Историја

Писмо на Ѓорѓија Пулевски до Деспот Баџовиќ

gorgija-pulevski

„ЈАС УШТЕ ВЕРУВАВ ЗА ШТО СМЕ ТРГНАТИ ДА СЕ БИЕМЕ ЗА МАКЕДОНИЈАТА. СИТЕ БЕВМЕ ГОТОВИ ДА УМРЕМЕ.  ИЛИ СЛОБОДА , ИЛИ СМРТ -ТРЕТО НЕМА”.

(8 јуни 1879 година)

gorgija-pulevski„Предрагиј ми Деспоте,

Преди еден месец видох писмо ут твојот брат Козман и му писах да дујде тука и собери колку се може поголема чета. Тогиз, кога му писах, азе ошче верувах за шчо сме тргнати да се биеме за Македонијата. И не самон азе, тук всите верувахме и бехме готови да мреме; или свобода, или смрт-трето нема. Ама не било така.Едно мислел волкот, а друго увчарот.

Неколку дена напред дјаду владика Натанаил ми даде едно твое писмо. Прочитах го. Ти писуеш, Деспоте, как искаш доброволец и ветиш 1000-2000 доброволци. Тое јет убао и преубао. Ама азе кја ти реча да не идеш сос луѓе ваму, јер овде има нешчо лошо. Тук Болгарите се подигравает сос нас и вртат вода  на своја вуденица заедно сос црнокапецот Натанаила, кујшто е Македонец, ама повеќе тегли на болгарско.

Кја ти кажа, еве сос чети чекаме толкоз време да врвим уф Турцко и се бијаме за нашата слобода, ама не пуштает. Кладоја огон и сега искет поекје тревога пред Јевропа, Еве мојте војници се растурају полека, а и азе немат шчо да чекам.

Ако наистину имеш 1000 до 2000 добоволци, моли сербската влада да помогнит, есапа почиовечни сет. Тугај и јазе сос чета кја дојда, а и друзите кја кренит и вси заедно да удрим на Турчин ут север.

Писмово мое не го давај никуму, да не го најдите црнокапецот Натанаил.

Јави ми да зема со време мерки!

Твој

Георги Пулески, војвода”

Архив Србије-Београд, фонд: Министартво просвете, П. бр. 981/8.ВИ.1879 г.;

– Разгледи, ЏИВ/10 (1972), стр. 1132; Документи…, т. И, док.187, стр 264-265;

Најново од: Историја

20 септември 1944: Во Софија се пишувало за правото на самоопределување на македонскиот народ

На 20 септември 1944 година, во период на крупни политички и воени промени на Балканот, во Софија било објавено пишување во весникот „Отечествен фронт“ во кое се говорело за правото на самоопределување на македонскиот народ и за значењето на АСНОМ. Документот, зачуван во збирка поврзана со Павел Шатев, претставува значајно сведоштво за политичката атмосфера непосредно […]

Дабничкиот масакр: крвавиот 19 септември 1942 кај Прилеп

На 19 септември 1942 година, во месноста Дабнички Завој, меѓу Прилеп и селото Дабница, се случил еден од најтрагичните настани од периодот на Втората светска војна во Македонија – Дабничкиот масакр. Настанот бил кулминација на повеќедневна акција на бугарските окупаторски власти против населението од Дабница и прилепските учесници и поддржувачи на Народноослободителното движење. Дабница – […]

Брз економски развој во Мала Преспа и голем отпор на населението против асимилацијата

Во периодот од 1926 до 1930 година во Мала Преспа бил забележан брз развој, особено во изградбата на нови куќи. Голем број луѓе кои по Грчко-турската војна заминале на печалба низ светот им испраќале значителни суми пари на своите семејства, а кога се враќале во родните села, со себе носеле и голем дел од заштедените […]

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија

Почеток на битките на Александар Македонски во Мала Азија Дел од романот „Александар Велики (Македонски)“ од Улрих Вилкен, во превод и приспособување на Славе Николовски-Катин – I дел Несомнено, како генерал на Лигата, првата должност на Александар Македонски била да ги ослободи античките грчки градови во Мала Азија од персискиот јарем. Меѓутоа, сè што било […]

Мајскиот манифест од 1924 година – повик за обединување и независна Македонија

Мајскиот манифест од 1924 година претставува еден од најзначајните политички документи во историјата на македонското ослободително движење. Во него јасно била поставена целта за обединување на распарчените делови на Македонија и создавање независна и самостојна македонска држава во нејзините природни, географски и етнографски граници. По Балканските војни и Букурешкиот договор од 1913 година, Македонија била […]

Државните граници на Грција и Југославија – „status quo“

Воспоставена власта во Грција и поставена „железната завеса“ на границата кон север По завршувањето на Втората светска војна, 1945 година е карактеристична по многу настани што се случиле во Грција. Особено значајно било потпишувањето на Договорот од Варкиза и преземањето на власта од страна на десницата. Според грчката историографија, 1945 година, особено зимските и пролетните […]

ВМРО-СДРМА – Самостојна Демократска Република Македонија под протекторат на Америка.

ВМРО-СДРМА и идејата Македонија да стане ѕвезда на американското знаме Во годините непосредно по Втората светска војна, група млади Македонци одбила да се помири со поделбата на Македонија и со неостварениот идеал за самостојна и обединета македонска држава. Во Прилеп се појавила ВМРО-СДРМА – организација која излезот го гледала во создавање Самостојна Демократска Република Македонија […]

Македонски историски календар: 9 септември 1944 година

9 септември 1944 – Политички пресврт со значајни последици за Македонците во Пиринска Македонија Во последните месеци од Втората светска војна дошло до големи промени на Балканот. На 5 септември 1944 година Советскиот Сојуз ѝ објавил војна на Бугарија, а советската армија започнала да навлегува на нејзината територија. Во ноќта меѓу 8 и 9 септември, […]

Најнови вести

To top