Македонски легенди

Владимир Каваев

vladimir-kavaev

vladimir-kavaevВладимир Каваев (1880 – 1931) е македонски лекар, хирург, учесник во Октомвриската револуција. Бил личен пријател и соработник на В. И. Ленин и работи како главен лекар на Петроградската околија. По враќањето во Македонија, истата година станал градоначалник на Струга (1923 – 1927), каде има особени заслуги за сузбивањето на маларијата.

Владимир Каваев е роден во 1880 година во Струга, во сиромашно семејство. Тој бил второ дете на Фросина и Јаким, син на поп Јосиф Каваев кој бил набиен на колец во село Радожда од тогашните злосторници. По завршувањето на основното четиригодишно училиште во родното место, учи во Охрид, а потоа го продолжува своето образование во битолската гимназија. Уште од мал Владо покажувал посебен интерес кон учењето, меѓутоа материјалната состојба на семејството била лоша, па додека се школува во Охрид и Битола, тој морал истовремено да учи и работи.

Иако мошне млад, Владо Каваев тргнал кон Цариград, како своја крајна дестинација. На пропатување низ Солун, случајно го сретнал Јане Сандански, кој го повел со себе во Неврокоп. По препорака на Сандански, Егзархијата го стипендирала неговото образование на Духовната семинарија во Цариград. Владо кој бил бистро момче, лесно ги изучувал јазиците, и станал полиглота и преведувач.

По завршувањето на семинаријата, како одличен ученик бил испратен на Света Гора. Но, монашкиот живот не го привлекувал и по извесен период повторно се вратил во Цариград. Привлечен од делата на рускиот писател Максим Горки, кој во срцата на обесправените палел револуционерен пламен, Каваев во цариградските списанија објавува статија за него и превод на неговата „Песна за буревесникот“. Поради овие написи, кои го привлекуваат вниманието на цариградската полиција, тој бил уапсен и лежи шест месеци затвор.

Принуден да го напушти Цариград поради својата револуционерна дејност, Каваев прво оди во Бејрут, каде две години се школува во Американскиот медицински колеџ. По затварањето на медицинскиот институт, Каваев во 1909 година заминал во Петроград, каде што завршил Воено-медицинска академија.

Владимир Каваев истовремено се школувал и на Институтот за историја на народите на Блискиот Исток, а по завршувањето на студиите, во 1916 година, го издава својот „Англиско – арапски, персиско – турски речник“.

Во текот на Првата Светска Војна, Каваев работи во воената болница во Петроград, каде во 1916 година се запознал со својата идна сопруга Елена Етингер. По започнувањето на февруарската револуција во Русија во 1917 година, на 4 април 1917 година, Владимир и Елена се наоѓаат меѓу луѓето на железничката станица кои го пречекуваат В. И. Ленин при враќањето од прогонство. Елена била личен пријател на Ленин уште од Швајцарија, каде тој бил чест гостин во домот на нејзиниот брат Адам Етингер.

Владо Каваев станал личен пријател и соработник на Ленин. Во јулските демонстрации тој ги лекува повредените болшевици, а потоа за време на Октомвриската револуција учествувал во уличните борби во Петроград. По Октомвриската револуција, Петроградскиот совет го избира за главен лекар во Петроградскиот округ. Во меѓувреме, Каваев станува претседател на Балканската група на емигранти револуционери, која е блиска на болшевиците.

Со петиција од 5.000 потписи, балканските емигранти бараат од советските власти Владимир Каваев да биде конзул за сите емигранти од Балканот. Ленин го прифатил ова барање, па покрај лекарските обрски, Владо почнал да работи на репатријацијата на емигрантите, односно на извлекување на балканските славјани, но и Грци, кои се затекнале во Русија за време Октомвриската Револуција и Татковинската војна.

Владо станал вистински Месија за балканските емигранти. Успешно ја спровел оваа мисија, а по повеќегодишно отсуство од својот дом и самиот почнал да тагува по Македонија. Иако од Ленин им биле понудени секакви услови да останат во Русија, носталгијата по родниот крај била поголема. По ветувањето дека еден ден повторно ќе се вратат, Ленин им помага на семејството Каваеви да ја напуштат Русија.

Во 1920 година, со својата сопруга, со која стапил во брак на 14 февруари 1918 година, доаѓаат во Берлин, каде Владо специјализира хирургија, а Елена педијатрија. Потоа Владо и Елена Каваеви кратко живеат во Полска и повторно се враќаат во Берлин. Карнегиевата фондација му понудила на Владо големи пари за да ги води извесно време низ Советскиот сојуз. Но, носталгијата кон родниот крај е посилна од сите богатства и титули, па Владимир и Елена Каваеви доаѓаат во Македонија во 1923 година.

