството на Пресвета Богородица, во народот познато како Мала Богородица. Според […]

To top