На изборите во 1923 година Владимир Каваев е избран за градоначалник на Струга и на таа функција останува до 1927 година. Во тоа време, градот немал вода за пиење, па царувале маларијата и цревниот тифус. Владо и сопругата се зафатиле со изградба на антималарична станица, а со поддршка на тогашната влада и лично учество донеле багер и започнале со исушување на калта, кое беше легло на комарците. Во овој период, во градот биле направени и првите јавни бањи и перални. По направените први чекори во сузбивањето на маларијата, сопружниците извесен период како лекари работат во Албанија.

Во 1927 година, Каваеви се преселуваат во Охрид, каде Владо ги поминал последните години од својот живот. Владо Каваев бил човек со широка култура, човек кој знаел неколку светски јазици и бил вљубеник во археологијата. Меѓутоа, животниот пат на овој голем хуманист и лекар, бил краток. Заболен од рак на грлото, заминал на лекување во Загреб, каде умира за време на операција. Владо Каваев починал на 11 јули 1931 година, во Загреб.

Најново од: Македонски легенди

Драган Богдановски – живот посветен на слободна и независна Македонија

На 18 септември 1929 година во селото Клечовце, Кумановско, е роден Драган Богдановски, починал на 31 мај 1998 година во Данска, на пат од Шведска кон Германија. Подоцна бил погребан во Куманово Драган Богдановски е еден од најистакнатите македонски политички емигранти по Втората светска војна, долгогодишен борец за македонската национална кауза, претседател на ДООМ и […]

Лилјана Чаловска – писателка, борец и учесничка на АСНОМ

Лилјана Чаловска (3 декември 1920, Софија – 20 јули 1997, Скопје) е македонска писателка, учесничка во Народноослободителната борба и општествено-политичка дејка. Била делегат на Првото заседание на АСНОМ и член на Претседателството на АСНОМ, а значајна трага оставила и во македонското новинарство и литература. Лилјана Чаловска е родена на 3 декември 1920 година во Софија, […]

Владислав Ковачев – Македонец до срж, а малку познат меѓу Македонците

„Пет минути од деноноќието ѝ посветувам на маченицата Македонија, за да се соочам со мојата македонска свест и да се уверам дека не е ништо она што досега сум го сторил за неа. Ја сакам Македонија повеќе од сè друго на светот.“ Кој бил Владислав Ковачев? Владислав (Славчо) Михаилов Ковачев е роден на 5 јануари […]

Оскар Давичо – писателот што со перо сведочеше за борбата на партизаните на Маркос

Оскар Давичо е роден на 18 јануари 1909 година во Шабац, во еврејско семејство, а починал на 30 септември 1989 година во Белград. Бил истакнат српски и југословенски писател, поет, есеист, преведувач, новинар, револуционер и учесник во антифашистичката борба. Оскар Давичо потекнувал од сефардско еврејско семејство. Детството го минал во Шабац, а образованието го продолжил […]

Васил Ивановски – истраен борец за македонската национална посебност

Васил Ивановски (18 октомври 1906 – 1991) е македонски национален деец, комунист, публицист и историограф. Во своите трудови ги користел и псевдонимите Динко Динков и Бистришки. Васил Ивановски е роден на 18 октомври 1906 година во костурското село Ловраде, во Егејскиот дел на Македонија, а починал во 1991 година во Софија. Во 1907–1908 година, во […]

Михаил Чаков – војводата што ги зачува светите мошти на Гоце Делчев

Михаил Чаков е роден на 16 март 1873 година во Гуменџе, Егејскиот дел на Македонија, а починал на 17 септември 1938 година во Софија. Михаил Чаков бил македонски револуционер, илинденски војвода, соработник на Гоце Делчев и човекот што ги пронашол, прибрал и со години ги чувал неговите посмртни останки. Михаил Чаков е една од оние […]

Волф Ошлис – „духовен воин“ за македонското прашање ширум Европа и светот

Волф Ошлис (29 септември 1941, Кенигсберг – 18 август 2026) бил германски славист, македонист, политиколог, публицист и еден од најголемите странски пријатели и афирматори на Македонија. Германскиот славист, македонист, политиколог, публицист и универзитетски професор Волф Ошлис повеќе од половина век го проучува и го афирмира македонскиот јазик, историјата и културата. Во време кога македонската посебност […]

Методија Шаторов-Шарло – македонскиот деец чија смрт остана обвиена со тајна

На 4 септември 1944 година, во битката кај Милеви Скали, во близина на Пазарџик, загинал Методија Шаторов-Шарло – македонски комунист, антифашист и национален деец. Иако официјално било соопштено дека бил погоден од непријателски оган, околностите на неговата смрт никогаш не биле целосно разјаснети. Методија Шаторов-Шарло е роден на 10 јануари 1897 година во Прилеп. Уште […]

Најнови вести

To top